25/10/2017 15:58
•
Posted by: MK News
Во селото Облешево вчера во 17 часот и 30 минути телефонски било пријавено дека во пицери, 44-годишниот Т.Ј.од селото во разговор со присутни гости рекол дека ќе го спречи најавениот митинг на политичката партија, заканувајќи се дека ќе фрли бомба. Се заканувал пред сите дека ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2017 14:13
•
Posted by: MK News
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален, Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Како што информира МВР, во неделата на 22 октомври околу 4:50 часот во хотел лоциран на улицата „Титовелешка“, во Скопје, пријавениот се обидел […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2017 20:28
•
Posted by: MK News
На излез од село Кривогаштани, прилепско, кон село Крушеани, вчера околу 15 часот В.П. (28) од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи во нива, се здобила со повреда во вратот од огнено ловечко оружје. Таа во контактибилна состојба, со возило на Итна медицинска помош, била пренесена во Медицински центар Прилеп. Увид на местото на настанот извршила […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2017 20:25
•
Posted by: MK News
Детали за трагедијата во која загина 18-годипна битолчанка. Според информациите на МВР, на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Тополчани, вчера околу 11 часот се случила сообраќајна незгода во која О.М.К. (38) од Битола, управувајќи патничко возило „Фиат Браво“ со битолски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубила контрола над возилото […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2017 15:11
•
Posted by: MK News
Осумнаесетгодишна девојка од Битола загинала во сообраќјна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, извести МВР.Девојката била совозач во „фиат браво“ кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. „Бравото“ излетало од патот во близина на селото Тополчани. Во сударот починала 18-годишната девојка, додека жената возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2017 14:59
•
Posted by: MK News
Вчера околу 12.30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:44
•
Posted by: MK News
На банкомат на булеварот Видео Смилевски Бато во скопската општина Аеродром биле вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор. Додатоците ги приметил граѓанин додека вадел пари од банкоматот по што пријавил во полицијата. По проверката од претставник на банката било потврдено дека се работи за нелегално поставени додатоци. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:41
•
Posted by: MK News
Две непознати лице ограбиле 15-годишно момче на булеварот Партизански Одреди во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 18.45 часот во полициската станица Карпош, И.T. (39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.20 часот на автобуска постојка на булевар Партизански Одреди две непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 15-годишен син. Сторителите го пресретнале и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:35
•
Posted by: MK News
Шест годишно девојче е тешко повредено откако во истото удрило автомобил „Рено“. Несреќата се случила вчера околу 8:45 часот во Штип на крстосницата со улиците „Черења“ и „Косовска“. Триесет и две годишниот К.Т. од Штип управувајќи го возилото удрил во девојчето кое се здобило со тешки повреди и било пренесено во штипската болница. Поради сериозноста […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:34
•
Posted by: MK News
Маж се бори за живот откако се обидел да спречи поголема трагедија во кумановската населба Карпош, кога деца во движење ставиле камион. Од полицијата информираат дека настанот кај нив е пријавен во саботата околу 15,35 часот. Имено, две десетгодишни деца братучеди, влегле во паркирано товарно возило „там“, по што едно од децата го притиснало квачилото, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:34
•
Posted by: MK News
Во петокот вечерта во два часот по полноќ, во полициска станица во Скопје било пријавено дека десет непознати лица, брутално претепале државјанин од Република Турција, со привремено сместување во Скопје, пишува во соопштение од полицијата. Инцидентот се случил на улицата „Кеј 13-ти ноември“, каде Р.Џ.Ј бил физички нападнат, поради расправија во врска со девојка. Р.Џ.Ј […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2017 16:33
•
Posted by: MK News
Дваесетидеветогодишно момче од Тетово изчезнало од аеродромот во Скопје без никаква трага. Според полицијата, синоќа во 23 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово, 57- годишниот А.Б од Тетово пријавил дека на 19 месецов, околу 09.00 часот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје, со авион од Сојузна Република Германија пристигнал неговиот син 29- годишниот А.Б по […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2017 17:28
•
Posted by: MK News
Четириесет и тригодишна скопјанка била измамена во нејзиниот дом кога гатачка ѝ го зела семејното злато и побегнала. Според полицијата, настанот бил пријавен вчера во 12,30 часот во Полициската станица Гази Баба. М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10 часот била измамена од непозната жена, која ѝ нанела штета од 60.000 денари. Жената […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:47
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Р.Р. (75) вчера попладне бил пронајден мртов во апартман во хотел Лаки во Скопје. Од полицијата информираат дека според првичните информации на безживотното тело на скопјанецот не се забележани траги на насилство. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:43
•
Posted by: MK News
Маж се претставил како инспектор од МВР и киднапирал девојка во Скопје, со насилници ја однел во хотел. За овој настан, СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П. (33), Т.П. (31) и А.Б. (31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. Како што информираат од МВР, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Дваесет и петгодишен пробиштанец силувал 11-годишно девојче, кое претходно го запонал фејсбук, информираа од МВР. Според полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С. (25) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот во текот на летото 2017 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Полициско возило удри во велосипедист во Центар, пред ЕУ-инфо центарот. Неформалната група „На точак“ објави фотографија на „Фејсбук“ на која се гледа превртен велосипед на пешачки премин. „На семафорот пред ЕУ-инфо цента, полициско возило удри во велосипедист на пешачки премин. Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:28
•
Posted by: MK News
Тригодишно дете од струшкото село Ново Село починало, поради тешки изгореници, кои ги добило во пожар кој избувнал во семејниот дом. Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, во семејниот дом на 32-годишниот Г.И. од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која […]
______________________________________________________________________________________________________