25/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Силен град во неделата од 14 до 15 часот го зафати Радовишко. Радовиш побелел, а на повеќе места, како што велат радовишани, имало слоеви од град подебели и од 20 сантиметри. За среќа, зрната не биле големи, па до вчера претпладне немало пријавено претрпени штети. Радовишани истакнуваат дека не паметат некогаш да имало град во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Kај 547 деца во училиштата во Гази Баба се присутни сите или некои од симптомите на сколиозата, а над 1.000 испитаници одговориле дека познаваат некој што страда од сколиоза. Ова го покажале резултатите од спроведеното анкетирање на родителите за свесноста, застапеноста и знаењето за сколиозата кај децата на возраст од 7 до 14 години, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Поранешен директор на ЈП “Водовод” – Куманово, В.Б. (38) од Куманово, заработил кривична пријава откако полицијата открила дека за три години испил и изел околу 100 илјади евра. Кумановската полиција, постапувајќи по поднесена пријава од група вработени во ЈП Водовод” – Куманово, за незаконско и недомаќинско работење на одговорните лица во јавното претпријатие, до Основното […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2014 11:15
•
Posted by: MK News
За стари златни предмети нудат садови од росфрај, за кои тврдат дека се со висок квалитет, но стручни лица предупредуваат дека се работи за фалсификат со сомнителен квалитет, а можеби и изработени од опасен материјал, пишува Дневник.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Тројца крадци фатени на дело додека ограбуваат луксузен автомобил на паркингот пред Филип Втори Арена во скопскиот Градски парк. Целата „операција“ била уловена на камера а во дневникот ја објави ТВ Сител. Според последните информации, полицијата веќе работи на утврдување на идентитетот на лицата од снимката ZaSe.mk
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Секоја година во наредната деценија ќе се зголемува акцизата за цигарите, со што тие двојно ќе поскапат. Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголеми за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, пак, оваа стапка цигарите ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2014 09:42
•
Posted by: MK News
Работодавците од приватниот сектор што ќе вработат млади лица до 29 години, евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување, ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси во првата година, објави премиерот Никола Груевски на вчерашната прес-конференција. Мерката ќе трае две години со можност за продолжување во зависност од постигнатите резултати. Целна група се сите млади […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2014 09:32
•
Posted by: MK News
Поради изведување на водоводен приклучок на булеварот Видое Смилевски – Бато бр. 2, корисниците овој објект, како и Поштата, Тедико Маркет и околните објекти ќе имаат прекин во снабдувањето со вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до завршување на приклучокот.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 22:04
•
Posted by: MK News
Пред канцеларијата на СДСМ во скопската населба Карпош вечерва е фрлена бомба. Според првичните информации, нема повредени. Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна вечерва пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо. Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 21:03
•
Posted by: MK News
Ракометарите на Металург ја победија славната Барселона со 31: 29 и и го нанесоа првиот пораз во оваа сезона во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Барселона го освои првото место во групата, а Металург завршува како трет.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 19:03
•
Posted by: MK News
Во креација на Елена Лука новинарката Снежана Лупевска вчера го кажа судбоносното ДА. Свадбата се одржа во Скопје а избраникот на Лупевска е турски бизнисмен, Созен Ерџан со кого е во врска некое време. Свадбата се одржа во ресторанот Стара куќа во друштво на најблиските пријатели. Снежана го додаде презимето Созен. За шминката на Жане се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Во Фондот за осигурување депозити велат дека има повеќе случаи во кои штедачи од пропаднатите банки и штедилници со години не се јавуваат да побараат обесштетување иако станува збор за доста големи суми, кои достигнуваат до 20.000 евра пишува Нова Македонија Штедач во Македонска банка, за која во тек е ликвидациска постапка, веќе неколку години […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Дебарско-кичевската епархија извршува пообемни работи во манастирскиот и излетнички комплекс „Свети Наум“ каде веќе е изградена влезна капија и десетици типизирани објекти. Комплексот треба да добие комплетно нов лик.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Седиш на автобуската во Скопје, си го чекаш автобусот и сваќаш дека до ногата имаш змија, ужас! Ова е текстот напишан под фотографијата, која се прошири на социјалните мрежи. Еве ја фотографијата од змијата Не знаеме дали ова е вистинска змија, и дали навистина е сликано на скопската автобуска. Ја испрати читател на Сител кој […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Голем број врвни македонски интелектуалци, академици, професори, лекари, свештени лица, уметници, спортисти се потпишале на Иницијативата која ќе биде упатена до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која се бара повторен избор на актуелниот претседател на РМ, објави ТВ Канал 5. Според информациите на телевизијата, водејќи се од општествениот и државниот напредок на Македонија на полето на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2014 22:27
•
Posted by: MK News
Македонската Радио Телевизија во специјално издание на музичкото шоу „Хит на месецот“ ја претстави евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“, со која Тијана Дапчевиќ ќе настапи на 59-тото издание на Изборот на песна за Евровизија. Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров ги подготви и аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2014 18:25
•
Posted by: MK News
На Мртва Сабота некој невкусно се пошегувал со лустраторот Томе Аџиев. Неговиот роден град Битола утрово беше исполепен со некролози во кои се соопштува дека Аџиев починал на 61 годишна возраст, пишува Дневник. На некролозите пишуваше дека смртта настапила денес ненадејно во несреќен случај, а опелото и погребот ќе се извршат утре во 13 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2014 16:04
•
Posted by: MK News
Познатата новинарка, авторката на гледаната емисија КОД Снежана Лупевска вечерва прави свадба. Избраник на нејзиното срце е бизнисмен од Турција, Созен Ерџан. Двојката се запознала пред извесно време на семинар во Белград, каде Лупевска присуствувала како новинар – истражувач, а тој како член на Турската стопанска комора. Љубовта растела од ден на ден и парот […]
______________________________________________________________________________________________________