09/01/2019 17:46
•
Posted by: MK News
Прекината седницата за уставни измени – продолжува утре во 13 часот. Претседателот на собранието Џафери по излагањето на премиерот Зоран Заев ја прекина седницата со цел сите пратеници да го добијат на увид излагањето на Заев. 75. седница за уставните измени, на која пратениците ќе ги утврдуваат предлог – амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI […]
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2019 14:01
•
Posted by: MK News
Во Собранието на Република Македонија денеска почнува финалната фаза од уставните измени. На пленарната седница, според собранискиот Деловник пратениците прво треба да ги утврдат, а потоа да ги донесат и прогласат амандманите на Уставот. За прогласување на амандманите е потребно двотретинско мнозинство, односно за нив да гласаат 80 од вкупно 120 пратеници во Законодавниот дом. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2019 22:29
•
Posted by: MK News
Одземање на дозволата за работа на “Македонијалек”, раскинување на сите договори со компанијата или парична казна од 25-50.000 евра. Според министерот за здравство ова се можните санкции за увозникот на МРП вакцините ако се покаже дека пропустот можел да се превенира. По реакција на родител на социјалните мрежи дека вакцините се со поминат рок, вонредниот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2019 09:40
•
Posted by: MK News
Коледе, леде! паднало греде, утепало деде… На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 10:00
•
Posted by: MK News
Божиќ е највеселиот празник од 15-те големи верски празници и се слави 3 дена. Божиќ се празнува како денот на раѓањето на Исус и се прославува на 7-ми јануари. Овој ден се поминува дома со семејството, не се оди на гости и не доаѓаат гости. На иконите е претставена пештерата во која се Јосиф и […]
______________________________________________________________________________________________________
02/01/2019 17:58
•
Posted by: MK News
Од утре забрана за прием во градинка за сите деца од Скопје кои не ја примиле МРП вакцината. Оваа мерка ја донесоа здравствените власти по ширењето на малите сипаници во речиси сите скопски општини. Прогласија епидемија во главниот град бидејќи изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2019 14:45
•
Posted by: MK News
Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година, а одредени се многу лоши за неа. Додека голем број жители на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2018 12:55
•
Posted by: MK News
Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња, објави Независен. -Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои […]
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2018 12:26
•
Posted by: MK News
На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 19 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навачер. Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода“ со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони. Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2018 23:38
•
Posted by: MK News
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“. -Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:23
•
Posted by: MK News
Од таканаречена заробена држава чувствувам дека станавме и уценета држава. Од надвор не уценуваат соседите, внатре се уценети многу носители на одлуки. Без правда нема вистинско помирување, донесената амнестија е преседан, порача претседателот Ѓорге Иванов. -Не може да ја сакате Македонија а да не го сакате и македонскиот народ, зошто ние да бидеме единствен држава […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:34
•
Posted by: MK News
Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор. Двајцата се осомничени во истрагата на СЈО, „Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Бизнисмените Орце […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 20:42
•
Posted by: MK News
Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна, вели меѓудругото американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото, кое пред неколку дена го испратил до претседателот Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Во писмото, кое е со датум од 18 декември Бејли бара од судии да не ја посочуваат Амбасадата на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 14:54
•
Posted by: MK News
Се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки. Тоа го овозможи денешното усвојување на измените на Кривичниот законик од страна на Собраниската Комисија за политички систем. Според некои толкувања со овие измени обвинетите за такви дела би можело да поминат и со условна казна. Пратениците во скратена постапка во Комисијата за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во дускусија со новинарите, а во врска со иницијативата за закон за пратенички привилегии, објави Макфакс. „Идеја како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Законот за амнестија ги мобилизираше обвинетите и веќе осудените за настаните од 27 – ми април. На адреса на Кривичниот суд пристигнале 38 барања за помилување. Милост освен дел од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок, побарале и оние кои претходно беа осудени на условни казни за насилство. Досега пресуди има за учество во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2018 15:11
•
Posted by: MK News
Во средното стручно и градежното училиште во Ниш од утрово владее молк. Во сообраќајната несреќа кај Ниш настрадаа двајца ученици од овие две училишта. Алекса Д. бил одличен ученик, бил прва година во средното градежно училиште, додека Маријана К. била трета година во средното стручно училиште. Овие две училишта се наоѓаат во ист комплекс и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2018 15:42
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир за 2019 година за нивните заложби и потпишувањето на Договорот од Преспа, пренесува Канал5. Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2016 година Видет Бучамауи утре на официјална церемонија ќе ја објави номинацијата на двајцата премиери за престижната […]
______________________________________________________________________________________________________