Archive | Македонија RSS feed for this section

Ермира Мехмети: Ме уценуваат со монтирани снимки

Пратеничката Ермира Мехмети денеска го повика Специјалното јавно обвинителство да поведе постапка во врска со снимка од приватен телефонски разговор кој неодамна се појави на Јутјуб, а за кој се тврди дека е меѓу вицепремиерот Муса Џафери и Мехмети. – Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ ја напушта Владата – Ахмети ги повлекува своите министри

Централното раководство на ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопштија вечерва од партијата. Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. Демократската […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопските доктори и ја променија судбината на Исидора Бјелица

Исадора Бјелица дознала неодамна дека лекариските анализи се позитивни и дека нејзиното здравје се подобрува. Таа во вторникот во Скопје ја примаше и последната терапија. – Уште само една превентивна терапија, а потоа конечно борбата и верата и надежта дека хроничната пеколна болест, со помош на Божјата милост, повеќе да не се врати. Благодарам на […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Отруен лебед во струшко Радожда

Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и Animal World од Струга на своите Фејсбук страници објавија дека на езерското крајбрежје во струшкото село Радожда бил пронајден угинат лебед, кој најверојатно бил отруен. Покрај лебедот отруени биле и уште три мачки и едно куче, пренесува Ohrid news.

______________________________________________________________________________________________________

Забрана за ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија (ДИК) по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб страница и донесе две привремени решенија. Со едното, како што соопшти, се забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре ново намалување на цените на лековите

Од утре стапуваат на сила новите намалени цени на 165 лекови (оригинатори и генерички лекови). Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра. […]

______________________________________________________________________________________________________

Балканското досие – од Македонија 207 се бореле за ИС

Во Сараево се одржува конференција „Балкански џихадисти: радикализација и регрутирање борци за Сирија и за Ирак“, која ја организира Балканската истражувачка регионална мрежа (BIRN) каде се прикажани резултатите од анализата на радикализацијата и регрутирањето на џихадисти од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Србија, а податоците се алармантни. Според изнесеното на конференцијата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Фантоми во Собранието: И Павле Трајанов е фантомски гласач

Се зголемува бројот на апсурдни примери од листата која ја објави ДИК, а на која се наоѓаат т.н. неконзистентни гласачи. Најнов фантом и непостоечки граѓанин според СДСМ е Павле Трајанов, поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот Сојуз. Трајанов не е ниту единствениот пратеник кој е на списокот на сомнителни гласачи, а бројот […]

______________________________________________________________________________________________________

Притвор за началникот на петта управа на МВР

30 дена притвор му одреди Кривичниот суд на Г Г, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Судот го уважил барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерката притвор поради основано сомневање за уништување на опремата за прислушување и фалсификување документи. Тој  се појави на распит во Основниот суд Скопје 1, кој траеше речиси осум часа. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Големо свлечиште – отсечени три кривопаланечки села

Големо свлечиште на локалниот патен правец од Крива Паланка до селата Дурачка Река и Станци предизвика прекин на сообраќајот со три кривопаланечки села. Увид на лице место изврши градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, екипи од стручните служби од општината и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Се бара итно решавање на проблемот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови правила за автошколите и полагање возачки испит

Министерство за внатрешни работи подготви правилник со кој се пропишуваат поблиските критериуми, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи, пишува emagazin.mk И покрај протестите на автошколите МВР во правилникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве какво ќе биде времето овој месец

Во деновите што следат може да очекуваме пораст на температурите, а потоа нивно нагло опаѓање.

______________________________________________________________________________________________________

Нови авиолинии: Два пати неделно од Скопје за Берлин, Копенхаген и Братислава

Двапати неделно од скопскиот аеродром до Берлин, Копенхаген и Братислава. Со новите три нискобуџетни авиолинии за годинава „Виз-ер“ има на располагање повеќе од еден милион седишта, што е пораст на капацитетот за 22 процентa повеќе од лани. Од 20-ти јуни најавија и нова линија од Скопје до Хамбург, ќе биде замена за досегашната до аеродромот […]

______________________________________________________________________________________________________

Не отворајте му врата на инкасатор без униформа

Околу 150 вработени во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, шалтерски работници и инкасатори добија нови униформи. Оваа инвестиција чини 3,8 милиони денари. Вработените ќе добијат две зимски и две летни униформи, кои се состојат од палто, панталони и кошула во темно сина боја. На левата страна од палтото е лого на претпријатието, а вработените […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО издало наредба за приведување на висок функционер на УБК

Полицијата трага по високиот функционер на УБК Горан Грујоски, по барање од обвинителството поради можност за бегство. СЈО поднело барање и до судијата во претходна постапка да даде налог за претрес на домот на Грујоски, што судијата одбил. По издавањето на налогот од СЈО, полицијата се упатила кон домот на Грујоски, но тој не бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски Нострадамус – Еве ги пророштвата на Зафир од Шопско Рударе

Речиси и да нема човек кој не слушнал за пророштвата на Нострадамус, или за видовитоста на баба Ванѓа, но малкумина знаат дека на овие простори живеел уште еден човек со чудесни визии, со пророштва кои во голема мера се обистиниле. Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина […]

______________________________________________________________________________________________________

12 годишното девојче кое беше најдено мртво, се лизнало во бањата – починала од повредите

Дванаесетгодишното девојче од Вратница што завчера беше пронајдено мртво во семејната куќа најверојатно се лизнало во бањата каде се капело и починало од здобиените повреди, велат извори од обвинителство. За време на несреќата таа била сама дома, а кога таткото ја нашол во купатилото веќе било доцна за помош. Според кажувањата на таткото, девојчето влегло […]

______________________________________________________________________________________________________

Проверете дали ве има на списокот за теренска проверка што го објави ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) пред малку на официјалната интернет страница го објави списокот на гласачи кои се проверуваат теренски по име презиме и адреса на живеење. ДИК вчера со пет гласа за и четири против, реши овие информации да бидат достапни за јавноста. Списокот е достапен на овој линк

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1