02/03/2019 19:49
•
Posted by: MK News
Куче од расата „Стафорд“ утринава околу осум часот нападнал две жени во Панчево, Србија. Едната била мајка на сопственикот на кучето, 66- годишна жена, која им подлегнала на повредите и починала, а другата жена се наоѓа во болница. Нападат се случил во дворот на семејството кое го чивало кучето.Кучето ги нападнало двете жени, едната починала […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:44
•
Posted by: MK News
Поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, Филип Рикер доаѓа во понеделник во Скопје. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава. Тој ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:43
•
Posted by: MK News
По завршување на вечерашната средба на СДСМ со коалиционионите партнери, Амди Бајрам изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. -Од вечерва се откажувам од претседателската трка и се придружувам кон заедничката кандидатура. Успеав да соберам преку 10.000 потписи, туку денеска седнавме со премиерот, ради кандидатот се придружувам […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:41
•
Posted by: MK News
Единствената промена која што ја направи СДСМ во изминатиот период е најболната промена за секој од нас, промена на името, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова додека имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј. -Знам дека на нашите дедовци и прадедовци им ги менувале презимињата и во нашиот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:39
•
Posted by: MK News
Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, на средба со граѓаните на Градскиот пазар. -На пазарот владее траорна атмосфера, сите пазарџии се жалат. Сите законски решенија што Владата ги донесе се на штета на пазарџиите, наместо решенија тие понудија одлагања. Ние како партија ќе се обврземе да донесеме законско […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:38
•
Posted by: MK News
Дваесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени во оружен инцидент што се случил ноќеска на влезот од село Шишево, кај Сарај, во кој повредено е уште едно лице. Како што соопшти МВР, ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:37
•
Posted by: MK News
Двете приватни ординации инволвирани во случајот со починатиот пациент од Ресен ќе останат без дозвола за работа. На барање на ДСЗИ заради утврдени неправилности министерството за здравство донело одлука за одземање на дозволите на ПЗУ ”Јанита“ на доктор Звонко Николовски и на ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија “д-р Крсто Митаноски” во Аеродром, потврди за […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:34
•
Posted by: MK News
Имавте спор со Скопје за името, а не за територија, што е многу полесно, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на својот говор на економскиот форум во Делфи, честитајќи го договорот меѓу Северна Македонија и Грција. – Јас, како премиер и министер за надворешни работи на Република Србија ја предупредив ЕУ дека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:32
•
Posted by: MK News
Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, напиша Стево Пендаровски на својот фејсбук профил откако вчера доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција. Посебна благодарност […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 20:54
•
Posted by: MK News
Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21 април. По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат. Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации. Пендаровски беше кандидат на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:50
•
Posted by: MK News
Вчера околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:47
•
Posted by: MK News
Американскиот филмски и телевизиски глумец Лук Пери, најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“, итно е хоспитализиран откако доживеал тежок мозочен удар во својот дом во Лос Анџелес. Засега не е позната моменталната здравствена состојба на актерот, но неговиот портпарол изјави дека Пери се наоѓа под болнички надзор. Телевизиската мрежа Фокс неодамна […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:45
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство на Конго соопшти дека четворица пациенти, кај кои е потврдена ебола, исчезнале по вчерашниот напад на медицинскиот центар во источниот град Бутембо. Тоа беше втор напад на центарот за лекување од ебола во текот на изминатата седмица. Министерството доцна синоќа соопшти дека 32 од 38 пациенти, за кои има сомневање дека имаат […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:44
•
Posted by: MK News
Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања. Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:41
•
Posted by: MK News
Американскиот амабасадор во Скопје, Џес Бејли, денеска си замина од Македонија и дома ќе ги минува пензионерските денови по завршувањето на мандатот во Македонија. Амбасадата на САД утрово го испрати дипломатот. „Ова утро, амбасадорот Бејли официјално ја заврши својата задача во Северна Македонија. Од сите во Амбасадата му се заблагодаруваме за неговата услуга и лидерство […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:39
•
Posted by: MK News
Скоро половина од пратеничките на СДСМ вработиле блиски роднини во државни институции. Новиот список на Антикорупциската комисијата открива дека седум од вкупно 15 пратенички, вработиле членови од семејството. Сопругот на Тања Ковачев, браќата на Симеска-Димоска и Митева-Шуманска, ќерката на Лалчевска, внукот на Фросина Ременски се дел од имињата за кои Државната комисија за спречување на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:37
•
Posted by: MK News
Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот, а неофицијално се удавил. Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека нешто пред 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:36
•
Posted by: MK News
Патот кон Арачиново е блокиран од страна на полицијата поради протест во селото Сингелиќ, информираат од МВР за Прес24. Жителите излегле на протест револтирани поради вчерашната несреќа кога возач со џип прегази две деца на возраст од 9 години. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 12.35 часот на улицата Алија Авдовиќ. Џип „фолксваген туарег”, управуван […]
______________________________________________________________________________________________________