Алармантно: Кампања против фалсификувани играчки во ЕУ


Европска комисија покрена кампања против фалсификувани играчки, кои содржат високо ниво на токсични супстанци, а се продаваат ширум светот. Воглавно се работи за фалсификувани играчки кои што доаѓаат од Кина и кои се опасни по здравјето на децата.


Кампањата се состои во видео материјал, на кој што се гледа анимиран робот, кој ги советува идните купувачи секогаш да ги гледаат „CE“ ознаките на играчките, што значи дека тој производ е во склоп со безбедносните правила на Европската Унија.

Друг совет е оние играчки кои што се лесно кршливи, никогаш да не им се даваат на деца под тригодишна возраст. И да се прочитаат сите предупредувања кои што доаѓаат со таа играчка.

Во соопштението на комисијата се наведува дека повеќе од половината производи, кои што ЕУ ги има означено како опасни, доаѓаат од Кина. Европскиот комесар за индустрија, Антонио Тајани вели дека фалсификуваната роба, со вредност повеќе од 500 милијарди евра, кружи ширум светот.

Фалсификуваните играчки можат да содржат опасно високо ниво на тешки метали и други токсични супстанци.

Тајани ги повика земјите членки на ЕУ да направат позначителни напори за спроведување на европските правила, со цел сузбивање на фалсификатите.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1