Откриени документи – се планира забрана за анонимност на интернет


Во иднина на социјалните мрежи и форумите ќе може да се пријавува само со вистински идентитет – ќе треба да верификувате дека вие сте личноста која го отвара профилот.

Новинарите на The Telegraph успеале да дојдат до документ кој го подготвува CleanIT Project организација која е декларирана дека е усмерена против тероризмот и ширење на терористички идеи на интернет. Но според овој документ таа борба ќе доведе до полициски надзор на социјалните мрежи и укинување на анонимноста на интернет.

Дека се работи за сериозен план говори и фактот што партнери на овој проект се владите на Холандија, Германија, Велика Британија, Белгија и Шпанија. Министерствата за правда на овие земји се активно вклучени во подготовка на овој документ.

Се планира посебни единици од полицијата да ,, патролираат,, на социјалните мрежи. Ќе се воведе систем на таканаречена ,, полуавтоматска детекција,, со кои ќе има и шпиуни на интернет од самите корисници – кои на оваа полициска единица ќе можат да и ја пријават според нив секоја сомнителна активност на чат собите, форумите, воип системите, профилите на социјалните мрежи.

По обелодувањето на овие досега скриени планови се очекува агресивен отпор од интернет компаниите и корисниците.

Сепак најопасен од овие предлози е оној кој Clean IT Projecta го подготвува но за кој топрва треба да се расправа – а тоа е воведување на строго правило ,, вистински идентитет,, што значи крај за анонимноста на интернетот.

Со овој документ на интернет компаниите и социјалните мрежи ќе им се наложи да дозволуваат регистрација само со вистинско име, кое ќе се докаже со приложување на релевантен документ ( скен од лична карта или пасош) и ќе биде дозволено користење за профил фотографија само доколку тие оценат дека лицето на фотографијата е истото лице од приложениот документ. Така да мечиња, животни, сликички нема да може да има на профил фотографиите.

Facebook i Google веќе ја имаат оваа политика на некој начин – односно бараат регистрација само на вистински идентитети.

За овие планови се огласија и преставниците на организациите за заштита на човековите права кои сметаат дека ваквата ,, борба против тероризмот,, би можела да ја загрози слободата на говорот на интернет, и слободата на самите корисници,,

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1