10/04/2014 14:59
•
Posted by: MK News
Седумдесет и три годишниот Б.А. од Скопје заработил кривична пријава поради полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Старецот Б.А. од Скопје, на први овој месец, движејќи се по Првомајска, пресретнал деветгодишно девојче, по што најпрво и’ дал 30 денари, а потоа почнал да го допира по телото и интимните делови, по што […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Во централни локации низ неколку градови ќе се постават автомати каде што граѓаните кои поседуваат биометриски документ (пасош или лична карта) ќе можат да добијат повеќе услуги и документи од типот на извод од матична книга, имотни листови, документи од Централниот регистар, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Катастарот и други. Автоматите ќе бидат поврзани […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 10:05
•
Posted by: MK News
На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга. Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа “Танец” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Дожд, грмежи, засилен ветер и намалување на дневните температури за шест степени, а утринските околу нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, ќе има и повремени локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Во петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 09:45
•
Posted by: MK News
По примерот на многу европски држави, но и на некои од земјите во регионов на почетокот на идната година во земјава ќе се отвори првата банка за донирано мајчино млеко, која ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Неколку пати се случило некое дете да ризикува претрчувајќи улица токму во моментот кога има метеж од возила. Знам дека имало и такви што седат на работ од тераса од повеќекатниците најмалку пет минути само за да бидат дел од играта наречена вистина или предизвик – раскажува за Дневник еден ученик од седмо одделение од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Директорката на скопската градинка „Бели мугри“ Елеонора Ангелеска ќе покрене дисциплински постапки за двете негувателки одговорни за чување на децата во групата во која вчера беше изгризано 21-месечно бебе од свој врсник, пишува Плусинфо. Градинката ја посетиле инспектори од Министертвото за труд и социјална политика и направиле записник за вчерашниот инцидент. Јас ќе преземам дисциплински мерки […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Имиња на адреса „Петар Дељан“ во зградата број 11 во Кисела Вода се запишани во Избирачкиот список за претседателските избори, но жителите на зградата денеска им кажаа на набљудувачите на невладината „Цивил“ дека овие луѓе не се нивни соседи, освен едно име од списокот. Зачудени и дека на наведената адреса се впишани гласачи кои живеат […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 19:58
•
Posted by: MK News
Клоци, шлаканици и гризења добиле здравствени работници на дежурство во делчевскиот Здравствен дом. Овој пат личната нетрпеливост која една пациентка ја имала кон дежурната докторка во Итната медицинска служба , прераснала во физичка пресметка при која најдебелиот крај го извлекол болничарот кој сакал да ја заштити докторката од бесот на пациентката, објави телевизија Стар. Докторката […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 14:22
•
Posted by: MK News
Фотографијата која е споделена на „Твитер“ ја вознемири јавноста. „Беше малку болно, но се надевам дека ти значи“, напиша девојчето на фотографијата на која се гледа како со крвави рани го испишала името на Кајмакоски. Пејачот сѐ уште нема никаков коментар за гестот на младата девојка, на која твитерџиите и понудија телефонски броеви од неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 14:18
•
Posted by: MK News
Утре попладне ќе настапи наоблачување со повремен дожд. Локално ќе има појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Кон крајот на денот, преку ноќта и во четврток ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, кој ќе предизвика пад на температурата. Sitel
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Околу 30 семејства од Ѓорче Петров излегоа на протест поради најавените измени во Деталниот урбанистички план на општината, со кои се предвидува експропријација на нивните домови за да се подигне парк. „Живееме на простор каде треба да има парк, а ние и нашите предци изминатите сто години живееме во наши домови“, велат овие жители, а […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 10:35
•
Posted by: MK News
Миа Костова остана фрапирана од тоа што на детето му се случило во градинка која би требало да се грижи, да чува и воспитува. Малото синче имало траги од гребење и гризење по лицето и вратот. Уште поневеројатен е фактот дека родителот, во случајов Миа, воопшто не бил известен за случајот и сето тоа го видел на неговото лице, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Поминаа две години откако се разделивме со мојот сопруг и јас бев решила дека е време да продолжам понатаму. Поминав девет години во брак, од кои во осум главниот фокус на моето секојдневие го имаше мојот син, па излегувањата за мене беа редок спорт. Потребата да се дружам почнав да ја задоволувам главно на социјалните мрежи. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 10:05
•
Posted by: MK News
Уште еднаш децата покажаа на дело дека тие на најубав начин ги премостуваат разликите, подаваат рака на пријателство и се зближуваат. За нив не е важно кој од која националност е, најбитно е да се разбираат и да соработуваат преку заеднички проекти и активности. Еве еден таков пример, а го пренесува Нова Македонија Минатата сабота, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните. Лажно се претставуваат дека се партнери со Макпетрол , а за услугата – минимално наплаќаат . истражувачкиот тим на телевизијата 24вести, стапил во контакт со еден од ваквите препродавачи – транспортот , монтирањето и боцата ќе не чинело само 20 денари поскапо отколку самите да си го […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Во првите десет дена од претседателската кампања, помеѓу 24 март и 2 април, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов потрошил најмногу пари. Според Државниот завод за ревизија Иванов потрошил двојно повеќе отколку што собрал. Дури 506.491 евра го чинела кампањата досега кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, со што на неговата сметка има минус од 273.866 евра. Најголемиот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Бараме поддршка од сите граѓани за ВМРО-ДПМНЕ да добие 62 пратеници на претстојните парламентарни избори за да не бидеме уценувани, да не не кочат во реализирањето на зацртаната програма и да не не уценуваат по државните и национални интереси, порача од митингот во Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Ние, рече, сме 24 години во демократија. Народот е искусен […]
______________________________________________________________________________________________________