15/11/2017 12:37
•
Posted by: MK News
Агенцијата за филм како опција денеска понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014. Доставени се првите елаборати за Министерството за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија“, а Владата ќе одлучи што да се прави со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекувањето на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, која боледува од тумор на мозокот. Приходот од продадените билети за симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија, стои во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:31
•
Posted by: MK News
Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:28
•
Posted by: MK News
Вкупно 11 полицајци вработени во Шестата управа во петокот добија отказ поради тоа што не постапувале професионално за време на „крвавиот четврток“ на 27 април во Собранието, а како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, дисциплински постапки се водат против вкупно 70 старешини и се суспендирани 31 полицаец, затоа што како службени лица не […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:25
•
Posted by: MK News
Војската на Зимбабве соопшти денеска дека ги држи во притвор претседателот на земјата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс, како и дека ги обезбедува владините згради и патролира низ улиците на главниот град Хараре. Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:23
•
Posted by: MK News
Македонската проектантска компанија „Тетрактис“ на архитектот Кристијан Јорданов освои гран-при за проектирање на Меѓународното биенале за архитектура во Минск, Белорусија, за проектот Конзервација, реконструкција и адаптација на црквата „Св. Никола“ во Mаврово. Од 9 до 11 ноември во Палатата на уметностите во главниот град на Белорусија се одржа доделувањето награди на победниците на 12. Национален […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:19
•
Posted by: MK News
Татјана Камерон, која целиот регион ја знае како Тајчи, синоќа објави дека нејзиниот сопруг Метју Камерон починал. Долго време Метју се бореше со рак на белите дробови, а пејачката многу пати и јавно побара помош. Тајчи посакала да се прости од својот сопруг по пат на Фејсбук, каде објавила емотивна порака, а фановите изразиле сочувство. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:14
•
Posted by: MK News
Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески, пред три недели го унапредила нејзиниот сопруг како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата. Сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски преходно имал функција на доктор во амбуланта кој вршел прегледи на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:12
•
Posted by: MK News
При пад на мал авион Л-410 на подрачјето на градот Нељкан, Хабаровска област на истокот од Русија, загинаа осум лица, соопшти Министерството за вонредни ситуации во земјата. -Осум лица загинаа, додека едно дете преживеа и е хоспитализирано со тешки повреди, соопшти претставникот на рускиот ресор. Истражниот комитет разгледува три верзии за падот на авионот: лошите […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:10
•
Posted by: MK News
Ексградоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по завршувањето на својот мандат, се врати во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“, но на негово изненадување актуелната директорка Горадана Донеска го прераспределила од салата за интервнции на срце во одделението за срцеви артмии, кое е најниско одделение по хиерархија, каде што се се вршат кардиолошки прегледи. Позицијата што ја добил […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 16:12
•
Posted by: MK News
Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугестии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 16:04
•
Posted by: MK News
Актерот Сашо Коцев неодамна стана татко. Инспириран од Фејсбук групите во кои мајките меѓусебно си помагаат и си одговараат на одредени прашања и самиот тој одлучи да ги замоли сите мајки за помош Статусот кој го напиша за само 20 минути стана вистински хит и собра над 500 лајкови и коментари.Помош веднаш понудија неговите духовити […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 16:01
•
Posted by: MK News
Вчера во 16,15 часот Ч.М.(22) од Скопје пријавила дека на истиот ден околу 16,00 часот на бул.“Кирил и Методиј“ во близина на Трговскиот центар Рамстор била физички нападната од страна на Е.С. од Р.Турција кој што ја повлекол за косата и откако ја бутнал на земја ја удирал со клоци во пределот на лицето и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:57
•
Posted by: MK News
Истрагата за смртта на 62-годишниот Ибраим К. кого Тони Цетински го прегази со возилото, покажала нови моменти. Наодите добиени од обдукцијата се тајни, но српскиот Курир дознава дека мажот дефинитивно лежел на патот кога Цетински во петокот на 3. Ноември поминал со своето возило. Пејачот го удрил со својот Мерцедес, а со предмиот дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:56
•
Posted by: MK News
Работниците да ги пријават работодавачите кои им исплатиле минимална плата, а потоа ги побарале парите назад, апелираше денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната середба со бизнисмените во Стопанската комора на која им беа презентирани активните мерки за вработување за годинава. – Мораме да го документираме ваквото однесување за да се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:52
•
Posted by: MK News
Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар – Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот. Од Клиничката болница во Битола, каде се однесени повредените, информираат дека повредените ученици по укажаната лекарска помош се пуштени дома, а возачот, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:49
•
Posted by: MK News
Вчера лицето С.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот, пред тобако на ул. „Московска“, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер – Ренџер спорт“ со скопски регистарски ознаки. С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција. Во исто време слушнал отворање […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:48
•
Posted by: MK News
Вчера во 10,00 часот во Полициска станица Карпош, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“ од КЗ на РМ бил приведен Х.Р.(58) од Косово. Истиот бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на […]
______________________________________________________________________________________________________