23/11/2018 22:45
•
Posted by: MK News
Маж облечен во флуоресцентен елек се заканил дека ќе активира гранати , доколку не го види претседателот Емануел Макрон. Министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастанер соопшти дека маж се заканувал дека ќе активира граната во близина на бензинска станица во градот Анже на западот на земјата. Тој на преплашените луѓе им викал дека […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 15:39
•
Posted by: MK News
Холандската полиција привела момче осомничено за перење пари откако кај него пронашла 350.000 евра, сокриени во машина за перење. Полицијата во соопштение навела дека полицајците парите ги откриле во текот на претресот на куќата во потрага за нерегистрирани станари во западниот дел на Амстердам, пренесува „АП“. На фотографијата објавена на сајтот на полицијата се гледа […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“. Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти. – Станува збор за поранешен лидер на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 15:20
•
Posted by: MK News
Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек, што се смета за едно од најтешките злосторства во 36-годишната граѓанска војна во оваа јужноамериканска земја. Обвинителите изјавиле дека поранешниот војник Сантос Лопез учествувал во масовните убиства во 1982 година на речиси сите мажи, жени и деца во руралното земјоделско […]
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2018 14:59
•
Posted by: MK News
Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти. – Нема бегање од владеењето на правото, изјави портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас. Тој порача дека одлуката за доделување на азил за Груевски е одлука на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил. – Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:46
•
Posted by: MK News
Американските истражни органи ги утврдуваат причините за смртта на балерина од Сент Луис , чие тело било најдено во езеро во државата Мисури. Телото на Рафаела Мари Строик (23) е најдено во средата во езерото ,,Марк Твен” , на 160 километри северозападно од Сент Луис. Нејзиното исчезнување било пријавено во вторникот , кога автомобилот и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:43
•
Posted by: MK News
Бездомникот од Филаделфија, Џони Бобит Помладиот, минатата година го привлекол вниманието на јавноста кога последните 20 долари и ги дал на една жена. И покрај приказната која го воодушевила светот, сега се открила вистинската приказна. Кејт Меклур останала без гориво таа вечер и не знаела што да прави и каде да се јави. Џони и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:37
•
Posted by: MK News
Елеганцијата, стилот и софистицираноста имаат едно друго име, а тоа гласи Шехјха Мозах бинт Насер. Сопругата на катарскиот емир и една од неговите три сопруги ја заслужува секоја минута на внимание на светските медиуми. Нејзината најважна титула се секако нејзините деца, таа има пет сина и две ќерки.Сопругата на емирот на Катар станала во 1977 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:13
•
Posted by: MK News
Над 244.000 демонстранти денеска протестираа во Франција поради покачувањето на цената на горивото. Една жена загина, а 106 се повредени, од кои петмина се во критична состојба.Демонстрантите блокирале голем број патишта кои водат до бензински пумпи и аеродромите во Франција. Од вкупно 3.500 бензински пумпи на „Тотал“ околу 70 цело утро биле затворени, а помалку […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2018 13:08
•
Posted by: MK News
Бројот на мртвите во најпогубниот пожар во Калифорнија се искачи на 76, но се стравува дека конечниот биланс би бил неколку стотици загинати зошто пријавени како исчезнати се дури 1.276. Форензичките тимови кои ги пребаруваат јагленисаните урнатини пронајдоа уште 5 жртви, со што бројот на мртви порасна на најмалку 76, од кои 63 се идентификувани, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2018 16:54
•
Posted by: MK News
Жан-Клод Јункер е главна тема на Твитер поради чевлите. Според твитерџиите, причина за ваквата постапка на Јункер било тоа што „носел чевли со разлина боја“. Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека на снимка од прес-конференцијата се гледа дека Јункер носи „еден црн и еден кафен чевел“.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2018 20:29
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, прв пат по бегството на поранешниот македонски премиер Никола Грувески, се огласи на Твитер, порачувајќи дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во ЕУ. – Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 19:34
•
Posted by: MK News
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, гo упати новинарoт од унгарската телевизија „24“ одговор на прашањето околу азилот на Никола Груевски да бара кај правните експерти. „Тоа е правно прашање, одговорот побарајте го кај адвокатите“, одговори Орбан запрашан да ги објасни основите на Груевски за престојот во Унгарија, односно зошто не е во транзитната зона за време […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Министерот за Брегзит, Доминик Рааб поднесе оставка , откако истото го напррави и министерот за Северна Ирска , Шаилш Вара , што е уште еден предизвик за Тереза Меј по постигнувањњето на началниот договор за Брегзит. Министерот за Брегзит, Доминик Рааб поднесе оставка , откако истото го напррави и министерот за Северна Ирска , Шаилш […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 16:17
•
Posted by: MK News
Претседателот на Русија Владимир Путин би замолен да пројде низ детекторот за откривање на метал на самитот на трговско-изложбениот центар „Сантек“ во Сингапур, тврди дописникот на „Комерсант“. „Тој стигна на самитот во трговско-изложбениот центар „Сантек“ и сакаше да помине како и обично покрај детекторот за откривање на метал, кој во таквите случаи постои за секого […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 15:03
•
Posted by: MK News
Најмалку 50 години затвор за убиство на дете предвидува нов турски нацрт загон, објавен денеска во турските весници. „50 години затвор за убијци на жени и деца“ пишува весникот „Хуриет“ и додава дека законот за казните за убиства целосно ќе се менува. Владата предвидува зголемување на казните за криминалци кои извршиле убиство на жена или […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 19:51
•
Posted by: MK News
Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот македонскипремиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата. Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во […]
______________________________________________________________________________________________________