08/07/2017 22:37
•
Posted by: MK News
Зоран Заев и претседеавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ гостуваа во Дневникот на ТВ1. Заев: Задоволство е што сум овде бидејќи за нас Македонија, Сараево е бајка. Македонија и Босна Херцеговина немаат отворени прашања. Не сме имале ниту во минатото, ниту пак сега. Тоа се одлични перспективи за добра […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:30
•
Posted by: MK News
Затруени се 25 вработени од фабриката „Леар“, во ТИРЗ Тетово. Првите знаци на труење најпрвин добиле четири лица. Тие утринава појадувале салама и паштета. За кратко почуствувале симптоми на гадење, вртоглавица, повраќање. Побaрале помош од Брзата помош во Тетово, која веднаш со свои екипи пристигнала во кругот на фабриката. – Ние веднаш интервениравме кај четворица […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:28
•
Posted by: MK News
Во Охрид е мирно- нови потреси не се регистрирани, но вчера охриѓани останаа без сон по новата серија потреси, од кои еден беше со јачина од 4,2 степени по Рихтер. Овој потрес се случил околу полноќ, а епицентарот се наоѓал на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. Следеле и потреси […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:27
•
Posted by: MK News
Боки 13 изјави дека сака да посвои три деца. Боки 13 најави дека во понеделник ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика. Нагласи дека очекува позитивен одговор. Донесов одлука, како самец, човек кој што не е во никаков брачен или партнерски однос да посвојам три деца кои што ќе бидат од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:24
•
Posted by: MK News
Зголемен е бројот на пациенти кои побарале интервенција поради убод од крлеж, информира Итната медицинска служба во Делчево. За три недели се третирани петанесетина пациенти. – Имаме зголемен број пациенти кои побарале помош поради убод од крлежи. Сите се во добра здравствена сотсојба и се пуштени дома. Имавме интервенции кај деца, но и кај повозрасни. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:23
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервју за ТВ Нова, кажа дека партијата знаела како е да се биде во опозиција, но и дека знае како да се врати од опозиција на власт.Груевски во гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени веднаш да има предвремени парламентарни избори. Тој објасни и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 17:04
•
Posted by: MK News
Попладнево точно во 12.13 часот земјотрес со магнитуда од 2, 5 степени го погоди подрачјето на Ресен. Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри западно од ресенското село Јанковец. Ноќеска и рано утрово четири посилни потреси се забележани во охридскиот регион.
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 16:57
•
Posted by: MK News
Ненајавените инспекциски надзори во скопските клиники ќе продолжат и во текот на викендот, како и следната недела, вели во пишаната изјава за медиумите министерот за здравство Арбен Таравари. Предвидено е, посочува Травари, да се изврши надзор во сите универзитетски клиники, како и во други јавни здравствени установи низ државата. Според него, целта е одблиску да […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 16:56
•
Posted by: MK News
За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе биде сончево и топло, а веќе од четврток синоптичарите најавуваат пад на температурите за околу пет степени. До четврток под влијание на топла воздушна маса во Македонија ќе преовладува топло време со максимални температури до 39-тиот степен, а во вторник и среда се очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 16:55
•
Posted by: MK News
Општата санитарно-хигиенска состојба на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно, покажал синоќешниот вонреден инспекциски надзор спроведен од инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од Кабинетот на министерот за здравство Арбен Таравари. При надзорот спроведен по насока на министерот Таравари, е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 16:53
•
Posted by: MK News
Скопското Јавно обвинителство по спроведување детална и сеопфатна истражна постапка и утврдување на фактите во предметот за кривично правниот настан во Тутунска Банка денеска до скопскиот Кривичен суд поднесело обвиненија со кои се опфатени осум лица, заедно со предлог мерки за обезбедување присуство. – Обвинителството утврди дека во периодот од 31.03.2017 година до 08.04.2017 година, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 16:10
•
Posted by: MK News
Следува период на претежно сончево и топло време. Во текот на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, ќе има и услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во сабота кон недела. Дневната температура во наредните денови ќе биде во покачување.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 16:09
•
Posted by: MK News
Најновиот земјотрес е 4 степени по Рихтер и епицентарот е во истото подрачје, од кое потекнуваат над 1300 земјотреси кои се случија во нешто повеќе од две недели.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 15:56
•
Posted by: MK News
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера платило 35.000 евра членарина во ФАО, сума која Македонија ја должела три години и поради што со допис била информирана дека ако не ја подмири, ќе биде исклучена од организацијата и без право на глас. Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, долгот бил 44.000 евра и […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 15:45
•
Posted by: MK News
Додека во Собранието тече седницата на чиј дневен ред е предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија, веќе се знаат дел од имињата кои ќе конкурираат за тоа место. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ е еден од првите кој јавно за „Плусинфо“ потврди дека ќе се кандидира за нов Јавен обвинител […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 15:40
•
Posted by: MK News
Скопската епархија на МПЦ-ОА, ги демантира пишувањата на дел од медиумите дека за 180.000 евра, купила луксузен глисер. Епархијата со која раководи Архиепископот, вели дека пловниот објект кој се наоѓа на пристаништето во Калишта на е сопственост на МПЦ, туку на фирмата „Сис Тревал Груп“, а МПЦ отстапила простор за чување на глисерот. – Имено, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2017 16:20
•
Posted by: MK News
18 дена Охрид не престaнува да се тресе . Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во главниот туристички центар и околината. Епицентарот бил во раседот помеѓу селата Косел, и Јанкоец. Најсилниот беше 5 минути после полноќ чија магнитуда достигна 4,1 според Рихтер а по него следеа и неколку помали потреси. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Од Црвениот Крст на Охрид информираат дека деновиве кога владее паника кај населението од земјотресите кои го тресат градот, се појавиле измамници кои лажно се претставуваат како вработени или членови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите, по што тие ги ограбуваат.Од Црвен крст со совет граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________