Уапсен градоначалникот на Љубљана и неговите синови


Градоначалникот на Љубљана Зоран Јаковиќ и неговите два сина Јуре и Дамијан се уапсени под сомневања за корупција во врска со еден од најголемите корупциски скандали во Словенија.

Во акцијата уапсени се шест лица, извршен е претрес во куќите на градоначалникот и неговиот син Јуре, како и на уште 21 локација. Неофицијално, истрагата се води околу фирмата „Електа”, чиј основач е Јанковиќ, а сега е во сопственост на неговите синови, а апсењето е поврзано со афера со продажба на земјиште и со изградба на спортскиот центар Стожица, пренесува макфакс.

Словенечките медиуми, јавуваат дека освен имотот на Јанковиќ, полицијата ги претресувала и канцелариите на градската власт, поради што вработените немале пристап до просториите.
Според полицијата истрагата ја води одделот за стопански криминал, по покрената постапка од даночната управа уште пред една и пол година.

Јанковиќ и неговата коалиција „Позитивна Словенија“ освоија најголем број гласови на парламентарните избори во декември минатата година. Јанковиќ, меѓутоа, не успеа да формира влада.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1