Спортисти од Африка дошле на Олимпијада и ги снемало – емигрирале


Седумина камерунски спортисти кои дошле на Олимписките игри во Лондон, исчезнале и се верува дека преминале во европските земји.

Како што пренесува Ројтерс, пет боксери, пливач и фудбалерка најверојатно преминале на стариот континет поради економски причини.
„Гласините се испостави дека се вистинити. Седумина камерунски спортисти кои учествуваа на ОИ во Лондон, исчезнаа од Олимпиското село“, изјави шефот на камерунската мисија, Дејвид Оџонг.

Се започнало со резервниот голман на женскиот фудбалски тим Друсилом Нгако. Неколку дена покасно и пливачот Пол Екане Единге исчезнал, заедно со работите од својата соба во Селото.

Минатиот викенд, петмина боксери кои беа елиминирани на Олимпијадата, Томас Есомба, Кристијан Донфак, Адбон Меволи, Блејс Јемпу Мендуо и Серџ Амбомо побегнаа скришум од селото.
Од Меѓународниот олимписки комитет објаснија дека за нивното исчезнување разбрале денеска, а дополнија дека ова не е првпат спортисти од Камерун да дојдат без дозвола на некое меѓународно натпреварување.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1