Интернет мобинг е кривично дело – Објавувањето на детали од приватен живот за трето лице е казниво


Според истражување спроведено врз тинејџери од неколку европски земји 90 насто од нив изјавиле дека во некој момент биле жртви на интернет малтретирање од свои врсници.

Почесто на мета се девојчињата. Од анкетираните се покажало дека дури 30 насто се жртви на интернет малтретирање.

Психолозите кои учествувале во истражувањето утврдиле дека кај 70 насто од оние кои биле жртви патат од уништена самодоверба, потфрлиле на училиште, гледаат црно на својот живот.

Дури 3 насто признале дека и размислувале на самоубиство поради исмевањето.

Од оние пак кои признале дека тие учествувале во некој вид жигосување на другарче преку интернет изјавиле дека не гледаат дека сториле нешто лошо и дека им е полесно да напишат нешто на интернет, а многу потешко истото тоа би го кажале лице в лице.

По последните случувања во Македонија со објавувањето на видео клипот од 15 годишната Моника каде раскажува за своето прво сексуално искуство, и сајтот gossip girl каде со име презиме и фотографија се изнесуваа навреди и трачеви за животот на тинејџери од Скопје реагираше и првата детска амбасада Меѓаши.

Потсетуваме дека изнесувањето лични и семејни прилики е кривично дело, казниво според членот 174 од Кривичниот Законик.

„Тој којшто изнесува или пренесува нешто од личниот или семејниот живот на некое лице, што може да му штети на неговиот углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Ако ова дело е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако со изнесеното е доведено до тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1