29/09/2014 14:09
•
Posted by: MK News
Горан Обрадовиќ (37) наречен Суша, некрунисаниот водач на “крушевачкиот клан“ убиен е ноќта меѓу саботата и недела околу два часот по полноќ пред зградата во која живеел во близина на плоштадот. Обрадовиќ е изрешетан со повеќе куршуми, а злосторството се случи во моментот кога тој излегувал од таксито со кое дошол од центарот на градот. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2014 19:51
•
Posted by: MK News
Секторот за корупција при ОСОСК во соработка со СВР Куманово, во борба против организираниот криминал и корупција вчера (27.09.), по претходна пријава од страна на граѓанин, реализираше случај за коруптивно кривично дело примање награда за противзаконито влијание ,сторено од страна на службено лице В.Б.(38) од Куманово вработен како раководител на Сектор за правни, имотно правни […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Овој возрасен мештанин со многу интересна животна приказна пред 48 години доживеал клиничка смрт, а потоа сиот свој живот го посветил на селото и на помагање на луѓето. Вели дека на сон му се јавила мајката Божја и побарала во Тополче до чешмата со лековита вода да се изгради црква. Но, тоа може да се […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Розалија Ломбардо починала во 1920 година од воспаление на белите дробови кога имала само две годни. Нејзиниот татко го замолил локалниот балзамер, Алфред Салафи да ја мумифицира. Таа почива меѓу илјадници други мумии во Капучин катакомбите на Сицилија, а сепак Розалија најмногу привлекува внимание. Причината е поради тоа што Розалија секој ден ги движи очите. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2014 14:40
•
Posted by: MK News
Во Македонија болестите на циркулаторниот систем (со 57,8 отсто во вкупната смртност), се најчеста причина за смрт. Од 19.000 смртни случаи, 11.000 се од кардиоваскуларни заболувања. Секоја година во Македонија се регистрираат повеќе од 3.000 срцевосадовни заболувања на 10.000 жители, а околу 160 се лекуваат во болница Ова денеска го истакна Елена Ќосевска од Институтот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 13:56
•
Posted by: MK News
Ранка Студиќ, родена во Сараево и нејзиниот сопруг Здравко со години верувале дека нивниот син починал по раѓањето во 1992 година. Со таа помисла живееле се до мистериозниот телефонски повик во кој непозната жена им кажала дека нивниот син е жив и дека е продаден во Швајцарија, пренесуваат босанските медиуми. Ранка никогаш нема да го […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2014 13:49
•
Posted by: MK News
Граѓани се жалат дека добиваат платни налози за адвокати, нотари и извршители без да знаат дека против нив се води постапка Скопјанец неодамна бил непријатно изненаден кога во поштенското сандаче добил известување за платен налог поради сообраќаен прекршок што го направил пред три години. Тој вели дека воопшто и не знаел дека против него се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2014 12:18
•
Posted by: MK News
Понеделник започна со облачност во крајниот југ на земјава, која донесе малку дожд во југозападниот крај. Сепак поголемиот дел од земјава имаше релативно сончево утро. Поголемата промена на времето ја носи ноќта кон вторник, речиси истовремено со започнувањето на календарската есен, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро. Вторник во поголем дел, особено во источниот регион […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2014 18:57
•
Posted by: MK News
Многу солзи, но во исто време и голема радост. По четириесет и осум години Енвер Ѓулшан од Турција, инаку со потекло од Росоман, денеска за прв пат се сретна со својата дванаесет години постара сестра Ѓулиза Идризи која живее во Тетово, пишува Duma.mk Средбата се случи во Росоман. И двајцата плачеа како мали деца и низ […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2014 19:50
•
Posted by: MK News
Истрагата за мистериозното исчезнување на 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска, на барање на македонското МВР и МНР, продолжува во критското Јавно обвинителство. Како што пренесува Утрински весник грчката полиција и натаму го пребарува теренот, презема мерки за пронаоѓање на девојката која до 12 септември работела како помошник во кујна на бродот „Серенисима“ со руски сопственици, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2014 20:20
•
Posted by: MK News
Лименка во фрижидер за длабоко замрзнување е исто како да имате темпирана бомба. Момче од Кина едвај преживеало откако лименката извадена од замрзнувачот му експлодирала, пишува дејли мејл. Момчето има ужасни повреди на лицето откако при експлозијата алуминиумот од лименката се распрснал и како шрапнели му се забоделе во лицето. Веднаш е пренесено во болница […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2014 13:07
•
Posted by: MK News
„Мојата внука не е единствената што е регрутирана во Сирија“ тврди дедото на девојчето што на 15 јули избегало од Македонија. Семејството сакало веднаш да ја алармира јавноста, но по совет на македонската полиција два месеца молчеле за случајот. – За случајот со мојата 15-годишна внука која избега од Македонија во Сирија на 15 јули, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Еден од најинтересните тестови на личноста е тестот за кој се тврди дека го составил самиот Далај Лама, кој ќе ви открие каква личност сте и кои ви се приоритетите во животот иако можеби не мислите дека е така. Пред да почнете да го решавате, треба да замислите конкретна желба. Напомени: Не враќајте се назад. Земете […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Изработувам семинарски, магистерски и докторати, вршам поправка на електрични апарати, компјутери, продавам половни возила, нудам масажи, ѕидарски, молерофарбарски услуги. Лицата што нудат вакви услуги преку оглас без да ја имаат регистрирано дејноста ќе се соочат со казни од неколку илјади евра. Но на тапет ќе биде и фирмата што ги огласува ако не побара документи […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2014 20:37
•
Posted by: MK News
Таткото на 23-годишната Дениса Маркоска, која во петокот исчезнала на брод во Грција, Кире Маркоски сериозно вознемирен бара да се реши случајот, пренесува Утрински весник. – Ми јави пред два дена капетанот на бродот дека ќерка ми исчезнала, веднаш пријавив во полиција, но од тогаш до денеска ништо не е преземено. Барам државата да се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2014 19:59
•
Posted by: MK News
Apple веќе ги истражува фабриките кои се задолжени за производство на делови за популарниот паметен телефон iPhone во Кина, после откритието дека голем број од младите работници заболеле или починале од леукемија, пренесува британскиот Daily Mail. Најмалку 13 работници во рани дваесети години уште од 2010-тата година па наваму заболеле од леукемија во фабриката Foxconn […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 14:45
•
Posted by: MK News
И по 20 години, светиниколци ги мачи дилемата – кој е главниот причинител, нивниот град да е на врвот од несаканата листа на македонски градови по број на заболени и починати од рак на дојка, јавува Канал 5. За едни, тоа е водата од чешмите, но сомнежот е отфрлен со активирање на филтер станицата. За […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2014 13:27
•
Posted by: MK News
Во морето од рецепти за ајвар, еве како да направите ајвар со минимален број на намирници, а ќе добиете фин и кремаст намаз. Потребни состојки: 1кг. Црвени пиперки ½ кг домати 10 гр. Сол 1 дцл. Масло Начин на подготовка: 1.Испечете ги пиперките и доматите, излупете ги и исчистете ги од внатрешноста – печењето може […]
______________________________________________________________________________________________________