13/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
И граѓаните што веќе имаат свој стан или куќа ќе може да се пријават за субвенциониран станбен кредит од државата. Владата ги менува условите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, при што, меѓу другото, го зголемува и највисокиот лимит на месечни примања на граѓаните шро сакаат да аплицираат за овој кредит, пишува Дневник. Измените во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2014 09:10
•
Posted by: MK News
За името и работата на македонскиот фотограф Горан Анастасовски, слушна речиси целиот свет. -Леопарди, тигри, лавови, мајмуни, мечки, рисови, срни, волци, но и птици и портрети на природата – неговите фотографии се толку моќни што и Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата, пишува Нова Македонија. Тој е „виновникот“ што стои зад овие […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Иако на пат по балканските метрополи тргнува со владин авион, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос во Скопје ќе допатува од Приштина и тоа со автомобил. Причината, според дипломатски извори, е што не сакал да слета со авионот на грчката влада на аеродромот Александар Велики, оти, според проценките, тоа можело да предизвика негативни […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2014 08:50
•
Posted by: MK News
Македонија во декември минатата година ја посетиле 20.290 странски туристи кои оствариле 41.129 ноќевања. Најбројни биле Грците 3.933, потоа Бугарите 2.617, Србите 2370, Турците 1907 и Албанците 1868. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на странските туристи бележи пораст од 21 отсто. Најмногу туристи го посетиле Скопје 10.651, туристичките места во земјата […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 2 за две недели ќе одлучи дали министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе добие отштета за клевета за која го тужи портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Јанкулоска, која бара отштета од 10.000 евра од Шилегов, не се појави на вчерашниот распит во судницата, што од тужениот беше прокоментирано како непочитување на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 16:39
•
Posted by: MK News
Премиерот Никола Груевски потпишал решение со кое претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски, е назначен за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, само шест дена откако ССМ даде јавна поддршка на „контроверзните и штетни“ закони за администрација предложени од ВМРО-ДПМНЕ а усвоени од Собранието, тврдат од СДСМ. Ваквото тврдење […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 14:58
•
Posted by: MK News
Екипата на Курир ја најде Ева, која ја бараше заљубениот Владимир преку белградско радио. Средбата траела 5 минути, кои очигледно биле многу значајни за двајцата. Станува збор за слатката Ева Скендеровска, одлична актерка. Таа е ќерка на Валентино Скендеровски. Во изјава за Курир таа вели: -Станува збор за Црногорец кој го запознав во метро додека одев […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 14:49
•
Posted by: MK News
На утринската програма на српското радиот РадиоС, Владимир од Њујорк ја бара Македонката Ева која ја запознал во метро. Неговата порака гласи вака: – „Здраво луѓе, ве слушам редовно иако сум далеку од родниот град, во Њујорк. Пред неколку дена налетав на нешто најубаво, на Ева. Срцето ми беше поголемо кога ми кажа дека е […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 12:34
•
Posted by: MK News
Kристина Ампева, мајка на 17-месечното бебе за кое вчера се крена бура од сомнежи дека голтнало отров за глувци во градинка, вчера изјави дека според резултатите на крвта Анџела немала труење. Информацијата дека со Анџела с` е во ред ја потврди и директорката на скопската клиника Аспазија Софијанова додавајќи дека тоа е веќе отпуштено да […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 11:17
•
Posted by: MK News
И преку капка крв или брис од уста ќе може да се дознае дали некој има генски предиспозиции да заболи од рак со испитување во новата лабораторија за молекуларна патологија и експериментално генска терапија на Институтот за патологија во Скопје, која завчера свечено беше пуштена во употреба. Тука ќе може да се испитуваат и предлеукемични […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 11:11
•
Posted by: MK News
Бремените жени кои се невработени или примаат социјална помош или минимална плата нема да плаќаат партиципација за микробиолошки брисеви, кои се неопходни според протоколите. Оваа новина е дел од Програмата за мајки и деца, според која бремените жени треба да достават потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Од 26 март годинава, сите македонски граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат да аплицираат во компанијата „Teleperformance“, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Министерството за финансии, МТСП, ПИОМ и пензионерите ги усогласија пресметките за зголемување на пензиите. Од март на пензионерите ќе им бидат исплатени пензии повисоки за 600 денари Претседателот на Сојузот на пензионери истакна дека усогласувањето е значајна работа за пензионерите. -Самото зголемување на пензиите значи подобрување на стандардот на пензионерите и овозможува тие да имаат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 13:48
•
Posted by: MK News
Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова истакна дека кај детето од Штип, кое наводно беше затруено со отров за глувци во градинка, не се најдени никакви траги од отров, но за секој случај е донесено на Клиника бидејќи може да настанат подоцнежни компликации од тој отров. „Се работи за двегодишно дете донесено вчера […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 13:42
•
Posted by: MK News
По брза реакција на противпожарната бригада, пожарот во Градскиот трговски центар беше локализиран и ставен во контрола. Огнот почнал да се шири од оџакот, од приземјето на ГТЦ од стараната на Жена парк, во улицата каде порано имаше автобуска постојка. Откако пожарникарите го изгаснаа огнот, против пожарните возила го напуштија местото на пожарот. Foto – […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 12:40
•
Posted by: MK News
Каква е состојбата на патиштата, има ли гужва на граничните премини? Овие информации сега и сами ќе можете да ги проверите директно на интернет страницата на јавното претпријатие за државни патишта. На вебстраницата, што денеска ја презентираа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, секој граѓанин може […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 11:26
•
Posted by: MK News
15-месечното бебе од Штип е во добра состојба. Бебебнцето кое вчера било хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје не покажува симптоми на труење а се уште не се знае дали голтнало отров за глувци и ли не. – Не знаме дали во прашање е отров за глувци. Во моментов детето е во добра состојба, не покажува знаци […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 10:28
•
Posted by: MK News
Според неофицијални информации, вчера во Штип 15 месечно бебе изело отров за глувци кој бил поставен во собите во кои престојуваат деца во градинката, јавува Тв Орбис. Од болницата во Штип потврдија дека вчера имало таков случај, но не дадоа подетални информации. Според неофицијалните податоци на ТвОрбис, бебенцето било веднаш пренесено во болница каде му […]
______________________________________________________________________________________________________