По повод свеченостите што во рамките на програмата од “Десет дена крушевска република“ утре, четврток – 2 август во Скопје ќе има изменет сообраѓаен режим.
Односно во периодот од 10 до 12 часот затворени за сообраќај ќе бидат следните улици:
ул “Димитрија Чупоски“ – од крстосницата со ул. “Даме Груев“ и ул. “ Васил Главинов“ (од кај Палома Бјанка) до крстосницата со ул. “11 Октомври“.
Потоа, затворена ќе биде и ул. “11 Октомври“ ( кај Собранието на РМ) до крстосницата со булеварот “Кочо Рацин“ (кај зградата на Црвениот крст),
сообраќајот нема да се одвива и по улицата “Васил Аџиларски“ и тоа од крстосницата со улицата “Кеј 13 Ноември“ (кај хотелот Холидеј Ин) до крстосницата со ул. “ 11 Октомври“.