11/02/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Момче и девојка наместо на гурбет во Абу Даби, останале во Македонија, измамени и олеснети за 650 евра, објави „Канал 5“. Парите ги уплатиле во агенцијата „Виза плус“, специјализирана за вработување во странство. За агенцијата разбрале преку интернет и виделе шанса да замине на печалба во Абу Даби, во ОБединетите Арапски Емирати. Ако отворите на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Цените на становите во земајва во последниот квартал од минатата година бележат пад, регистрира Народна банка на Македонија. Според Централната банка индексот на цените на крајот на минатата година паднал за 3%. – По прекинот на речиси двегодишниот надолен тренд што се случи во третиот квартал, цените на недвижностите во последниот квартал на 2013 година […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Да имавме оружје како Македонците, ќе ги протеравме до Бугарија, вели Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа за порталот Алмакос коментирајќи ги изјавите на генералот Тејта и Стојанче Ангелов за случувањата во Арачиново во 2001 година. Токму Хоџа командуваше со припадниците на ОНА во Арачиново. -Човекот се гледа по делата, а не по зборовите. Ако […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 09:15
•
Posted by: MK News
„Мајсторе, може ли да го однесеш пакетов до Скопје… Еве ти стотка да се почестиш!“. Нема човек во земјава што патувал со автобус од Охрид, Битола или кој било друг град и притоа на автобуската станица да не ја чул оваа реченица. Овој веќе одамна присутен и традиционален вид услуга на автобуските и такси-превозниците наскоро […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Денес повторно не очекува сончево време. Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од 14 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе е спушти до три, а дневната ќе достигне до 17 степени.
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 15:54
•
Posted by: MK News
Во недостиг од слободен паркинг во центарот и со намера да ги избегнат наплатите од час во зонското паркирање, стотици скопјани просторот под мостот „Гоце Делчев“ од левата страна на Вардар го користат како паркинг, пишува Дневник. За хаосот сведочат граѓани кои се рекреираат покрај реката и оние што редовно минуваат оттаму. Велат дека несовесните […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 09:45
•
Posted by: MK News
За да закажеш венчавка во општина треба да платиш 150 денари, а доколку си верник и сакаш да си ја испочитуваш верата и да се венчаш во црква треба да си го одврзеш ќесето. И тоа не е некоја симболична сума туку ни помалку ни повеќе безмалку 100 евра и тоа со еден поп. Додека […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
За вечното почивалиште на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси с`, освен можеби најважното – кој е автор на паметникот!? Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Зад убавите и шарени реклами кои се поставени на надвозникот на Бит пазар, се крие сосема поинаква, дури и застрашувачка слика. Скалите искршени, лифтовите не се функција, насекаде мириса на урина, а ѓубре има насекаде. Фото – СкопјеИнфо.мк
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Фасадата и надворешното осветлување на Националната спортска арена „Филип Втори“ во Скопје. Завршната етапа од обемната реконструкција и надградба на нашиот најголем стадион е од осум до девет милиони евра. Во првата фаза ќе се вложат 2,5 милиони евра, при што дополнителни средства ќе се инвестираат за опремување на подтрибинскиот простор. Со довршување на овој […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2014 17:11
•
Posted by: MK News
Професорот Зоран Поповски ќе ја трча претседателската трка за ГРОМ. За кандидат за претседател е избран на денешната седница на Централниот одбор на партијата. На претстојните избори Граѓанската опција на Македонија ќе излезе со слоганот “Храбро за Македонија “. Поповски најави дека ќе води коректна кампања. Целна група ќе му бидат сите граѓани.
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Слаба, по малку збрчкана, но со поглед полн со живот. Вака изгледа најверојатно најстариот жител на Македонија, можеби и на Балканот, а и меѓу најстарите жители на цела планета, скопјанката Алида Мемеди, која за три месеци ќе го слави својот 112-ти роденден. Илинденското востание, Првата и Втората светска војна, скопскиот земјотрес, распадот на Југославија, формирањето […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Со денешното започнување на примената на новиот Правилник за спроведување на возачкиот испит, односно неговиот практичен дел којшто ги опфаќа полагањето на полигонско возење и т.н. градско возење, заедно со измените што веќе се имплементирани во делот на теоретскиот испит всушност ја заокружуваме реформата во сферата на полагањето за возачка дозвола а со едниствена цел […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 21:02
•
Posted by: MK News
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија почитувајќи го пројавениот интерес од страна на уредникот на порталот Плусинфо и на весникот Слободен Печат, Бранко Героски, за јавните набавки на Кабинетот и неговата огромна преокупираност со вратоврските, одлучи да му подари една вратоврска. Во прилог, на Героски му беше дадена и фактурата од фирмата „Фокабо ГТЦ“, каде […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 17:43
•
Posted by: MK News
Седумдесет и четиригодишна жена од Скопје почина од грип (инфлуенца А) на Клиниката за инфективни болести и е трета жртва оваа сезона. Лекарот Илир Демири од Инфективна изјави дека пациентката била интензивно лекувана една недела на нивната клиника, откако бил потврден грип и масивна бронхопневмонија, а во последните 24 часа била на апарат за механичка вентилација. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 17:30
•
Posted by: MK News
Пред повеќе од дваесеттина години една млада невеста од Преспа, имала проблематична бременост. Го изгубила бебето. Сонувала сон да го земе стариот нож од црквата Свете Петка од Брајчино и цела година да го држи под својата перница. Направила така. Родила од Бога дарувана прекрасна ќерка. Напредувала вртоглаво во секое поле во животот. Тоа ни […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Плата од 4.500 евра за работа во Норвешка – вест која како молња се прошири низ медиумите на Балканот. До редакцијата на Mknews пристигнаа огромен број маилови со барање за повеќе информации. Нашиот тим истражувале колку е реална оваа понуда и како и каде може да се аплицира. Пронајдовме една агенција која според медиуми од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор годинава ќе потроши шест милиони денари или приближно 100.000 евра за да дознае колку во пракса се имплементира овој документ, пишува Дневник. Секретаријатот преку јавен оглас им ги доверил на фирмата „ДМУ Таг комуникации“, како економски најповолна понуда. Маркетинг-агенцијата е во сопственост на Газменд Ајдини, поранешен новинар и директор […]
______________________________________________________________________________________________________