Поради инцидент во кој товарен воз кој се сообраќал на релација Скопје – Белград излетал од шините, во прекин е железничкиот сообраќај со Србија.
Според информациите прекинот ќе трае и во текот на утрешниот ден.
Она што засега се знае, велат од Македонски железници, е дека нема да сообраќаат вечерните и утринските возови до Белград. За подоцнежните линии ќе се знае во текот на утрешниот ден.
Возот кој се сообраќал на релација Скопје – Белград излетал од шините во близина на Лесковац. Не се знаат причините поради кој дошло до инцидентот.