12/07/2018 10:38
•
Posted by: MK News
Четири лица од кои едно потешко се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“. Во несреќата учествувале „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2018 09:00
•
Posted by: MK News
Пешак е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Климент Охридски во Скопје.Граѓанска новинарка испрати фотографија од тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Соборен храм, околу 20 часот. Полицијата веќе беше пристигната на местото на несреќата. Според очевидци, пешакот стоел покрај коловозот и најверојатно чекал […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2018 23:46
•
Posted by: MK News
Причината за пожарот сеуште не е утврдена, но извори на истрагата за канал 5 велат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација. Од против пожарната служба велат дека пожарот бил пријавен во 18 часот, а на местото на настанот интервенирале со 3 возила и 6 пожарникари, а пожарот брзо го ставиле под контрола. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2018 20:24
•
Posted by: MK News
Млада девојка од Кочани преживува хорор, 46-годишен маж и се заканува. Како што стои во билтенот на МВР, вчера година во 20,30 часот во Полициската станица Кочани 20 годишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување, од страна на М.Л.(46) од Кочани во неколку наврати, со сериозна закана […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2018 14:30
•
Posted by: MK News
Шетањето покрај реката Треска завршило кобно за 31. девојка од Приштина. Според инфорамациите на МВР вчера во 16.55 часот, телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје, граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Претепани мајка и ќерка. Како што информитаат од МВР, вчера во 12.45 часот. телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје од Ургентен центар Скопје е пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото, и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:32
•
Posted by: MK News
Дваесетгодишниот Никола Саздовски од скопската населба Кисела Вода, кој беше претепан и избоден со нож од страна на, барем за јавноста непознати лица, се наоѓа на КАРИЛ во животно загрозувачка состојба. Иако противправниот напад се случил пред четири дена, сомнежи во јавноста предизвикува фактот да настанот не се најде на ниту еден од дневните билтени […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 11:01
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност. – Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 15:15
•
Posted by: MK News
Камион Сканија со скопски регистарски ознаки се преврте на магистралниот пат А2, Крива Паланка -Куманово, кај село Псача. Според податоците од СВР Куманово, сообраќајната незгода е пријавена во полиција во 12 часот и 20 минути. – Со товарното моторно возило управувал М.С., роден 1961 година. Движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово, од […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 15:13
•
Posted by: MK News
Во Клиниката за гинекологија вчера попладне бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна. Лицата како што информираат од МВР од размениле удари со раце и нозе во пределот на главата и телото. Сочинети се четири записници за констатиран прекршок по […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 11:16
•
Posted by: MK News
Обид за киднапирање во Скопје, полицијата трага по насилниците. Како што информира полицијата, завчера во 23,50 часот во Полициската станица Чаир С.Г.(19) пријавила дека истиот ден околу 21,30 часот додека се движела по улицата “Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица. Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2018 12:26
•
Posted by: MK News
Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица. Вчера и во текот на ноќта момчето Н.С не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега непознати лица. Непознатите излегле од автомобил Мерцедес и го нападнале […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2018 23:51
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “противправно лишување од слобода“, “насилство“ и “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 13.06.2018 година околу 11,00 часот во Скопје во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на одделението за хематологија, пријавениот им упатувал […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2018 23:37
•
Posted by: MK News
Кучињата скитници продолжуваа да напаѓаат низ Скопје. Според информациите на полицијата, утринава во 04.00 часот во Полициската станица Центар, М.Б. (22) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 01,10 часот на улицата „Партение Зографски“ била нападната и касната од куче при што се здобила со повреда на десната нога. И вчера во Полициската станица Гази […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 22:08
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против И.Ц.(44) од Штип за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од април до јуни минатата година, во Штип во домот на Ц.К., пријавениот во повеќе наврати, барајќи парични средства за лекување на ќерката на Ц.К., од истата зел вкупно 348.500 денари.
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 22:05
•
Posted by: MK News
На 26.06.2018 година во 15:40 часот во полициската станица Центар М.Ј.(31) пријавил дека истиот ден околу 08:30 часот додека се движел со велосипед на улица „Македонија“ бил нападнат од кучиња-скитници и едно од нив го каснало во пределот на десната подколеница.
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 11:36
•
Posted by: MK News
Возачот на комбето кој ја предизвика сообраќајката во која загинаа двајца мигранти сеуште е во бегство. Од полицјата информираа дека интензивно работат на случајот, но во интерес на истрагата не соопштуваат повеќе информации дали е познат идентитетот на лицето кое го управувало комбето Ивеко со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале 23 – ца […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:34
•
Posted by: MK News
Денеска во 09.50 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, управувано од П.С. (44), вработен во МВР на РМ и седумгодишно момче, информираа денеска од СВР Куманово. По незгодата детето било пренесено во болницата во Куманово […]
______________________________________________________________________________________________________