Archive | Македонија RSS feed for this section

Од сабота температури и до минус 14 степени

Во попладневните часови во Македонија, се очекува зголемување на облачноста и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава, соопштија од УХМР, додека за време на викендот иако времето ќе биде посончево температурите ќе достигнат и до минус 14 степени. Врнежите ќе се поинтензивни […]

______________________________________________________________________________________________________

Со семејна фотографија Иванови ја честитаат Новата 2019 година

Претседателот Ѓорѓе Иванов, заедно со неговото семејство објавија честитка по повод Новата 2019 година. Ви посакуваме многу здравје, радост и среќа. На секој предизвик да одговорите со мудрост и со добрина. Од сè срце ви посакуваме Среќна нова 2019 година!Семејство Иванови – напишаа тие на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Иванов ги посети војниците на касарната „Чеде Филипоски -Даме“

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево. Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанкуловска со малиот Петар честиташе Нова година

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на нејзиниот профил на Инстаграм сподели неколку семејни фотографии покрај новогодишната елка. Јанкуловска посака сѐ најдобро во новата година на фотографија со сопругот Влатко и со синот Петар кој има седум месеци, кој позираше со новогодишна капа.

______________________________________________________________________________________________________

Казни до 4.000 евра за неисплата, затвор за барање парите од К-15 да се вратат

Работодавците од приватниот сектор имаат уште само еден ден, понеделник, за да им исплатат К-15 на своите вработени и да избегнат казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа. Законодавецот предвидел и казна затвор од една година за […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Новата година нови, зголемени даноци

Даночна и пензиска реформа, кеш плаќање до 1000 евра, нови правила на зелените пазари, либерализиран пазар на струја се само дел од новините кои стартуваат од денес. По 11 години, рамниот данок заминува во историјата. Ќе се применува прогресивното даночење. На местото на персоланиот данок се воведува данок на личен доход. Доход до 90.000 денари […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре снег, до 20 сантиметри на планините

Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава. Како што информира УХМР, насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 сантиметри, на планините и над […]

______________________________________________________________________________________________________

Ведран е првото бебе во 2019 година

Ведран е првото бебе кое се роди во 2019 година на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, една минута по полноќ. Бебето е прво дете на 25-годишната скопјанка Александра Ангеловска, тешко 3.920 грама и долго 52 сантиметри. Министерот за здравство Венко Филипче, кој го посети Ведран заедно со министерката за […]

______________________________________________________________________________________________________

Бадник, 6 јануари, неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 6 јануари 2019 година (недела), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Опасно заболување се шири во Штип: Едно лице почина, уште тројца заболени

Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња, објави Независен. -Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатен паркинг на 1 и 2 јануари на паркиралиштата на ПОЦ

Сите паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) на 1 и 2 јануари ќе бидат бесплатни. Од „ПОЦ“ информираа дека денеска отворените паркиралишта со кои стопанисуваат ќе работат до 15 часот, а затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот. Шалтерите за издавање на на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајката скршена од болка: „Моето дете го нема 19 дена, да беше игла на министер до сега ќе го најдеа“

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 19 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навачер. Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода“ со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони. Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која […]

______________________________________________________________________________________________________

И Мијалков замина во куќен притвор, Јанева верува дека нема да има бегства

И поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е еден од осомниченте во случајот „Империја“ доби мерка куќен притвор, откако претходно таква мерка беше изречена за преостаните притворени за случајот, Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Цветан Панделевски. Апелацискиот суд Скопје на затворена седница за јавноста донесе одлука мерката притвор да се замени со […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец облечен како Дедо Мраз делеше пакетчиња на дечиња на улица (ВИДЕО)

Секој може да усреќи некого – со ова мото скопјанецот Дарко Јефремов се облече во Дедо Мраз и себе и неговото кученце и замина низ скопските улици да подели насмевки на дечиња кои ги затекна.. Со свтомобил полн со подароци возеше низ улиците и на сите дечиња кои ги начека на семафори или низ трговскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мијалков замина во куќен притвор

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“. -Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од […]

______________________________________________________________________________________________________

Дескоска: На амнестираните им простивме, но не заборавивме

Последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна. Ова го изјави министерката за правда рената Десковска за Независен. – Секогаш досега, законите за амнестија содржеле исклучување на одредени дела. Сепак факт е дека исклучувањето во последниот закон е направено на еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева: Убедени сме дека Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да избегаат

Убедени сме дека Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да се дадат во бегство затоа побаравме за нив домашен притвор. Ова за Канал5 го изјави специјалната обвинителка Катица Јанева. Во однос на критиките на министерот за внатрешни Оливер Спасовски, Јанева порача дека е не е компетентен и дека треба да се грижи за својата работа.

______________________________________________________________________________________________________

Засега 15 амнестирани и 14 не амнестирани

Во понеделник ќе бидат познати имињата на сите амнестирани, кои беа обвинети за насилството во Собранието на 27 април. Досега, по донесувањето на Законот за амнестија, 15 лица се амнестирани, а 14 не. Беа амнестирани и водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски. Илиевски на фејсбук помеѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1