29/01/2019 15:10
•
Posted by: MK News
Српската полиција го уапси 28 годишниот Недељко Ѓуровиќ од Пожаревац , кој во Белград го убил 24 годишниот Милош Милеусниќ. Убиецот признал дека не го познавал убиениот , туку дека цел ден бил на Фејсбук и на Твитер и сфатил дека има беден живот , па решил некого да убие. Се симнал во зградата каде […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2019 14:58
•
Posted by: MK News
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај им испрати писмо со условите за укинување на царините наметнати против Србија и БиХ до сите премиери во светот. Харадинај најпрвин писмото, во кое вели дека е спремен да ги укине царините ако САД и ЕУ иницираат и организираат меѓународна конференција за сеопфатен договор со Белград, кој би подразбирал заемно […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2019 14:45
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се рашири фотографија од близнаци стари пет месеци, како расплакани, во урина, лежат врзани за кревет во болница во Загреб. Бебињата, како што раскажува нивната мајка, во моментов се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести „Фран Михајлевиќ“, пренесе „Индекс.хр“. Момчињата се викаат Фран и Филип, а нивната мајка, Ана Трешчец, изјави дека […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2019 23:05
•
Posted by: MK News
Дваесет и осумгодишник е уапсен за убиството на студентот Милош, син на познат српски хирург, пренесува „Курир.рс“. Убиецот ги вџашил сите со признанието дека го убил Милош оти тој бил првата личност на која наишол. Уапсениот изјавил дека бил нервозен, лут и бесен бидејќи сфатил колку е несреќен и дека неговиот живот е безвреден, па […]
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2019 16:28
•
Posted by: MK News
Поранешениот репрезентативец на ракометната селекција на Југославија, Горан Стојиќ бил пронајден мртов утрово во неговиот стан во Добој, а покрај него имало и пиштол, па најверојатно станува збор за самоубиство. Полицијата добила пријава дека се наоѓа телото на Стојиќ во неговио стан околу 10.20 часот, па по деталната проверка тие пронашле и пиштол, по што […]
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2019 16:24
•
Posted by: MK News
Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица. Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“. Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 22:13
•
Posted by: MK News
Со 153 гласа за, 146 против и еден воздржан грчкиот парламент го ратификуваше преспанскиот догвор. Гласањето помина во тензична атмосфера. Пратениците се изјаснуваа поединечно и со прозивање. СОбранискиот спикер интервенираше неколку пати поради провокациите на пратениците од Златна зора кои гласаа против договорот. Конечно, како што и се очекуваше , клучни беа гласовите на осуммината […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 12:29
•
Posted by: MK News
До Вишиот суд во Лондон се поднесени шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, кои се однесуваат на скандалот поврзан со пензионираниот епископ зворничко-тузлански Василије Качавенда. Како што јави Танјуг, во тужбите, што ги поднеле шест жртви на сексуалното насилство, се посочува дека за овој „деликт не е одговорен сторителот лично, туку СПЦ […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 12:23
•
Posted by: MK News
Остри критики до Комунистичката партија на Грција, поради актуелната позиција против Договорот од Преспа испрати грчкиот премер во неговиот говор во Парламент и ги потсети на нивната историја. – Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 12:19
•
Posted by: MK News
Во грчкиот Парламент почна третата и последна расправа на пленарната седница за ратификација на Договорот од Преспа. Според вчерашната одлука на претседателите на Парламентот, гласањето планирано е да се одржи во 14.30 часот по локално време, меѓутоа можно е да задоцни, со оглед на тоа дека на денешната седница збор ќе земат 96 пратеници, а […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 12:03
•
Posted by: MK News
Во Атина и Солун додека во грчкиот парламент се одржуваше седница за ратификација на Договорот од Преспа, голем број граѓани протестираа. Протестите преминаа во насилство, при што и полицијата мораше да интервенира. На протестот во Атина беше запалено и македонското знаме од страна на демонстрантите, а грчките медуми јавуваат дека во Солун низ улиците се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 11:58
•
Posted by: MK News
Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на Договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2019 13:00
•
Posted by: MK News
Еден албански државјанин кој повеќе од 25 години се наоѓа во процес на приватизација на својот имот, овие денови на интернет објави снимка за понудата која му ја дала една службеничка во министерството за финансии на Албанија. На снимката која овие денови се појави, се гледа како службеничката Мона Аликај му нуди помош, но не […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2019 12:56
•
Posted by: MK News
Бугарија ќе ја укине програмата што овозможува богати странци да добијат држјванство во замена за одредени инвестиции. Од тамошното министерство за правда соопштија дека програмата не придонела да се отворат нови работни места и не е забележан економски раст. За 5 години само 4 странци се стекнале со бугарско дравјанство во замена за инвестиции. Покрај […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:58
•
Posted by: MK News
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на својот фејсбук профил објави видео до граѓаните во кое вели дека мора да се дознае вистината за Преспанскиот договор. Ципрас вели дека е дојдено време за се дознаат фактите за Преспанскиот договор. ,,Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата покраина Македонија. Го надминуваме стравот и инерцијата , со гордост и отвораме […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:45
•
Posted by: MK News
Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен. – Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:31
•
Posted by: MK News
Во актуелната грчка кампања за толкување на придобивните на Договорот од Преспа, на интернет страницата на грчкото Министерство за надворешни работи се одговара и на неколку најчесто поставени прашања. Едно од тие прашања е: Дали ние ја признаваме „македонската нација“ и „македонскиот јазик“? Одговорот на Грција е – не. Еве го во целост одговорот на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 15:59
•
Posted by: MK News
Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето ќе биде во четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација […]
______________________________________________________________________________________________________