28/12/2018 16:45
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје. Истовремено, додава Апелацискиот […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:42
•
Posted by: MK News
Активистот на шарената револуција, Љуми Бекири, на неговиот фејсбук профил одговори на потегот на ракометарот Столе Стоилов, кој демонстративно ја напушти манифестацијата за доделување на награди за спортист на годината, затоа што била двојазична. Бекири порачува дека насекаде ја гледа алергијата кон албанскиот јазик и дека албанскиот јазик е реалност а сите оние кои не […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:36
•
Posted by: MK News
Одлуките за помилување ги донесов за да спречам хаос во државата, а одлуката за амнесија се донесе за да се озаконат уцените со кои се создава хаос и се руши правната држава. Ова го порача денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање во Собранието, наведувајќи дека разликата помеѓу неговите помилувања од 2016 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:34
•
Posted by: MK News
Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по три барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:28
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дава одлика на конзистентен политичар кој се држи до оние принципи врз основа на кои што го добил мандатот од граѓаните и до Уставот на Република Македонија врз кој дал заклетва дека ќе ја врши својата должност и функција, оцени денеска пратеникот Антонијо Милошки пратеник од ВМРО-ДПМНЕ по новогодишното […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:26
•
Posted by: MK News
Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот од ДУИ, Артан Груби коментирајќи го годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието, рече дека единствено добро е што ова е негово последно обраќање. Тој предложи паролата „бојкотирам“ на невладината организација да се преименмува во „Иванов“. Инаку на собраниската седница на која се обрати […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета. Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 16:23
•
Posted by: MK News
Од таканаречена заробена држава чувствувам дека станавме и уценета држава. Од надвор не уценуваат соседите, внатре се уценети многу носители на одлуки. Без правда нема вистинско помирување, донесената амнестија е преседан, порача претседателот Ѓорге Иванов. -Не може да ја сакате Македонија а да не го сакате и македонскиот народ, зошто ние да бидеме единствен држава […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 08:01
•
Posted by: MK News
Се најавува тужба против државата од страна на новинарите – собраниски известувачи за настаните на 27 април во собранието. Новинарот на Телма Боби Христов на својот фејс профил вчера напиша… Почитувани колеги, во 14.00 пред Собрание ќе се обзнани иницијативата за покренување тужба против државата од страна на собраниските известувачи од настаните на 27 Април. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:54
•
Posted by: MK News
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска од собраниската говорница ќе го оддржи традиционалното новогодишно обраќање. Ова ќе е неговиот последен новогодишен говор бидејќи по истекот на овој негов втор мандат тој нема право да се кандидира по трет пат на следните избори во мај. Иванов годинава веќе одржа два говори со кој остро го искритикува […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:46
•
Posted by: MK News
Остри се реакциите на Твитер заедницата во Македонија по одлуката на Специјалното Јавно Обвинителство за ублажување на мерките против обвинетите во случајот под кодно имет „Империја“. Во овој случај обвинети се Сашо Мијалков и Орце Камчев, а најгласни се твитовите дека Мијалков од Шутка треба да излезе со маичка од СЈО. Eве дел од најинтересните […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:42
•
Posted by: MK News
Поевтино парно во следната грејна сезона, но и помали трошоци за производство во индустријата. Цената за пренос на природен гас ќе се намали за 12%, објави Регулаторната комисија за енергетика. За 3% ќе поевтини и цената за дистрибуција на природен гас во ТИРЗ-овите. “Се надеваме дека ова намалување на цената за пренос наприроден гас, кое […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:40
•
Posted by: MK News
Досега 12 лица обвинети од предметот „27 април“ имаат добиено решение за амнестија согласно Законот за амнестија. -Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски, Јохан Тарчуловски се […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2018 07:34
•
Posted by: MK News
Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор. Двајцата се осомничени во истрагата на СЈО, „Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Бизнисмените Орце […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 20:42
•
Posted by: MK News
Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна, вели меѓудругото американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото, кое пред неколку дена го испратил до претседателот Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Во писмото, кое е со датум од 18 декември Бејли бара од судии да не ја посочуваат Амбасадата на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 17:34
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство не се откажува и категорично ќе бара да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини. Решението треба да го даде мултисекторската група со членови од неколку министерства кои ќе ги усогласуваат законите и правилниците поврзани со ова прашање. Филипче вели дека се загрижувачки податоците дека 20 проценти од првачињата не […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 17:32
•
Posted by: MK News
Јордан Камчев и Цветан Панделевски осомничени во предметот „Империја“ на СЈО, излегуваат од затворот Шутка. Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на двајцата им определи мерка куќен притвор. Како што соопшти Апелациониот суд Скопје, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Јордан Камчев од Скопје и […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2018 15:34
•
Posted by: MK News
Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија постави до премиерот Зоран Заев прашање за неговото видување за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли до Основниот суд Скопје 1 до Владате преку министерството за правда до […]
______________________________________________________________________________________________________