Archive | Македонија RSS feed for this section

СКАНДАЛ: Македонија претставена како дел од Бугарија, на ТВ преносот од Сочи?!

Организаторите на Зимските Олимписки Игри во Сочи, односно реализаторите на ТВ преносот што го гледаа огромен број земји во светот, направија голем пропуст на штета на Македонија, припојувајчи ја нашата територија кон Бугарија, при претставувањето на нашиот источен сосед. Ова го наведува бугарскиот портал „24chasa.bg“, истакнувајќи дека реализаторите на ТВ преносот направиле голем гаф, па […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 мај нов директен лет Скопје – Рим

Од 1. мај 2014 ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим – Скопје – Рим. Станува збор за директен лет од аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, кој ќе сообраќа 7 пати неделно, односно на дневна база преку операторот „Алиталиа“. „Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО 18+: Манијак се самозадоволува на Скопско Кале!

Манијак држи еротско списание во рака додека се самозадоволува на сред улица на Скопското Кале. Минувачите му пререкувале, но тој си продолжил со онаа работа. Погледнете го видеото: Video – Sitel

______________________________________________________________________________________________________

Голем дефект на државниот авион – Иванов не полета за Сочи

– Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите. Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот. Како што претходно беше најавено, претседателот на Република Македонија Иванова требаше […]

______________________________________________________________________________________________________

Секоја чест: Македонци ги правеле анимациите за Робокап

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х  беше дел од тимот за изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот РобоКап, резултат на соработката со „Метод Студиос“ која започна во 2013. На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 18 минути. Оваа научно-фантастична акција на Хозе Падиља, се одигрува во 2028 […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте: Комшијата со овој уред може преку вас да си врти во странство – плаќате вие

Покрај  измамите на кои можат да наседнат корисниците на телефони, а кои во последните неколку месеци повторно земаат замав во Македонија се појавиле и се почести случаи на крадење на импулси – односно некој однадвор преку вашиот телефон да си врти во странство – и тоа едноставно само со еден уред наречен СИМ бокс. Еве […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се обновува ресторанот „Езерце“ во парк

Општина Центар ги презема првите чекори за да заживее некогаш култното место за скопјани, ресторанот „Езерце“, во Градскиот парк, и распиша конкурс за изработка архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за објектот. Градоначалникот Андреј Жерновски претходно најави дека не е задоволен од постојниот проект што го изработи претходната власт и ќе бара ново идејно решение за […]

______________________________________________________________________________________________________

Се враќаат „кецелите“ во Аеродром – ова се новите униформи на основците (Фото)

Основците од Аеродром, од септември ќе носат училишни униформи, а трошоците за нив ќе ги покрие општината. Целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во исти униформи, а со тоа според градоначалникот Ивица Коневски, основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи, пренесува Курир. -Со тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Како изгледа Музејот на стари автобуси во Скопје?

На 17 Јануари, далечната 1948 градот Скопје го доби првиот црвен автобус, заштитната боја на јавниот превоз во Метрополата. Од тогаш до денес поминаа многу години. Се возат се уште црвени автобуси и повторно Даблдекери во Градот кој има исклучителна историја и култура на јавен превоз. Јавното Сообраќајно претпријатие по тој повод, историјата на скопските […]

______________________________________________________________________________________________________

Цел еден град од 15 илјади жители е иселен од Источна Македонија

Во рударскиот град Македонска Каменица од близу 6.000 жители половина не се дома.. Цел еден град голем колку Делчево е иселен од источниот дел на државата во последните петнаесетина години. Над 15.000 главно млади луѓе, се иселиле од Источна Македонија низ светот. Сите фатиле магла од родните огништа откако дома не успеале да го реализираат […]

______________________________________________________________________________________________________

КООРДИНАТОР ЗА БАРАЊЕ НЕВЕСТИ ЗА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

И општина Лозово ќе ги наградува старите моми и ергени ако се омажат или оженат. Дваесет илјади денари  е подарокот од општината, а вработување, бесплатни лекарски прегледи до првото новороденче  и 50 литри ракија и 100 литри вино за свадбената веселба, од фирмата Зегин ќе добие секоја мома над 35 и ерген над 40 години […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата дава по 5.000 евра за старт на добар бизнис

Повеќето млади во Македонија по дипломирањето првото работно место го гледаат во јавната администрација, а само десетина проценти се обидуваат да почнат свој бизнис. Според министерот за економија Ваљон Сараќини, овие состојби може да се променат доколку младите своите идеи ги преточат во добар бизнис-план и со субвенции од државата од 5.000 евра да почнат […]

______________________________________________________________________________________________________

„Монструм“: Табличките на Опел омегата се од Мерцедес во сопственост на Арачиновец

во Кривичниот суд, за време на судењето за случајот „Монструм“, двајца вештаци ги презентираа резултатите од примероците земја земени од местото кај Смилковското езеро и местото Вражји вир, каде беше пронајдена Опел омегата. Тие зборуваат и за потеклото и сопственичката структура на возилото. Како што информира Академик, вештаците посочиле дека македонските регистерски таблички на „Опел омегата“ […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Цистерна излета од патот пред Стража – сообраќајот во една коловозна лента

Врнежите од снег во текот на денешниот ден го отежнуваат движењето на возилата и притоа потребно е максимална внимателност на патиштата. Ова е фотографија на 5-6 километри пред местото Старжа, каде сообраќајот по овој инцидент се одвива со проблеми и во една коловозна лента. Во вакви временски услови сите кои ќе патуваат ќе треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште едно разбеснето куче пуштено без маска искаса скопјанка

Христина Јолевска од Скопје на метар до домот ја нападнал ротвајлерот на соседите и ја турнал на земја. Кучето на соседите и го изгризaло грбот, па морала да побара лекарска помош, јавува Канал5 Таа лежела на улицата и врескала, барала помош. Ниту сопственикот не можел  да го тргне кучето. Од посериозни повреди  ја спасиле слоевите дебела облека.  Соседите вознемирени, неколкупати […]

______________________________________________________________________________________________________

Храна со истечен рок и зачинета со црви – и ова се продавало во македонските продавници

Ларви и црви во проја, мувла во сушено овошје, бубашваби во векни леб, расипани млеко, јајца и риба се само дел од „специјалитетите“ што ги купиле граѓаните во државава. Не се работи за шега, туку производи со „зачини“ што биле најдени во прехранбени производи на легални производители од големи синџири маркети и овластени продавници. Потрошувачите […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски парадокс: За детски додаток од 716 денари ќе дадете 1.275 денари за документи

 Ако сакате да поднесете барање за да добиете парична помош како детски додаток, прво што треба да знаете е дека ќе подготвите десетина документи, за кои ќе платите речиси илјада денари, во зависност од тоа колку членови имате во семејството, пишува Нова Македонија. На пример, едно петчлено семејство ќе треба да извади пет изводи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема веќе: Врати се по упат – еден упат ќе важи цела година

Матичниот лекар за хроничните пациенти ќе издава упат еднаш годишно со што треба да се намали и притисокот кај овие лекари, а пациентите веќе нема да одат кај нивниот матичен лекар за ретроградно издавање упат за итни случаи. Ова е предвидено со новите измените во услугата „Мој термин“, за кои денеска информира Министерството за здравство. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1