19/05/2018 13:20
•
Posted by: MK News
Македонија воведува официјална забрана за увоз на пилешко и говедско месо од Бразил од одреден број на компании, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство на својата веб страница. Оваа забрана ја вовела Евроспаката унија, а според информациите, земјава ги следи нивните чекори. Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение информира дека во соработка со […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2018 13:09
•
Posted by: MK News
Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски. Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат ослободени од затвор, јави дописничката на МИА од Атина Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошковски илегално ја напуштиле […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2018 12:53
•
Posted by: MK News
На иницијатива на премиерот Зоран Заев денеска во Скопје треба да се одржи лидерска средба за да ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. – Би сакал […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:29
•
Posted by: MK News
Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев за лидерска средба во врска со името. Шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна Влада лидерска средба. Шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:27
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 2 донесе решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на компанијата Производство на топлина Балкан енерџи од Скопје, информираат од компанијата. – Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до Судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:25
•
Posted by: MK News
Газда Зеко…не е фер.Од кога фајронтот волку рано? Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани… Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот. Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери? “Пријатељу“ Зеко…не остави и без зборови и без солзи… И да знаеш, ти беше еден […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:22
•
Posted by: MK News
Владата ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата што во текот на вчерашниот ден се појави во одредени медиуми дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“. „Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:17
•
Posted by: MK News
Наредната недела следи продолжен викенд. Неработен ден е 24. Мај, (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Неработен е и 25. Мај Духовден. Не се работи ни за Националниот ден на Власите, 23 Мај. Тогаш одмараат Власите.
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2018 13:15
•
Posted by: MK News
МНР испрати и официјална реакција надлежните служби во Унијата заради погрешното именување на нашиот јазик на веб страната на Унијата. „Би сакале да ве информираме дека Министерството за надворешни работи, преку Постојаната Мисија на Република Македонија во ЕУ, испрати официјална реакција до надлежните служби во Унијата, а во врска со погрешното именување на нашиот јазик […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 20:57
•
Posted by: MK News
На „Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржа во Софија, макеоднскиот јазик во официјалните документи беше претставен како јазик на Поранешната југословенска Република Македонија. Ова за многумина беше изненадување со оглед на тоа што досега користењето на јазикот како македонски не беше проблем за ЕУ. Иако, во Европската унија јазикот на државата е признат […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 20:47
•
Posted by: MK News
Денеска во Скопје по кусо боледување почина Горан Атанасов Зеко познат скопски угостител и своевремено пејач, и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-ти години. Заедно со Сашо Пижевски – Пиже и Игор Џамбазов е основач и член на култната група Хавана Бенд, која беше своевидна атракција […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 20:43
•
Posted by: MK News
Нема никакви докази против мене. Обвинет сум за сакање, дека сум сакал да се набави возило. Обвинет сум зошто кога немало, ме возеле во друго возило. Генерации ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер. Ова е само дел од она што го кажа Никола Груевски како одбрана во неговите завршни зборови во случајот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 20:40
•
Posted by: MK News
Опцијата за името која што би можела да биде прифатлива од двете страни, е комплетно решение, рече премиерот Зоран Заев на попладневната заедничка прес-конференција во Скопје со британската премиерка Тереза Меј, а во врска со средбата со неговиот грчки колега во Софија.– Едно е сигурно, пријателството ќе расте помеѓу Македонија и Грција и од тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 20:37
•
Posted by: MK News
„Република Илинденска Македонија“ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонска страна во преговорите, пренсува весникот „Коха“ и порталот А1ОН. Името „Република Илинденска Македонија“ би било за севкупна употреба.
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 17:54
•
Posted by: MK News
Големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива. Граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото.Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој на Самитот на ЕУ за Западен Балкан оствари средба со […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 17:45
•
Posted by: MK News
„Св. Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители, 24 мај (четврток), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 17:41
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј уште еднаш се заблагодари на поддршката што доаѓа од Велика Британија. „Со вашето присуство премиерке потврдивте дека Велика Британија останува посветена на регионот. Сакам да посочам дека Македонија од заробена држава ја поставиме во институционална демократија. Овој исчекор го докажавме и со реализацијата […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2018 17:29
•
Posted by: MK News
Македонија и Грција имаат опција која и за двете страни може да биде прифатлива, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Заев оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји. […]
______________________________________________________________________________________________________