Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Загина 15 годишно девојче во сообраќајка кај Струмица

Петнаесет годишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница. Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот. […]

______________________________________________________________________________________________________

Мртов маж најден на паркинг во Ново Лисиче

Тело на мртов маж е најдено на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче, информира телевизија Телма. Телото е откриено во 17.15 часот. Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места.Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда. Полицајци пристигнаа на терен и се очекува и крим техника […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец преку Фејсбук се заканувал на пратениците, ќе добие кривична

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје повикале 49-годишен скопјанец на разговор затоа што преку Фејсбук ширел ксенофобичен материјал и ја загрозил сигурноста на пратениците. Станува збор за објави во последните неколку денови, а скопјанецот на разговор во полициска станица бил повикан вчера. Одземени се […]

______________________________________________________________________________________________________

Две Бугарки уапсени кај Сити Мол заради кражби

Завчера во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата пукала во воздух за да расчисти тепачка во Тетово, четорица приведени

Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца 17- годишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември“ во Тетово, информираа од СВР Тетово. Според полициските податоци тепачката била пријавена половина час по полноќ од страна […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановец се обидел да прошверцува Косовка во багажникот на неговиот „Мерцедес“

Вчера околу 16 часот на Граничниот премин – Долно Блаце, на влез во Р. Македонија, по извршена царинска контрола, во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С. (23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л. (19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор […]

______________________________________________________________________________________________________

Се запали казино во Центарот на Скопје

Пожар избувнал во слот апаратите на казиното Сенатор во Центар, јавува Сител. Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета. Спој во електричната инсталација, кој се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, е причината за избувнување на пожарот […]

______________________________________________________________________________________________________

Возило на Брза Помош се преврте на Плетвар – Во возилото биле 3 лица, еден пациент

Возило на итната медицинска помош од Прилеп вчера попладне околу 16 часот се преврти на превојот Плетвар во близина на каменоломот. Според првичните информации кои ги соопшти директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, најверојатно до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на […]

______________________________________________________________________________________________________

Куче нападна жена на „Партизанска“

Вчера во 17 часот и 30 минути во Полициската станица Карпош 52- годишната Е.Ј од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар “Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на 38- годишниот З.Д од Скопје во пределот на десната надлактица. Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истиот ден нешто подоцна во 18 […]

______________________________________________________________________________________________________

Несреќа на автопат – грчко „БМВ” удри во камион што растурал сол, две деца повредени

На автопатот Миравци – Демир Капија синоќа грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол. – На 03.01.2019 година во 20.00 часот на автопат Миравци – Д.Капија, после тунел Т2, на место викано „Јаворица“ случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Икс3“ со грчка национална ознака управуван од С.Г.(45) од Атина […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот на угостител во Кичево се обидел да силува и стружанка

Убиецот на сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево и уште едно лице се осомничени за обид за силување и разбојништво во Струга. СВР Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „силување во обид“ и „разбојништво во обид“, криминалистичката полиција при полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднела […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата приведе едно лице за убиството на сопственикот на „Гурман“ во Кичево

Едно лице доби кривична пријава поради основано сомневање дека на 29 декември го убило сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево. -Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа, соопшти […]

______________________________________________________________________________________________________

Осум пожари во Скопје за новогодишната ноќ

Осум пожари се регистрирани на територијата на Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово. Повредени нема, причинета е само материјална штета. „Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска“ во општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во […]

______________________________________________________________________________________________________

Масовна тепачка на новогодишна ноќ во Охрид

Седум лица учествувале во масовна тепачка што утрово се случила пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Освен ова нарушување на јавниот ред и мир, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оцени дека новогодишната ноќ поминала генерално мирно на цело подрачје на овој сектор за внатрешни работи. Тој информира дека во 4 часот и 30 […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобус удри жена во Скопје

Жена претпладнево е повредена кога во неа удри автобус кај Железничката станица во Скопје. Сообраќајката, како што изјавија од МВР, се случила на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ на потегот од Железничката станица кон Аеродром. Повредената жена, која според првичните информации, има околу 50-тина години, е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Вечерва убиен маж во Кичево – газда на ресторан избоден до смрт

Убиство во Кичево. Според информациите од МВР околу 17 часот во полициската станица во Кичево било пријавено дека во угостителскиот објект ,,Гурман‘‘ лоциран на улицата ,,Борис Кидрич‘‘ бил пронајден прободен со нож сопственикот на објектот на возраст од 64 години од Кичево. Смрт била констатирана од итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски […]

______________________________________________________________________________________________________

Долг од 300 евра- причина за убиството во Ѓорче Петров?

Според најновите неодицијални информации на Пресс24, 38-годишниот скопјанец Ненад Добраниќ синоќа завршил со прострелна рана во главата, откако во него пукал пријател поради наводен долг од 300 евра. Соседите и пријателите на убиениот Ненад се во шок и велат дека тој добро се познавал со убиецот кој бил возач во едно од јавните претпријатија. Полицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за ликвидацијата во скопската населба Даме Груев, еден приведен

Скопјанецот Д.Н. (38) е пронајден вчера во 21.30 часот како лежи без знаци на живот на ул.“Шарпланинска“ во населба Даме Груев во Скопје. Според информации од МВР до лицето имало возило “Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65). Полициски службеници и јавен обвинител синоќа излегле […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1