Тигрите се најдобри во пукање – Илинденска Стрелба 2012 – Фото


Победниците како награди добија : За прво место МК ПУШКА, за второ место МК ПИШТОЛ и за трето место ФУТРОЛА ЗА ПИШТОЛ.

Автор – Борислав Стоилковиќ

Денес на полигонот Камник-Скопје беше одржан традиционалниот стрелачки турнир „ ИЛИНДЕНСКА СТРЕЛАБА – 2012“ дворачно пукање со пиштоли слободен стил на Македонски начин, во органзација на ГРАДСКИОТ СТРЕЛАЧКИ СОЈУЗ – Скопје, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

На турнирот учество земаа единицата на МВР за специјални задачи ТИГАР, членови на ГСС-Скопје и рекреативни стрелачи.

Првото место во класата на женски натпреварувачи го доби Анета Марковска со вкупно освоени 129 поени, второ место Марина Малиновска со 72 поени и трето место Срна Куновска со 62 поени.

Во класата на натпреварувачи мажи аматери, првото место го освои Новица Зечевиќ со освоени 191 поен, второ место Живко Мирковиќ со 134 поени и трето место Андон Давчев со освоени 128 поени.

Во класата натпреварувачи мажи професионалци, првото место го освоија Ангелко Петровски, Драган Прокоповски и Сашо Тодоров со освоени 199 поени, второто место го освоија Трајче Саботковски и Игор Божиновски со освоени 198 поени и третото место им припадна на Раде Ефтоски и Мартин Гелевски со освоени 196 поени.

Во екипното натпреварување првото место го освои екипата на ЕСЗ-ТИГАР 1 со освоени вкупно 594 поени, второто место го освои екипата на ЕСЗ-ТИГАР 2 со вкупно освоени 584 поени и третото место и припадна на екипата СТРЕЛЕЦ со вкупно освоени 505 поени.

Победниците како награди добија : За прво место МК ПУШКА, за второ место МК ПИШТОЛ и за трето место ФУТРОЛА ЗА ПИШТОЛ.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1