03/11/2013 19:46
•
Posted by: MK News
Пет пластични бараки изгореле во пожар што избувна доцна попладнево околу 17 часот и 15 минути до Зелениот пазар во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Маријан Јосифовски. Во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила на Тетовската територијална противпожарна единица и во моментов пожарот е ставен под контрола. Полицијата го обезбедува местото по што се очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 19:44
•
Posted by: MK News
Соња Мираковска од НСДП, се чувствува добро и утре ќе биде пуштена на домашно лекување, по падот од бината, каде што се одржуваше Конгресот на партијата, јавува А1он. Ова за порталот го потврдуваат од НСДП, по денешниот несреќен случај, кога присутните на 3-от Конгрес на НСДП кој се одржуваше во хотелот Александар Палас останаа вчудоневидени […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 10:52
•
Posted by: MK News
Пред два дена замина за Скопје, еднаш се јави и од тогаш немаме глас од неа, изјави за Супер радио таткото на 15-годишната Маја Блажеска од селото Лешани. Маја ја нема веќе два дена и никој нема информација за тоа каде е. Родителите го пријавиле случајот во полиција и до сите надлежни институции. Тие испраќаат […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Оваа група дечки покажа дека и во Македонија живеат силни луѓе кои можат да направат сешто, доколку сакаат. Тие како дел од својата изведба стоеја на раце на роговите на бикот, стоеја со главата надолу на Камениот мост и се качија на канделабрите во ценатрот на Скопје. Среќа ниедна одсветиклите не се скршија, Погледнете што […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2013 20:01
•
Posted by: MK News
Црвен „фиат типо“ му испадна на пајакот денес околу 15 часот на семафорите близу фабриката Усје во скопска Кисела Вода, на раскрсницата на булеварите Борис Трајковски и Србија, објави Плусинфо. Некој од минувачите го фотографирал овој несекојдневен момент и го проследи до порталот.
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2013 16:06
•
Posted by: MK News
Финишира изградбата на трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром. Од раководството најавуваат дека свеченото отворање на Капитол ќе биде кон средината на декември. Изградбата на хотелот почна во јуни минатата година, а инвестицијата е во вредност од 30 милиони евра. Трговскиот центар е сместен на површина од 35.000 метри квадратни, пишува Фактор. – Граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Грчките медиуми остро го критикуваат новинарот на „Атланта магазин“, Џеси Лихтенштајн зошто уште во насловот на своето интервју алудирајќи на Александар Велики, го нарекува нашиот кошаркар Перо Антиќ, Великиот од Македонија, пренесува први.мк. „Прототема“ коментира дека новинарот покажал елементарно непознавање на историјата, а разговорот со Антиќ го водел токму во таа, историска насока. Забележуваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2013 12:11
•
Posted by: MK News
Денеска е задушница- спомен за починатите. На овој ден се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните. Задушница е денот во кој според народните верувања, душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување… Се верувало дека заборавањето […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2013 12:07
•
Posted by: MK News
До редакцијата на MKnews пристигнаа неколку поплаки од наши читатели кои останале со подзината уста кога ја добиле сметката за мобилен од операторот ВИП. Како што се гледа на сметката наплатени им се по 35 денари дневно за играње на некоја СМС игра за која тврдат дека воопшто не ја играле. На некој од нив […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 21:14
•
Posted by: MK News
Причина за ненадејната смрт на 29- годишниот Пеце Стојчевски од битолско Кравари е мозочно крварење, предизвикано од прскање на анеруризма, пренесува Алфа. Ова е утврдено во обдукцискиот наод на битолските патолози, откако Стојчевски завчера ненадејно пичина во Клиничката болница во Битола и остави сираци, две малолетни деца. Според соопштението на истрагата, во натмошна постапка , […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 17:57
•
Posted by: MK News
Во 2012 година, 116 мажи биле тепани од своите жени, а до септември годинава собрале храброст и пријавиле дека се тепани 81 маж, пренесува Канал 5. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, што ги пренесуваат повеќе медиуми во земјава, бројот на жени што пријавиле дека се малтретирани во семејството во 2010 година […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 14:08
•
Posted by: MK News
Ако јас не сум оној кој може да го реши овој проблем со името, можам да бидам оној кој може да влијае да се влоши проблемот, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во емисијата „Патот кон…” на Алсат-М телевизија. „Јас не работам зад грб. За моите посети во Вашингтон и Брисел знаеја сите, но имаше […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 14:04
•
Posted by: MK News
Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 13:55
•
Posted by: MK News
Од 1 јануари 2014 година сите производители и увозници на храна ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи. Студијата, како што велат во Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја одобрува посебна комисија. Оваа обврската на компаниите им ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Големопродажните цени за говорни услуги и за СМС-пораките во мобилната телефонија, од денеска се намалуваат. Цените за интерконекција кај говорните услуги паднаа од досегашните 4 и 3,2 денари на сегашните 1,2 денари и важат симетрично за сите оператори. Исто така, паднаа и големопродажните цени за СМС-пораките од досегашните 2 денари на 0,5 денари. Агенцијата за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Од Меѓународниот научен собир кој се одржува по повод стогодишнината од трагичниот Букурешки договор, универзитетскиот професор Стефан Влахов Мицов испрати порака до големите сили, а пред се до САД, да не и помагаат на Македонија во решавање на проблемот со името, туку, напротив да не и пречат да се реши Историјата се повторува. Истите земји […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Досега 9 деца кои престојувале во градинката “Детска Радост” и нејзините клонови во Автокоманда со симптоми на труење побарале лекарска помош. Денеска на Инфективната клиника биле прегледани две дечиња од истата градинка. Се жалеле на повраќање и дијареа. Едното на 5 годишна возраст е хоспитализирано,а другото кое имало една година пуштено е на домашно лекување. […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2013 21:55
•
Posted by: MK News
Во Кочани по кратко боледување почина новинарката Александра Дамевска. Дамевска по завршување на високото образование, првата новинарска работа ја добива во телевизијата Скај во Скопје, а потоа ТВ Кочани. Нескротливиот новинарски жар таа го искажуваше и низ други радија и весници.
______________________________________________________________________________________________________