Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Струмичко: Прегазил пешак и го оставил да умре на патот

Вчера рано утрото околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Банско, на излез од с.Куклиш, се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А.(72) од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукано кон советник на Заев од возило во движење

Рано изутрината во неделата на улицата „Антон Панов“ во општина Кисела Вода од возило со движење биле испукани неколку куршуми, по што возилото со голема брзина го напуштило местото. „На 05.11.2017 година во 05,18 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведени двајца сниматели поради неовластено снимање пред Судот

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред објектот на Судот, биле приведени М. И. (29) од Скопје – снимател од една македонска телевизија и Б.У. (35) од Косово – снимател на телевизија од Косово.Во координација и по насоки на Јавен обвинител, по извршениот разговор – лицата се пуштени. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепано 15-годишно момче во Автокоманда

Вчера во 11.45 часот, Т.Т. (47) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 01.11.2017 година околу 19.00 часот на автобуска станица на бул. „Александар Македонски“, од страна на три непознати лица физички бил нападнат неговиот 15-годишен син. Непознатите лица го удриле неколку пати со тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му нанеле […]

______________________________________________________________________________________________________

Нападнати чичко и внук во Аеродром

Рано утрово во 03.30 часот, Н.Б. (33) од с.Негорци, гевгелиско, пријавил дека навчера околу 23.30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од с.Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица. Според пријавеното, напаѓачите ги удирале со тврди предмети , боксови и клоци […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден мртов маж во апартман во Скопје

Четириесет и четири годишниот М.М. од Италија вчера попладне бил пронајден мртов во изнајмен апартман во Скопје на улицата „Томе Арсовски“. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. На телото на починатиот немало видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на Италијанецот ќе биде предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајна несреќа кај Велес – повредено четиригодишно дете

Четири годишно дете се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 8 часот и 50 минути се случила на магистралниот пат Велес-село Извор. Според информациите од полицијата во несреќата учествувале автомобил „Фиат Пунто“ управуван од 33-годишниот Т.М. од село Горно Јаболчиште и автомобил „Митцубиши“ управуван од 26-годишниот М.С. Во несреќата со тешки […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановец го убил пријателот па го фрлил во бунар – ќе лежи 8 години

Денес Основниот суд Куманово донесе пресуда со која се казнува со 8 години затвор Даниел Д.(30), кој го убил Бојан Илиевски (31), а потоа го фрлил во бунар на периферијата на Куманово. Убиството според обвинителството се случило на 26 јуни минатата година по полноќ, кога двајцата другари Даниел и Бојан, по посета на неколку угостителски […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник од „Идризово“ почина на скопските клиники

Шеесет годишниот П.Ј. од Скопје, затвореник од КПУ „Идризово“ починал ноќеска во Арестанското одделение во Клиничкиот центар.Од МВР соопштуваат дека затвореник боледувал од рак на грлото. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: „Шевролет“ се забил во дрво во Дебар Маало

Автомобил „Шевролет“ со странски регистарски таблички, утрово со неконтолирана брзина се забило во дрво на улица Орце Николов, пред зградата на ПУИК во Дебар Маало. Дел од жителите на населбата на социјалните мрежи коментираат дека биле разбудени од силината на ударот Foto – SITEL.MK

______________________________________________________________________________________________________

Манијак од Радовиш фатен на дело додека се обидувал да силува девојка

Дваесет и едногодишен радовишанец доби 30 дневен притвор, откако на лице место бил фатен од полицаец додека се обидувал да силува струмичанка. Како што информираат од МВР, во полициската станица во Струмица било пријавено дека од почетокот на февруари па се до овој месец, во вечерните часови манијак ги напаѓал жените и се обидувал да […]

______________________________________________________________________________________________________

Филмско грабнување во Скопје: Му ставиле вреќа на глава и го претепале

Од полицијата соопштуваат дека вчера во 23:55 часот во полициската станица во Драчево, Б.К. телефонски пријавила дека нејзиниот внук К. Б. (20) од с. Батинци, истиот ден околу 22:20 часот тргнал пеш од с. Љубош и на околу 50 метри пред неговиот дом застанало возило од кое излегле неколку лица кои му ставиле вреќа на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ограбена битолчанка додека вадела пари од банкомат

Непознат сторител вчера утрото нападнал битолчанка додека вадела пари од банкомат, ја турнал и и го одзел паричникот во кој имало 5.000 денари, по што избегал. Битолчанката Д.Ѓ.(41) на вториот кат од Новиот пазар вадела пари од банкомат, а сторителот и пришол од зад грб, ја турнал и од рака и го грабнал паричникот во […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Скопје: Мајка избоде маж кој претходно бил во врска со нејзината ќерка

На 27.10.2017 година околу 00.15 часот на ул.„Њу Делхиска“ во Скопје, А.Н. (42) од Скопје со нож му нанела убодна рана на И.И. (37) од с.Сарај. Причина за настанот е претходна расправија која И.И. ја имал со нејзината ќерка К.Б., со која претходно бил во љубовна врска. Тој со возило бил пренесен во Градската општа […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци уапсени во обид да шверцуваат хероин вреден 100.000 евра

Тројца македонски државјани се во притвор, откако во вторникот, на граничниот премин во Славонски Брод се обиделе да прошверцуваат речиси 6,5 килограми хероин, информираше денеска бродско-посавската полиција. Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на над 100.000 евра. При граничната контрола, полицијата во вторникот во 19 часот се посомневала во веродостојноста на возачката дозвола […]

______________________________________________________________________________________________________

Разбојник со фантомка ограби експозитура на „Стопанска банка“ во Аеродром

Вчера околу 11.30 часот во Скопје во населба Аеродром во експозитура на “Стопанска Банка“, засега непознато лице маскирано со фантомка, со закана со пиштол од пултовите на вработените одзело неутврдена сума пари. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

______________________________________________________________________________________________________

Низ цело Скопје поставувал скимери на банкоматите и крадел пари од кредитни картички

Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по член 271-б […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за трагедијата во која загина алпинист во Демир Капија

Чешки алпинист загина кај Демиркаписката клисура, качувајќи се на карпа. Тој паднал од висина од околу 20 метри при што се здобил со тешки телесни повреди. Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека се случила несреќа во која загинал 71-годишниот С.П. од Дечин, Република Чешка. Несреќата е пријавена вчера околу 12 часот во полициската станица […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1