26/07/2018 10:32
•
Posted by: MK News
Скопје лежи на процеп длабок двесте метри – Кои згради први ќе се срушат при земјотрес? Ќе се тресе ли Скопје повторно скоро, треба ли да стравуваме од нов силен земјотрес???? Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:06
•
Posted by: MK News
Скопје градот кој ќе остане запаметен по катастрофалниот земјотрес кој го разруши до темел пред 54 години со себе носи и многу емотивни приказни кои секогаш ќе потсетуваат на големата трагедија што се случила, во пресрет на годишнината од земјотресот и денес споделуваме емотивна приказна која за миг ќе ве потсети на се она што […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:00
•
Posted by: MK News
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 21:01
•
Posted by: MK News
Грчката полиција уапси четворица осомничени за подметнување на пожарите во преградието на Атина, во кои за два дена животот го изгубија над 80 лица, межу кои се и деца, додека повеќе од 180 лица се повредени, а десетина и понатаму се водат за ичезнати. Како што пренесуваат грчките медиуми, четворица од уапсените се на возраст […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 21:00
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија со 100 гласа „за“ ги избра претседателот, потпретседателот и членови на Државната изборна комисија (ДИК). Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:19
•
Posted by: MK News
Катастрофалните пожари во Грција оставија зад себе трагични судбини на луѓе кои не знаат каде се нивните најблиски. Голем дел од пронајдените безживотни тела се јагленосани, па процесот на идентификација на жртвите се отежнува. Од рано утрово, татко на две 9-годишни близначки, преку грчките медиуми бара помош за пронаоѓање на неговите ќерки. Девојчињата биле со […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:13
•
Posted by: MK News
Пејачот Жељко Јоксимовиќ кој со семејство е на одмор во Грција дознал за моменталната состојба во Атина. -Ова е голема трагедија, пред се за семејствата на настраданите, а потоа и за цела Грција. Сега состојбата се стабилизираше, нема повеќе ни чад кој се чувствуваше во целиот регион, Воула и на Глифада. Сепак, се чувствува страв. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:11
•
Posted by: MK News
Деми е пренесена во болница од својот до во Холивуд Хилс, синоќа, за сега не е позната нејзината здравствена состојба. Младата пејачка инаку веќе неколку години се бори со зависноста од кокаин и алкохол. Одреден период дури била и на рехабилитација. Во последните шест години била чиста пишува ТМЗ.
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:09
•
Posted by: MK News
Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Арханѓел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа. Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:05
•
Posted by: MK News
Популарното туристичко место Атика буквално го снема во пожарот кој ја зафати Грција во кој има повеќе од 60 загинати, а се стравува дека бројот ќе расте. Жителите и туристите бегале од пожарот, некои ги проголтале пламените јазици, некои скокале во море, некои се угушиле во чад. Грчкиот сајт „Прототема“ објави исповед на жители кои […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:04
•
Posted by: MK News
Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание. М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатиот било дадено во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:03
•
Posted by: MK News
Маја Авдилбеговиќ (35), ќерка на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ и фронтмен на „Ватрени пољубац“, изврши самоубиство во сараевската населба Језеро синоќа околу полноќ. „Милиќ е надвор од себе и ве молам да имате разбирање“, рече Сузана, сопруга на Милиќ Вукашиновиќ. Музичарот и неговата сопруга последните неколку дена биле во Сараево и во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:00
•
Posted by: MK News
На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:59
•
Posted by: MK News
Спасувачките екипи на југот на Грција го продолжија пребарувањето низ запалените куќи и автомобили во потрага по оние кои се водат како исчезнати. Во пожарите кои ја зафатија областа околу Атина, животот според најновите информации го загубија 79 лица. Еден од спасените е и Никос Ставринидис кои раскажа како тој и неговата сопруга дошле на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:57
•
Posted by: MK News
Македонката Светлана Михајлова (51), која исчезнала на 30 март годинава во Пјаченца, била пронајдена мртва во водите на Јадранското море, информираше италијанската полиција, пренесува НетПрес. Како што пишувавме, потрагата по Михајлова се одвиваше со голем интензитет, а полицијата и медиумите постојано објавуваа нејзини фотографии и контакт телефони на кои граѓаните можеа да дадат било какви […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:57
•
Posted by: MK News
Вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери. Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:54
•
Posted by: MK News
Туристичкото место Мати во Атика, во близина на Атина, е едно од најпогодените во катастрофалните пожари во Грција, во кои според последните информации загинаа најмалку 79 лица. Токму во ова место беа пронајдени 26 јагленосени тела, за кои медиумите објавија дека најверојатно се познавале меѓусебно, бидејќи беа најдени прегрнати во групи. Мати денеска е целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:50
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Како што соопшти Јавното обвинителство, објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој […]
______________________________________________________________________________________________________