Доцна вечерва по големите ветрови кој го зафатија главниот град се запалила сувата трева зад салата Расадник во населбата Кисела Вода.
Пожарот поради ветерот многу брзо се проширил и за влакно е избегнато да ја зафати спортската сала. Веднаш реагирале екипите на противпожарната бригада и пожарот е ставен под контрола, но не е изгаснат.
На местото пристигнала и брза помош бидејќи на некои од жителите на околните згради им се слошило отккао густиот чад навлегол во нивните домови.
Соработник на mknews.mk Борислав Стоилковиќ беше на местото и ви ја пренесуваме информацијата со видео слика и фотографии.