05/11/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Учениците од средното училиште “Браќа Миладиновци” во Драчево добиле двојазични униформи на македонски и на албански јазик и биле принудени да ги носат под закана дека ќе бидат отстранети од настава, информираат извори на “Вечер”. Средношколците од ова училиште, популарно наречено Ветерина, одбиле да ги носат униформите и затоа поднеле жалба до Државниот просветен инспекторат. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Во саботното извлекување на познатата игра на среќа Лото делчевчанец се усреќи со повеќе од три милиони денари.Тој во дополнителната игра џокер ги имаше добитните шест броеви на своето лото ливче, јавува Делчеводенес.мк. Џокер бројот кој беше извлечен во емисијата беше 9 8 3 1 2 9 и беше истиот како и на неговото ливче, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Во три примероци од храната земена од градинката „Детска Радост“ најдени се показатели за фекално загадување. Во примероците пронајдени се и патогени бактерии, но меѓу нив не е детектирана бактеријата салмонела. Останатите резултати се негативни. Испитани се седум брисеви од работни површини, три испироци од раце и 70 примероци од фецес на вработени и на деца. Во Инфективната […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 21:47
•
Posted by: MK News
Вечерва се случил тежок инцидент во автобус број 65.Две групи на ученици од средните училишта во Скопје, Марија Кири Склодовска и Владо Тасевски, од населбата Аеродром, вечерва околу 19,30 минути на булеварот Кузман Јосифовски Питу кај Транспортниот центар се степаа, при што еден ученик е повреден. Повредениот ученик веднаш е пренесен во Ургентниот центар во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 20:18
•
Posted by: MK News
Во изминатите два дена хит на социјалните мрежи е Јутјуб видеото на кое непознато момче облечено со сино-бел костум со хеланки и со маска на лицето се вози во градски автобус и ги пречекува и испраќа патниците во автобусот кој се обраќа на линијата со број 22 во Скопје, пренесува Плус Инфо. Голема мистерија која […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 16:45
•
Posted by: MK News
Речиси и да нема човек кој не слушнал за пророштвата на Нострадамус, или за видовитоста на баба Ванѓа, но малкумина знаат дека на овие простори живеел уште еден човек со чудесни визии, со пророштва кои во голема мера се обистиниле. Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 16:27
•
Posted by: MK News
Ноќеска од полноќ горивата поевтинуваат за два денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денара, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 16:13
•
Posted by: MK News
СДСМ денеска ги повика премиерот Никола Груевски, и Агенцијата за електронски комуникации, на јавноста да и’ ја соопштат намената на планираната милионска Кула на Водно, пренесува Sky.mk – Дали тоа ќе биде кула за мониторинг, како што е декларирана или ќе биде предавателен пункт за радиодифузија и други комуникациски уреди и служби? – праша на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 16:08
•
Posted by: MK News
Загадувањето на воздухот во Скопје неколку дена ги надминува границите на дозволеното, покажуваат официјалните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош, измерена е вредност од над 180 микрометри на метар кубен што е неколку пати над дозволеното ниво од 50 микрометри. ПМ10 се мали вдишливи честички кои […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 13:50
•
Posted by: MK News
И оваа година се одржа националниот натрпевар во сметање со абакус. Овие мали мозочиња сметаат побрзо од возрасните, решаваат задачи напамет, а резултатот можат да го пресметаат и пеејќи истовремено. Натпреварот се одржа во домот на АРМ. Дечињата имаа само 3 минути да решат неколку табели полни со задачи. А сите од тестот излегоа насмеани. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Горан Пандев тужи туристичка агенција во Италија, која го оштетила за 6.300 евра со злоупотреба на неговата кредитна картичка за плаќање патувања на други лица без негово знаење, пишува весникот „Месаџеро“. Заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано покрена истрага во која засега е осомничена само една жена за поткраднувањето на македонскиот фудбалски репрезентативец во периодот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Лидерот на НСДП Тито Петковски, на конгресот на партијата се извини за коалицирањето со премиерот Никола Груевски во 2006 година. Во говорот на Петковски пред делегатите доминираше критика кон политиките на владејачката партија. Претседателот на НСДП, на крај, презема и одговорност за доаѓањето на Груевски на македонската политичка сцена. “Сносам лична одговорност што во 2006 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°С до […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Зградата што се гради до црквата „Пресвета Богородица“, во која ќе бидат сместени повеќе државни институции и Факултетот за драмски уметности, ќе добие барокна фасада вредна околу 5,5 милиони евра. Ќе ја прават две фирми избрани на тендер што го распиша Службата за општи и заеднички работи при Владата. „Бетон“ за своите градежни работи на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Државата обезбеди поволни кредити за сите што се заинтересирани за изградба или реконструкција на приватни градинки, најави Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата. На тие што планираат да влезат во оваа дејност ќе им бидат достапни четири финансиски програми. Првата линија е од постојниот кредит од ЕИБ преку МБПР при што може да се подигнат од […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 22:07
•
Posted by: MK News
Маја Блажевска, 15-годишното девојче од охридското село Лешани, кое беше пријавено за исчезнато во СВР Охрид, е а е на пат за дома Според пишувањата на „Охрид Њуз“, девојчето се враќа дома во придружба на својот татко. Инаку 15-годишната ученичка во средно училиште во Охрид, пред два дена заминала за Скопје, а вчера во охридската […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 21:10
•
Posted by: MK News
Реакција од ВИП операторот за поплаките на претплатниците дека на сметката им е наплатен награден квиз кои воопшто не го играле. Еве го соопштението од ВИП „Наградниот квиз на Вип и Тераком започна на 16 септември 2013 година. Според правилата на наградната игра достапни на www.vip.mk (http://www.vip.mk/283) , оние корисници кои потврдно одговорија на СМС […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2013 19:51
•
Posted by: MK News
Шеесет и шестгодишен ловџија од Охрид е човекот кој утрово беше нападнат од мечка. Тој завршил со сериозни повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност. Ловџијата бил на лов во Дебарца, во околината на селата Песочан и Ново Село, кога одеднаш го нападнала мечка и му нанела тешки повреди. Веднаш по нападот на ловџијата […]
______________________________________________________________________________________________________