06/12/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Припадниците на полициската единица „алфи“ вечерва го уапсиле опасниот убиец, 40 годишниот Јордан Младеновски- Панда кој избега од психијатриската болница Демир Хисар, јавува Пресс 24. За неговото бегство осомничени се двајца психијатри од болницата кои незаконски му дозволиле да ја напушти установата и да излезе на викенд по што тој не се вратил. Претходно, со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република е роден на 18 јули 1918 година и бил револуционерен водач и државник со чии напори е завршен репресивниот режим на апартхејдот во таа земја. Како студент во 1942 година се приклучува на Африканскиот национален конгрес (ANC), организација која се бори за правата на мнозинското црнечко население во Јужна Африка. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Еден средновечен Чех, ограбил банка во Прага, потоа се јавил во полиција дека оди да врати долгови, а потоа самиот си дошол во станица и се предал Средновечниот маж без маска, трпеливо на почетокот на оваа недела си чекал ред во една банка. Кога дошол на ред, на службеникот му дал ливче на кое пишувало […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, и градоначалникот на Виница, Емил Дончев, вчера вечерта биле уапсени на граничниот премин Станке Лисичково / Делчево, откако бугарската гранична полиција во нивниот автомобил пронашла 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки патрони, калибар 22, пишува бугарската агенција „Фокус“, пренесува Плусинфо. Според информациите кои ги објавува бугарската агенција и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 23:41
•
Posted by: MK News
Поранешниот Јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела, и борец против апартхејдот почина во неговиот дом во Јоханесбург, на 95-годишна возраст. Тој се врати од болница на 1 септември во критична состојба откако во болницата во Преторија помина речиси три месеци . Се бореше со серија белодробни инфекции и респираторни болести во последните неколку години. Мандела кој помина […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 19:36
•
Posted by: MK News
Во голем пожар во станбена зграда во Штип, повредени се две лица. Пожарот избувнал во подрум во зграда на улицата „Ванчо Китанов“ околу 16 часот и започнал да се шири нагоре кон становите. На терен веднаш излегле екипи на противпожарната единица и успеале огнот да го стават под конторла. Според официјалните информации, едно машко лице […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 19:13
•
Posted by: MK News
Во Чешка од вечерва се очекува студен бран и ветер, а на планините во наредните денови се очекува да падне и до половина метар снег, јави дописникот на МИА од Прага. Според метеоролозите, во петок, во северниот дел од земјата се очекува ураганот Ксавер, кој денеска создава проблеми над Скандинавија. Силината на циклонот може да […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 16:31
•
Posted by: MK News
Гинекологот Панче Арсов побарал ново судење во Основен суд Велес за случајот смрт на родилката Бојанка Игнова. Тој го темели ова на вештото мислење што го добил од Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Овој документ бил побаран од Лекарската комора на Македонија, а во врска со случајот на родилката Бојанка Игнова, која почина на 3 […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 16:28
•
Posted by: MK News
Од утре на 6 000 правни и физички лица ќе им бидат блокирани жиро сметките поради неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува МТВ. Од вкупно 1426 баратели за долгови од 1998 до 2008 правото да ги платат на рати без камата во рок од 6 месеци, го искористиле половина од нив. “На Фондот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 15:22
•
Posted by: MK News
Царинските службеници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ вчера спречиле обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци. -Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 13:00
•
Posted by: MK News
1. Седење повеќе од неколку часа на ден Ако седите повеќе од 3 часа секој ден, можете да си го скратите животот дури за 2 години. Досегашните истражувања покажале дека ниту редовното вежбање не може да влијае на негативните влијанија од долготрајното седење. Студијата објавена во JAMA Internal Medicine тврди дека доколку седиме повеќе од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Најновите истражувања спроведени во Британија потврдуваат дека флашираната вода е поврзана со појавата на главоболки, мигрена, дебелината, неплодност, па дури и срцевиот удар. Флашираната вода е чест причинител на главоболките и мигрената, а и поранешните истражувања докажале дека водата од пластичните шишиња е поврзана со разни здравствени проблеми како што се дебелината, неплодноста и срцевиот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 12:15
•
Posted by: MK News
По финансискиот колапс во 2008 година, Исланд планира на граѓаните да им ги отпише хипотеките и да ги ослободи од плаќање данок за период од три години. Според планот, на секое домаќинство во земјата, кое има долг за стабен кредит, владата ќе им отпише долг во износ од 24.000 евра. Во оваа земја со само 320.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 12:00
•
Posted by: MK News
Одборот за наука, вселена и технологија со кој претседава републиканецот Ламар Смит, ќе се состане денес на семинар. Уште седум дена преостануваат до крајот на 113-тото заседание на американскиот конгрес. Оваа седмица политичарите ќе ја искористат за расправа околу постоењето на вонземјани и општо за животот надвор од планетата Земја. Одборот за наука, вселена и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Што се можете да правите со неа? – Со неа на пример можете да ја исчистите внатрешноста на микро печката, – Да се “соберат” мирисите од фрижидерот или кантата за смет – Да се отстранат дамки од облека – Да се ослободите од непријатни мириси од обувките. Со нејзината употреба не ја загадува околината како […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 11:30
•
Posted by: MK News
22 – годишната студентка Кристина Спирс се трудела да живее здраво. Вежбала по шест пати дневно, работела како инструкторка по јога и пиела многу вода за да не и дехидрира телото. Кога престанала да чувствува замор и почнала да станува повеќе пати во текот на ноќта за да оди во тоалет не се загрижила. „Бев […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Двајца падобранци загинале во јужна Аризона откако после скокот се судриле во воздух, поради што нивните падобрани не се отвориле правилно и паднале на земја со полна брзина, соопштија американските власти. Сведоци за истражните органи раскажаа дека двајцата падобранци ги повлекле јажињата за отворање на падобраните, кога на висина меѓу 60 и 90 метри над […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Научниците почнаа да тестираат хемикалии кои можат да ги избришат, па дури и повторно да ги напишат сеќавањата на стресни и страшни ситуации, пренесува МИА Потенцијално штетните сеќавања на трауматични настани можат да формираат спомени кои ни го обликуваат животот. Научниците се надеваат дека еден ден ќе можат да помогнат во откривање на медицински третмани […]
______________________________________________________________________________________________________