13/11/2018 15:30
•
Posted by: MK News
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува во пораката на Фејсбук.
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2018 12:14
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк”, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2018 18:17
•
Posted by: MK News
Граѓаните сами ќе ги плаќаат налепниците во црвена, жолта и зелена боја која ги најави Владата. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, очекува налепниците да придонесат за намалување на аерозагадувањето, бидејќи како што вели транспортот е втор најголем загадувач. Макрадули вели – оваа мерка мора да се воведе со оглед на фактот што во […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Бизнисменот Орце Камчев и неговиот деловен партнер во неколку фирми Цветан Панделевски, инаку сопственик на „Пелистерка”, се дел од приведените по истрагата на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Империја”, пишува „Макфакс”. СЈО соопшти дека за овој случај биле приведени пет лица. Бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се осомничени во истрагата […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2018 13:14
•
Posted by: MK News
Медицинска сестра рано изутрината физички и вербално била нападната од семејство на пациент кој починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Инцидентот се случил пред влезот на нејзиното работно место на одделот за интензивно лекување, а денеска најостро го осудија министерот за здравство Венко Филипче, раководителот на Клиниката, Маја Мојсова, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2018 15:09
•
Posted by: MK News
Гостивар се уште е во тага по смртта на 17-годишната Џехја Меџити, која во понеделникот вечерта се удави во водите на Вардар бегајќи од улични кучиња. Таткото на Џејха ги повика институциите да ги решат овие проблеми, за во иднина да нема вакви случаи. „Овој повик не е отсега, туку од пред 20-30 години. Никој […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2018 08:30
•
Posted by: MK News
Заврши потрагата по девојчето , чие тело беше пронајдено во водите на Вардар без знаци на живот. Како што јавува порталот Гостиварпрес, вечерва околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето , кое беше пријавено за исчезнато. Телото го нашле жителите , а било извлечено од полициските екипи […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2018 19:46
•
Posted by: MK News
Обид за предизвикување на меѓуетнички конфликт се случи попладнево во Тетово, откако навивачката група „Балисти“ со шишиња и камења фрлаа кон кафуле полно со гости. Како што пишуба Инфомакс, „Балистите“ се движеле по еден од тетовските булевари во правец на градскиот стадион во Тетово кога почнале со фрлањето на предмети, камења и шишиња кон кафулето […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2018 16:29
•
Posted by: MK News
Владата воведува прогресивен данок, а како праг на одданочување ќе се зема приходот од 90 илјади денари за што ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Владата образложувајќи ги даночните реформи појасни дека за мнозинството граѓани данокот на доход ќе остане ист, додека околу еден […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2018 22:10
•
Posted by: MK News
Во Уставот ќе се интервенира со четири амандмани, а дел од измените ќе биде и Охридскиот договор. По вчерашната средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“, премиерот Зоран Заев најави дека може да има повеќе од 4 амандмани, зависно од барањата на пратениците. Сепак како и што беше најавено на почетокот на процесот, ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2018 12:21
•
Posted by: MK News
Четирите амандмани што ги подготви владата се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓуанродните стандарди и оти заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на која ги презентираше. „Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2018 21:09
•
Posted by: MK News
Само чудо го спаси словенечкиот сурфер Горан Јабланов , кој во понеделникот , на страшното невреме на Јадранот преживеа и од Умаг стигна во 40 километри оддалечениот Трст. Словенечкиот сурфер Горан Јабланов , кој беше пронајден жив , откако исчезна во невремето , раскажува за својата 25 часовна агонија. Тој е професор по физичка култура […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:32
•
Posted by: MK News
Колку македонски државјани дале мито за незаконски да добијат бугарско државјанство? Овој документ е неопходен за добивање бугарски пасош, а за кој, нашинците, наводно плаќале и до 5 илјади евра. Обвинителството во Софија втор ден ја чешла Државната агенцијата за Бугарите во странство, која се сомничи дека на македонски државјани им издала стотици лажни потврди […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 13:09
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје почна предистажна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави. – Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2018 15:05
•
Posted by: MK News
Во трагедијата која му се случи на Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица, меѓу нив беше и претседателот на клубот. Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште 4 лица Денес со соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентиети, а една […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2018 13:30
•
Posted by: MK News
Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот, не само на другите туку и на Македонија и нејзиното уставно име, го прашува Сашо Мијалков, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.. Мијалков во отворено писмо до лидерот на најголемата опозициска партија бара одговори на прашања поврзани со името на државата, судскиот процес за собраниските настани […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2018 12:40
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:36
•
Posted by: MK News
Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МКД.мк вели дека во контекст на рационализација на трошоците во партијата размуслуваат и за продажба на зградата, во јавноста позната и како Бела палата. – Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или […]
______________________________________________________________________________________________________