07/11/2015 13:02
•
Posted by: MK News
Група поврзана со “Исламска држава” (ИД), прошири ново видео во кое пак тврди дека токму ИД го собори рускиот авион над Синај. Џихадисти веќе ја презедоа одговорноста за трагичниот инцидент, во кој загинаа над 220 лица. Москва тврди дека е премногу рано да се утврди дали станува збор за терористички акт или технички проблем со авионот, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 12:46
•
Posted by: MK News
Една 85-годишна Австријка искинала на ситни парчиња пари во вредност од речиси милион евра за да им наштети на своите наследници, јавија австристриските медиуми. Имено, по смртта на старицата, чие име не е наведено, на нејзинот кревет во собата во Домот за стари лица каде живеела, биле пронајдени искинати банкноти во вкупна вредност од 950.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 12:16
•
Posted by: MK News
Научниците на НАСА соопштија важно откритие – според нив, планетата Марс некогаш имала слична атмосфера како на нашата Земја, но таа се намалила поради влијанието на соларните ветрови. Во минатото соларните ветрови биле многу чести, а токму поради тоа, Марс забрзано ја изгубил атмосферата. Научниците објаснија дека тоа не било случај со Земјата поради силното […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 11:06
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да се суспендираат сите летови од земјата до Египет по авионската несреќа на полуостровот Синај. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Путин и наредил на владата да предложи механизам за враќање на руските граѓани од Египет. На состанокот на рускиот комитет за антитероризам, шефот на Федералната служба за […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 11:02
•
Posted by: MK News
Марс денес (и покрај присуството на мала количина на течна вода) е сува, замрзната планета. Но, ова не било отсекогаш. Во далечното минато Марс, најверојатно, бил топол и влажен, многу сличен на Земјата. Значи што се случило тоа да се промени? Благодарение на најновите податоци од мисијата на орбитерот на НАСА, Мисија за истражување на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 10:42
•
Posted by: MK News
Мајка го снимила своето синче како умира. Ники и Нејт имаат три деца. Во моментот додека ги снимале своите помлади синови, најстариот син Гевин играл сам, во близина на прозорецот, пренесе британски Daily Mail. Мајката снимајќи ги децата, не забележала дека Гевин случајно си замота јаже околу вратот и почна да се дави. Во еден […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 10:34
•
Posted by: MK News
Телото на девојчето, чија фотографија како гледа кон аеродромот го обиколи светот, било пронајдено на повеќе од 30 километри од местото каде што се урнале поголемиот дел од остатоците од авионот. Тоа сугерира дека рускиот патнички авион експлодирал многу порано, отколку што се претпоставуваше, објавува „Дејли меил“. Најмладата жртва, десетмесечната Дарина Громова, можеби е клучот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2015 10:22
•
Posted by: MK News
Записот од рекордерот од авионот „Airbus A321“ на руската воздухопловна компанија „Кигалимавиа“ кој со 224 патници и членови на екипажот се урна минатата саботи во Египет укажува дека се случила експлозија во авиони, која не е поврзана со дефект на моторот, објави француската телевизија France 2 повикувајќи се на еден истражувач, чијшто идентитет не го […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 18:10
•
Posted by: MK News
Извор на американски магазин тврди дека Хари ќе мора да признае на девојката која кралското семејство сигурно нема да ја прифати за снаа. Помладиот син на Принцот Чарлс, принцот Хари, наводно му соопштил на неговото семејство дека ќе стане татко. Оваа информација ја збеснала кралицата Елизабета, пишуваат американските медиуми. Принцот наводно и направил дете на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 12:03
•
Posted by: MK News
Момчето извлечено од уништениот труп на рускиот товарен авион, кој се урнал во Јужен Судан имало луда среќа. Тоа е едно од двете лица кои биле извлечени живи од остатоците на авионот. Момчето со потекло од Јужен Судан било извлечено од трупот со полесни повреди. Детето кое нема ни една година, станало херој на несреќата […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 11:14
•
Posted by: MK News
Славната колумбиска актерка Адријана Кампос и нејзиниот сопруг Карлос Ринком трагично настрадаа во сообраќајна несреќа кога од засега сеуште неутврдени причини, со автомобилот излетале во реката Каука. Трагично настраданите оставија зад себе едногодишен син. Актерката глумеше во неколку теленовели кои се емитуваа и на нашите простори!
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 10:46
•
Posted by: MK News
Едно американско дете, кое на петгодишна возраст исчезна од сојузната држава Алабама, по 13 години е пронајдено живо и здраво. Во 2002 година, малиот Џулијан Хернандез, не се врати од училиштето во својот дом, па локалната полиција започна со потрага, стравувајќи дека детето можеби е грабнато, а потоа и убиено. Откако не беа најдени никакви […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 10:33
•
Posted by: MK News
ХИВ позитивен Колумбиец починал од рак кој се развил во тенијата која го нападнала неговиот желудник. Ова е прв ваков забележан медицински случај во кој пациент починал од клетки на канцер кои не потекнувале од неговото тело, пренесува Newsweek. Со рендгентски снимки се утврдило дека на белите дробови и црниот дроб на 41-годишниот маж се […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Во директна борба, во случај на конвенционален конфликт, Русите буквално би го урнале моќниот САД, тврди пензионираниот американски полковник Даглас Мекгрегор за магазинот „Политико“. Без оглед на големината на воениот буџет, Армијата на САД не е толку силна како што многумина мислат и сигурно е дека Русите би ја поразиле во случај на директен конфликт […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 09:21
•
Posted by: MK News
Турција планира следните денови да почне воена офанзива на ИСИС, прва осомничена за крвавиот напад во Анкара минатиот месец, рече турскиот министер за надворешни работи Ферудин Синирлиоглу. Турската војска која минатото лето тргна во војна против тероризмот, до сега своите операции ги сконцентрира на бунтовниците на Работничата партија на Курдистан. После самоубиствениот напад во кој […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2015 09:06
•
Posted by: MK News
Патнички воз во Германија се судрил на железнички премин со камион, има податоци за бројни жртви и повредени, објави агенцијaта DPA повикувајќи се на локалната полиција. Инцидентот се случил во јужната сојузна покраина Баварија, објави агенцијата на својот профил на Twittter. Според изворите на DPA, судирот бил проследен со експлозија. Во патничкиот воз, кој сообраќал […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2015 20:18
•
Posted by: MK News
Холандското Министерство за надворешни работи реши привремено, до крајот на оваа недела, да ги прекине сите летови од Холандија до египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк и летовите над Синајскиот Полуостров, соопшти весникот „НЛ тајмс“, цитиран од руските медиуми. Претходно истото го стори и Велика Британија. Решението на Холандија е донесено по консултациите, поврзани со несреќата на рускиот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2015 20:16
•
Posted by: MK News
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендирала сите летови до и од египетското одморалите Шарм ел Шеик поради актуелната ситуација на полуостровот Синај. Авиокомпанијата објави дека ќе бидат суспендирани летовите на нејзините фирми – ќерки „Еделвајс“ и „Џерман вингс“ во наредните две недели. Луфтханза работи со германското Министерство за надврорешни работи на организирање безбедно враќање на сите […]
______________________________________________________________________________________________________