Archive | Македонија RSS feed for this section

Џолев: Амнестирани се 12 лица за „27 април“, меѓу нив и петмината пратеници

Досега 12 лица обвинети од предметот „27 април“ имаат добиено решение за амнестија согласно Законот за амнестија. -Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски, Јохан Тарчуловски се […]

______________________________________________________________________________________________________

Камчев и Панделески излегоа од истражниот затвор „Скопје“

Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор. Двајцата се осомничени во истрагата на СЈО, „Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Бизнисмените Орце […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве што се вели во писмото на Бејли за судиите

Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна, вели меѓудругото американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото, кое пред неколку дена го испратил до претседателот Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Во писмото, кое е со датум од 18 декември Бејли бара од судии да не ја посочуваат Амбасадата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче категоричен – да не се дозволи упис на деца во градинка или училиште без примена МРП вакцина

Министерот за здравство не се откажува и категорично ќе бара да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини. Решението треба да го даде мултисекторската група со членови од неколку министерства кои ќе ги усогласуваат законите и правилниците поврзани со ова прашање. Филипче вели дека се загрижувачки податоците дека 20 проценти од првачињата не […]

______________________________________________________________________________________________________

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Јордан Камчев и Цветан Панделевски осомничени во предметот „Империја“ на СЈО, излегуваат од затворот Шутка. Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на двајцата им определи мерка куќен притвор. Како што соопшти Апелациониот суд Скопје, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Јордан Камчев од Скопје и […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ќе иницира истрага за наводите на Бејли во писмото до судиите

Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија постави до премиерот Зоран Заев прашање за неговото видување за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли до Основниот суд Скопје 1 до Владате преку министерството за правда до […]

______________________________________________________________________________________________________

Измени во кривичен законик – половина постапки на СЈО во вода

Се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки. Тоа го овозможи денешното усвојување на измените на Кривичниот законик од страна на Собраниската Комисија за политички систем. Според некои толкувања со овие измени обвинетите за такви дела би можело да поминат и со условна казна. Пратениците во скратена постапка во Комисијата за […]

______________________________________________________________________________________________________

Камчев чека одлука од Апелација, одбраната на Мијалков се надева на позитивно мислење од СЈО и за него

Од Специјалното јавно обвинителство одговорија позитивно на барањата за Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ мерката притвор да им биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор. За Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“, сè уште нема дадено мислење. СЈО одговори позитивно и на барањата на обвинетиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Дежурни градинки ќе ги згрижат децата на 2 јануари 2019 година

Градинките згрижувањето на децата на 2 јануари 2019 година ќе го организираат во еден од објектите на установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика. – Со оглед на тоа дека 2.01.2019 година е можно да биде работен ден за дел од приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО предлага: Домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски

За Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор, потврдија за МИА од Специјалното јавно обвинителство. Оттаму велат дека за Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“ се уште нема дадено мислење. Предлогот за преиначување на мерката […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео од моментот кога Стоилов стана против двојазичноста

На свечениот собир по повод доделување на наградите за „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за Млади и Спорт, капитенот на ракометниот клуб Вардар демонстративно станал и заминал. Македонскиот репрезентативен пикер бил револтиран од одлуката на организаторот манифестацијата за првпат да има двојазичен карактер, односно освен македонскиот јазик, да се зборува паралелно и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Со 62 гласа Собранието ги разреши Ќахил и Ахмедовски – Елвин Хасан и Музафер Бајрам нови министри

Со 62 гласа „за“ во Собранието, на предлог на Владата, попладнево беа разрешени министрите, Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски. Аднан Ќахил беше разрешен од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата. Аксел Ахмедовски ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Со измените на Кривичниот закон, ќе има ли “амнестија” и за обвинети и од СЈО?

Измените во овој закон всушност подразбираат намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки. Се предлага менување на член 353 од Кривичниот законик. Ставот од Законот со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорност […]

______________________________________________________________________________________________________

Стоилковски: Владејачката СДСМ прави партизација на институциите во Република Македонија

Зоран Заев без трошка срам по две години, по половина мандат владеење, признава дека има партизација и дека нема никаков план за младите. Тој ниту знае, ниту може да го спречи иселувањето, а не пак како што велеше да ги врати според него 600.000 иселени граѓани! Не поминува конкурс во којшто не се вработува ќерка, […]

______________________________________________________________________________________________________

2 јануари нема да се работи но денот ќе се одработува

На 2 јануари нема да работат вработените во јавната и државната администрација, а препорака е оваа одлука да ја следат и единиците на локалната самоуправа и приватниот сектор. Неработниот ден ќе се одработи во текот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи бидејќи се […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО: Отфрлена кривична пријава за новинарот Тричковски за колумна каде го нарекува Иванов „Лудакот од Паљурци“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на писменото известување – кривичната пријава поднесена против едно лице за сторени кривични дела: Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 1, Убиство на претставници од највисоките државни органи од член 309, Повикување на насилна промена на уставниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Да и помогнеме на малата Бисера од Велес

Почитувани, На малата  Бисера од Велес и е дијагностицирана  ретка аномалија од раѓање, наречена белодробна артериска прашка, каде што нејзината пулмонална артерија е завиткана околу нејзината трахеа. Ова резултира со трајно оштетување и предизвикува нејзината трахеа да се стеснува на половина од нејзината нормална големина. Таа има потреба од две итни операции, со цел да […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам. Собранието, исто така на предлог […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1