Видео: Новинар на Би-Би-Си ги разоткри џепарошите во Лондон


Новинар од Би-Би-Си преку видео се потрудил да го покаже начинот на кој што „оперираат“ џепарошите во Лондон, со цел да им помогне на сите туристи како би си ги задржале вредните работи.
Во Лондон секојдневно приближно, 1700 луѓе се жртви на кражби, а ваквата бројка расте како што расте и бројот на туристи, кои што се дојдени да ги проследат ЛОИ.
Скотланд Јард предупредува на профсионалните крадци кои што работат во групи, и за кои што сметаат дека доаѓаат од Романија и Јужна Америка.
Истражувањето кое што го направил новинарот од Би-Би-Си ни разоткри дел од крадците кои што претходно на ваков начин одлично заработувале и во Барселона.
Еден од нив му се приближува на туристот и го запрашува за помош про наоѓањето на дестинацијата, а во исто време останатите доста професионално, без да забележи туристот, му ги одземаат паричникот и останатите вредни работи од ранецот.
Со кражбата на новчаникот, мобилниот телефон, лаптоп, и останатите вредни работи, лоповите заработуваат околу 4000 фунти. Украдената роба ја праќаат во Романија каде што ја продаваат на црниот пазар.
Британскиот Скотланд Јард досега уапсил повеќе од 80 улични криминалци, заедно со помош на романската полиција, која што во Лондон нема право да апси. Единствената соработка со британската полиција е да споделува иформации.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1