Archive | Македонија RSS feed for this section

Петок и понеделник неработни денови

Велики Петок или петок пред Велигден, кој годинава се паѓа на 18 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделникот после тој викенд, на 21 април е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Овие денови се неработни согласно Законот за празниците на Република Македонија, додаваат од Министерството.

______________________________________________________________________________________________________

Зошто изгуби СДСМ – Фејсбук ,,не ги навредувајте тие од кои барате да гласаат за вас“

Статуси на социјалната мрежа Фејсбук посветени на изборните резултати од првиот круг претседателски избори – M.M Луѓе, не ги навредувајте тие од кои барате да гласаат за вас или за вашиот кандидат. Ако нешто го упропасти СДСМ тоа е синдромот на аристократија, на чувството дека се дадени од Бога и предодредени да владеат, без оглед […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте: Т-Мобиле предупредува на телефонска измама!

По зголемениот број спам како повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22, +21 и +29, Т-Мобиле ги советува корисниците да не бираат повратно на тие броеви затоа што ќе имаат несакани трошоци. Пораките кои циркулираат се обично со содржината „имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“. Од Т-Мобиле денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Без 400 евра во џеб не помислувајте на генералка – кречење, перење теписи…

Без 400 евра в џеб воопшто не почнувајте да планирате пролетно реновирање на станот. Сумата ви е потребна ако ангажирате молери, перете теписи и правите генералка. Ако, пак, решите сами да молерисувате, боите врати и прозорци и сами си ги перете килимите, доволни ќе ви бидат и 150 евра помалку. За да купите поликолор, длетарки, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ве боли глава без причина, мачнина по јадење – храна третирана со јонизирачки зраци

Спречува да ’ртат житните култури, ја отстранува салмонелата од јајцата, ги уништува токсините кај морската храна, кај овошјето и зеленчукот ги зачувува бојата и вкусот, го продолжува рокот на траење на храната. Ова е само дел од моќта што ја поседуваат јонизирачките зраци. Во светот само дел од храната се третира со јонизирачко зрачење. Дали […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР на екран во живо ќе ги лови криминалците и следи акциите на специјалците

МВР на екран ќе има слика за безбедносната состојба – од видеопренос во живо на акции на специјалци и нивната точна позиција на терен, преку видеонадзор на границата до случувањата на најфреквентните места во најголемите градови. Проектот „Дигитална полиција“ обединува неколку проекти кои се во тек во интегриран систем, преку кој МВР ќе има слика […]

______________________________________________________________________________________________________

Летово со воз од Скопје до Солун за 20 евра

Македонските граѓани во текот на летните месеци ќе можат да одат на шопинг во Солун со воз. Според пишувањата на грчкиот весник Имерисиа, на двете релации секојдневно ќе сообраќа по еден пар возови, по пониски цени во однос на автобускиот превоз. Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во периодот околу 5 часот наутро, додека […]

______________________________________________________________________________________________________

Од вторник заладување, пороен дожд, грмежи и ветер

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени. Од вторник попладне се очекува промена на временската состојба. Ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и нагло опаѓање […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски и Иванов – Народот покажа што поддржува

Груевски: Има разлика – Иванов 437.109, Пендаровски 317.320 Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека народот точно ја препознава разликата. Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните која покажува какви вредности поддржува и дека поддржува труд, работа, чесен живот кон народ и работа, одговорност, посветеност кон целите на довербата. На прес-конференција, Груевски нагласи дека во […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Да се гласа за СДСМ во овие услови е храброст. Заев: Ова е кражба (Видео)

Над 320 илјади гласови во корист на опозициониот кандидат според мене се храброст во овие услови и им честитам на сите кои гласаа денеска за опозицијата. Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг, јас имам намера до последниот ден да се борам за концептот, идеите и вредностите во кои верувам. Почитувани, […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Неважечки се 23.428 гласачки ливчиња

Вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња  по обработени 99,15 проценти од гласовите изнесува 23.428. ГРОМ се пожали на големиот број неважечки ливчиња на кои било гласано за кандидатот на ГРОМ и за Ѓорѓе Иванов. -Она што фрли дамка на овој прв круг е големиот број неважечки ливчиња, што е несвојствено, затоа што имаше само едно ливче […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: За Иванов 447.109 гласови, за Стево Пендаровски 325.119

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов освои најмногу гласови на првиот круг од претседателските избори со добиени 447.109 гласови (51,63%), втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 325.119 гласови (37,54%), покажуваат првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб-страница. Податоците се однесуваат за обработени 99,46 проценти, односно 3.493 од вкупно 3.512 […]

______________________________________________________________________________________________________

Првата жичница на вода во Македонија ќе се гради во Дојран

Првата жичница на вода во Македонија ќе биде изградена на Дојранското езеро, со што Дојран ќе влезе во списокот на светските туристички дестинации познати по забавите на вода. Заедничкиот мониторинг комитет со седиште во Солун, го одобри проектот со кој општина Дојран аплицираше на ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, во соработка […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема тепачка меѓу Македонци и Албанци вечерва во Радишани

Пред еден час во Радишани се случила голема тепачка помеѓу Албанци и Македонци, пишува порталот на албански јазик Алмакос.  Неколкумина учесници во тепачката се потешко повредени и пренесени во Воената болница во Скопје. На местото на кое се случила физичката пресметка има голем број на Алфи и припадници на МВР. Неофицијално, до пресметката дошло откако се случила […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Власта преку систематска кражба ја спречи волјата на граѓаните

Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и кандидатот за претседател. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта преку системска кражба пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните. Нов удар врз кревката демократија. Граѓаните ја знаат вистината, тие се тука во најтешките моменти. Да не дозволиме режимот да триумфира. […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Денеска Македонија е најголемиот победник

Имавме фер и демократски избори, онакви какви што и’ доликуваат на Македонија, граѓаните имаа избор да одберат кој ќе продолжи на нивната иднина и го избраа нашиот концепт на перманентни реформи, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов по соопштувањето на резултатите од првиот изборен круг на претседателските избори. „Мотото на кампањата беше дека државата […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Победивме во цела Македонија

Премиерот Никола Груевски се заблагодари за поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Ѓорѓе Иванов. – Од резултатите, денеска СДСМ го победивме во сите општини освен Арачиново, Чучер Сандево, Сарај…во сите останати општини имаме поддршка од граѓаните. Денеска победивме во Гази Баба, Велес, Охрид, Велес, Кисела Вода, Илинден, Ѓорче, Аеродром, Кратово, Крива Паланка, Ресен, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски води во четири општини – еве кои

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски е во водство во 4 општини. Според досега обработените податоци од страна на ДИК, Пендаровски води само во Струмица, Центар, Карпош и во Чучер Сандево. Во Струмица разликата е 1.298 гласа, во Карпош 2.662, во Центар 2.996 гласа, а во Чучер Сандево 116 гласа. Досега се обработени 88 […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1