04/05/2018 21:25
•
Posted by: MK News
Со помош на анонимен хуман граѓанин на 14 годишниот Игор Геленчев од Богданци кој боледува од тумор на мозокот ќе му биде направена неопходната операција во Турција. Семејството преку социјалните мрежи итно бараше финансиски средства за момчето да замине на лекување зошто состојбата му била критична. Ова е само еден од десетиците случаи кои секојдневно […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2018 21:11
•
Posted by: MK News
Со оглед на тоа дека во недела е големиот празник Ѓурѓовден за кој се поврзани многу обичаи, денеска е важен ден, петокот пред Ѓурѓовден. Денешниот ден е познат како билен петок и треба да одите во природа и да наберете цвеќе, за кое се верува дека денеска има лековита моќ. Се верува дека носат среќа, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2018 12:06
•
Posted by: MK News
Обвинители од романската Национална дирекција за борба против корупција (НДБК) го изведоа пред суд поранешниот вицепремиер и поранешен министер за внатрешни работи, Габриел Опреа, под обвинение за убиство без предумисла. Обвинението е во врска со сообраќајна несреќа од 2015 година во која почина еден полицаец кој бил дел од моторизираната придружба на министерот. Полицаецот Богдан […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2018 12:01
•
Posted by: MK News
Околу 13 часот и 40 минути во Скопје на улица „11-ти Октомври“ автобус на ЈСП број 16 кој се движел во правец кон „Зелен пазар“, во еден момент, бил попречен од патничко моторно возило „Порше“ со гостиварски регистарски ознаки, од кое излегле две машки лица, од кои едното со пиштол, и се обиделе насилно да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2018 11:58
•
Posted by: MK News
Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски. Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан. Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2018 11:46
•
Posted by: MK News
На синоќешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука да се постават двајца портпароли на партијата. Новинарот Наум Стоилковски и доскорeшниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски се новите портпароли на партијата. Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 12:35
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против П.Ѓ. (34) од Македонски Брод поради основи на сомневање дека сторил кривично дело „даночно затајување“. Како што информира денеска МВР, пријавениот во текот на 2016 година занимавајќи се со интернет активности, во повеќе наврати примал уплати од лица од повеќе држави, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 12:31
•
Posted by: MK News
Ќерката на ѕвездата на акционите филмови Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг Чок Лам и нејзината девојка, канадската инфлуенсерка Енди Отом живеат како бездомнички поради хомофобните родители кои не им дозволуваат да бидат заедно. Тие снимиле видео и го поставиле на Јутјуб, а нивната приказна многу брзо стана вирална. Сега за овој случај пишуваат сите светски […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 12:27
•
Posted by: MK News
„Само нè лажат на први ќе земеме, на петнаесетти, а еве уште не ни ги исплатиле платите. Ова е ситуација присутна во најголемиот дел од фирмите во Македонија. Работењето без плата во Македонија стана секојдневие за голем број работници, иако станува збор за кршење на законските одредби. Имено, поред Законот за работни односи (член 109) […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 12:00
•
Posted by: MK News
„Кога ми јавија дека Наѓа полека се гаси, се стрчав во болница за да ја допрам додека се уште е жива – ова за Блиц.рс го раскажува Драгана Петровиќ, мајка на двегодишната Наѓа, која по три месеци борба почина од морбили во Институтот за мајка и дете. Драгана за порталот ја раскажа целата своја тага. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:58
•
Posted by: MK News
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтеровата скала погоди синоќа област во близина на Атина. Нема информации за евентуална штета или повредени, соопштија грчките власти. Епицентарот се наоѓал на 29 км североисточно од Атина, на длабочина од 9,4 км. Потресот се почувствувал во грчкиот главен град и предградија, јавија грчки медиуми.
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:43
•
Posted by: MK News
Вулканите во Африка го цепат континентот на два дела и ја отвараат капијата на пеколот во Етиопија, открија сателитските снимки на НАСА. Се верува дека трите тектонски полочи полека се одвојуваат една од друга, отварајќи дупки од каде излегува големо количество на магма. Најзначајната пукнатина се појави во близина на вулканот Ерта Але – кој […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:40
•
Posted by: MK News
Од септември ќе се оди со намалување на бројот на часови во основното образование, најави вечерва министерката за образование и наука Рената Дескоска. – Од прво до трето одделение бројот на часови ќе биде ограничен на 20, од четврто до шесто на 25, а од седмо до деветто на најмногу 30 часови неделно. Тоа ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:38
•
Posted by: MK News
Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:35
•
Posted by: MK News
Од стан во Скопје вчера се украдени лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит „Сваровски”, во вкупна вредност од 300.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Во полициската станица Бит Пазар Л.С.(47) пријавила дека вчера во времето од 13.30 до 18.05 часот во нејзиниот стан на улицата „Џон Кенеди” од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/04/2018 21:29
•
Posted by: MK News
Организаторите на Лондонскиот маратон соопштија дека еден 29-годишен маж починал пред крајот на трката, на најтоплиот маратон во историјата на британската престолнина. Според извештаите, повеќе од 40.000 маратонци трчале вчера на температура над 23 степени целзјусови, додека во другите делови на Лондон температурите биле повисоки поради топлината од улиците и метежот. Како што велат организаторите, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/04/2018 21:18
•
Posted by: MK News
Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Потрагата по нив е прекината околу четири часот утрово и продолжува денес, изјави за „Коха“ портпаролот на косовската полиција. Според изјавата на косовската полиција, полициското возило минатата ноќ […]
______________________________________________________________________________________________________
29/04/2018 21:12
•
Posted by: MK News
Топло време со температура до 31 степен најавуваат метеоролозите за празничниот ден – 1 Мај. Од УХМР информираат дека времето на 1 мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи […]
______________________________________________________________________________________________________