17/04/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино. На Велики Четврток ги повикува своите ученици на последната Тајна Вечера каде им рекол дека еден од нив ќе го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 20:59
•
Posted by: MK News
Мисксер за бетон денеска попладне се превртел на планиснскиот превој Плетвар. Подолг период сообраќајот бил блокиран а преминот не бил прооден бидејќи товарното возило ги блокирало и двете коловозни ленти. Несреќата се случила околу 14 чаот. Нема информации за повредени. По расчистувањето на патот, сообраќајот е нормализиран. Фото – Прес24
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 12:47
•
Posted by: MK News
Јогуртот смрди на нафта, толку многу, што делува како да пиеш нафта, напиша како предупредување до сите родители, на својот профил на фејсбук пејачката Кристина Арнаудова. Таа ова го пријавила и до Битолска млекара. Вработените биле многу љубезни и ветиле дека веднаш ќе проверат за што станува збор. Сепак Кристина го упати ова предупредување до сите […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 12:07
•
Posted by: MK News
Кога грешницата миро принесуваше, тогаш ученикот со беззакониците се договараше. Едната се радуваше, трошејќи го мирото скапоцено, а другиот брзаше да го продаде оној кој нема цена. Првата Господа го запознаваше, а вториот од Господа се разделуваше. Таа се ослободуваше, а Јуда роб на ѓаволот стануваше. Подмолноста е лоша, покајанието е големо. Него дарувај ни […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 12:05
•
Posted by: MK News
Снежна покривка утрово и на скопската планина Водно. Падот на температурите донесе снежни покривки во повеќе планински предели во државата, но и во голем број градови. Покрај завеаните Струга, Охрид, Гостивар и Тетово, утринава под снежна покривка е и Водно. Foto – Kurir
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Тиквешкиот маџун, кој има долга традиција на производство во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, „станушината“ како автохтона тиквешка сорта грозје и рачелите од тиква, ќе влезат во светската арка на вкусови на интернет-каталог. – „Станушината“ и маџунот се она на што посебно се гордееме и за нивното производство не постои формула, постои само тајна која […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Студениот бран од северо – запад, во земјава донесе ниски температури некарактеристични за пролетта, но и врнежи од дожд, кои според најавите на метеоролозите ќе достигнат до 30 литри на метар квадратен. Дождот придружуван со ветер и грмотевици, како што велат синоптичарите, ќе врне до петок. Но не само тоа – од денеска па во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Инцидентот во кој вербално беше нападнат претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во Лисиче завршил со масовна тепачка. Откако завршила средбата на Пендаровски со жителите на Лисиче, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ продолжиле меѓусебно да се навредуваат, а на крај и физички се пресметале. „Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори. Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат, особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 09:05
•
Posted by: MK News
На планиските превои Паланка-Деве Баир, Стража, Маврово вечерва паѓаше снег, соопшти ЈП Македонија пат. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што се наведува, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Неколку дена пред Велигден, крстот во скопската населба Аеродром е скоро готов. Тој е висок 51 метар, широк 4 метри, краците му се простираат на 34 метри, а тежи 88 тона. Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодоr Петров, најави дека овој крст ќе биде трет по висина во светот, по Милениумскиот крст на Водно, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 19:21
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, кој денеска беше на средби со граѓаните во скопската населба Лисиче, беше вербално нападнат од, како што велат од СДСМ, активист на владејачката партија, јавува А1оН. По вербалните провокации, избегнати се посериозни последици, велат од опозициската партија. Случајот попладнево е регистриран од полицијата. СДСМ бара од МВР […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 16:13
•
Posted by: MK News
Бетонска плоча денеска падна од фасадата на Основниот Суд Скопје 2 при што за среќа немаше повредени минувачи. Бетонската плоча која се откачила од фасадата падна на патеката каде има голема фреквенција на луѓе, но понекогаш на тоа место има масички од кафе барот што се наоѓа веднаш до судот, пишува Точка. Голема среќа е […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 13:55
•
Posted by: MK News
Попладне ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Утринската температура од 2 степени до 8 степени, а дневните температури ќе достигнат до 11 степени, односно до 20 степени. Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на „Kомунална хигиена“ или на депонијата „Дрисла“. На никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што с` се крие во него, но кога […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Две улични кучиња, кои повеќе години живеат во Kапиштец, со своето лаење предизвикаа внимание кај минувачите и кај станарите од блиските згради и така му помогнаа на еден паднат човек на паркинг, раскажуваат жители од оваа населба. Настанот се случил во минатата недела кога еден скопјанец паднал меѓу возила на паркинг и останал да лежи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Афродита Николова го сонува сонот на секое дете, избрана е меѓу 55 од 3.647 апликанти за докторски студии на престижниот универзитет, доби стипендија од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за докторски студии на универзитетот Кембриџ. „Пресреќна сум! Тоа е првото што сакам да го кажам. Иако магистрирав со чиста десетка, не бев сосема сигурна дека ќе […]
______________________________________________________________________________________________________