Archive | Балкан RSS feed for this section

Некој хуман некој битанга – Се обиделе да силуваат самохрана мајка на бедемите при поплавите

Моника Сотиров (29) од Пожаревац поднесе пријава во полицијата против група млади луѓе кои ја навредувале и злоставувале додека работела на подигање на заштитната бариера по должината на реката Малва во Дрмно! Нападот се случил кога Моника дошла тоа попладне да помогне во полнење на вреќите со песок, пишува Ало Штом пристигнала била задолжена да […]

______________________________________________________________________________________________________

Цело семејство мртво со денови – Во куќа на поранешен бранител најдени мртви маж, жена и 2 годишно дете

Во четвртокот околу 15 часот во семејната куќа во населбата Славча во хрватскиот град Нова Градишка биле пронајдени тела на маж, жена и дете на двегодишна возраст Јутарњи весник објави дека станува збор за мажот С.Ж. (44), за жената А.Ж. (34) и за детето М.Ж. (2). Соседите велат дека тие биле добра фамилија, а мажот […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве колку пари до сега и се донирани на Србија

Министерството за финансии, соопшти дека состојбата на динарската и девизната сметка ќе ја објавува секој ден на својот сајт, со пресек од претходниот ден Како што беше објавено денеска, до сега собрани се нешто помалку од милијарда динари (967.642.760,62). На девизната сметка уплатени се 872.785 евра, 184.725 долари, 13.835 швајцарски франци, милион рубљи и останати […]

______________________________________________________________________________________________________

Влегол во преполно кафуле и почнал да пука – Српски наркобос застрелан во Нови Сад

Српскиот наркобос Воислав Шкрбич е застрелан во едно од централните кафулиња на Нови Сад. Тешко бил ранет и еден од поданиците на Шкрбич. Според српски Блиц, биле двајца напаѓачи, кои успеале да побегнат во настанатата паника. За време на нападот локалот бил преполн со посетители. Напаѓачите влегле и веднаш отвориле оган. Воислав Шкрбич се вбројува […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко со 4 год ќеркичка паднал од 7 кат – таткото починал, девојчето е критично (Видео)

Во семејната трагедија која денеска попладне се случила во Љубљана, таткото заедно со својата ќерка на возраст од околу 4 години паднал од седмиот кат. Според последните информации и покрај реанимацијата мажот им подлегнал на повредите, додека девојчето се наоѓа во критична состојба. За трагедијата се уште не се познати детали. Соседите и очевидци велат […]

______________________________________________________________________________________________________

Бездомник со големо срце – еве како се снашол и пратил смс донација за поплавите (Видео)

Има срце – нема кредит. Еден хрватски бездомник со големо срце на емотивен начин се сети како да им помогне на најзагрозените граѓани кои изгубија речиси се во поплавите. Прочитајте како се снашол и испратил смс донација за поплавените.

______________________________________________________________________________________________________

Пред и по поплавите (Фото)

Ројтерс објави фотографии од Маглај и Топчиќ Село во Босна и Херцеговина. На фотографиите е прикажано како куќите, кафулињата, парковите, улиците…изгледале пред и по поплавите.  

______________________________________________________________________________________________________

Дунав се заканува повторно – денес и во сабота најкритично

Српски Блиц пренесува дека водостојот на Дунав кај Нови Сад, Сланкамен и Банатска Паланка, како и на Тиса кај Тител и денеска е над границите. Кај Земун и Панчево водостојот ќе биде во пораст и ќе ја достигне границата за вонредна одбрана утре и во сабота, предупредил Републичкиот хидрометеоролошки завод. Кај Смедерево во текот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Околу 800 исчезнати во поплавите во Србија

За време на поплавите во Србија 798 лица биле пријавени од блиските за изчезнати, но 215 од нив веќе се откриени, соопшти српското МВР. Тие луѓе не се сметаат за загинати. Во повеќето случаи станува збор за луѓе кои се спасиле самостојно или биле евакуирани и изгубиле врска со блиските. Или за тие, кои одбиле да бидат евакуирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Ми го закла синот, а ќе лежи како за ситна кражба – сам ќе го одмаздам, огорчен таткото

Мојот син Ненад кој имаше само 19 години, е убиен од 16-годишен малолетник. Каква казна можам да очекувам за тој малолетен убиец? Ќе го осудат како да украл два касетофони, а јас повеќе немам син. Оваа со огромна горчина за српски Курир го изјавил Новица Јовановиќ, чиј син беше убиен од од страна на 16-годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебе од 15 дена ги преживеа поплавите во Обреновац

Малата Зорица, во 15-тиот ден од животот преживеа евакуација од поплавените кои го зафатија Обреновац и заедно со нејзината мајка Марина Поповиќ (30) и уште 38 други жители на Обреновац , се наоѓа во Белград Хотел “N”, каде што беа пренесени во петокот вечерта. Во топла облека и опкружена со играчки, малата Зорица храбро позира […]

______________________________________________________________________________________________________

Вистината за Џамбо: Не ми ставајте сол на раната, не сум ги нашол жената и детето!

Херојот од Обреновац, Слободан Недељковиќ- Џамбо ги негира пишувањата на дел од српските медиуми дека ги пронашол сопругата и синчето. Не сака титула херој, туку само има желба да го пронајде своето семејство. Тој признава дека го погодиле невистинитите пишувања на медиумите. -Тоа е лага, се’ што сакам е луѓето да престанат да измислуваат лаги, […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал: Копале земја од насипот за да градат згради – зошто дојде до поплавите во Хрватска

Попуштањето на насипот кај Раево село предизвика катастрофа во Гуња, Раево село, Врбањ jutarnji.hr дојде во посед на сателитски фотографии, кои се чини дека се потврда на сомневањата на презентираните информации во медиумите – дека постои можност насипот во Раево село да се урнал од подкоп на чакал за изградба на автопат. Имено, овие фотографии не […]

______________________________________________________________________________________________________

Поплавени згради и огромна количина вода – еве како изгледа Обреновац денес од воздух (Видео)

Нивото на водата во српски Обреновац се уште не почнало да опаѓа, но ситуацијата е стабилна, велат од Кризниот штаб. Во тек е чистење на теренот, дезинфекција и дератизација. Кризниот штаб треба да ја разгледа можност за враќање на возрасните мажи во безбедните делови на градот со цел да мпомогнат во расчистување на теренот. Ангажирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Фатен на дело како краде од хуманитарна помош (Видео)

На YouTube се појави снимка од хуманитарна забава во Грачаница во една од тамошните дискотеки, на која се собирало помош за настраданите во загрозените подрачја во Србија. На снимката се гледа како едно момче оди да краде шеќер од магацинот каде биле складирани донациите. Него го снимиле камерите поставени во објектот, а потоа снимката е […]

______________________________________________________________________________________________________

Срушени куќи, тажни лица- што остана од поплавениот Маглај

Тажна слика која остава без зборови. Босанскиот град Маглај речиси е срамнет со земја. Срушени куќи, кал и вода се гледаат на фотографиите на фотографот Харис Бегич. Она што е најтажно е да се видат лицата на луѓето на кои водата им одзема се. Овој град со Добој беа најмногу погодени од поплавите во Босна.

______________________________________________________________________________________________________

Нема да платам, донирав – Белешка за паркинг која го насмеа Балканот

„Нема да платам паркинг, пратив СМС на 1003. Ако сакаш, пиши ми казна“. Вака некоја досетлива девојка напишала писменце и го оставила на својот автомобил.Низ целиот Балкан кружи ваква мотивација, па граѓаните се повикуваат наместо да одат на кафе или ручек, да испраќаат пораки на броевите наменети за донации за жртвите од поплавите. Полицаецот сепак […]

______________________________________________________________________________________________________

Опасност: Пронајдена бактерија која го напаѓа мозокот во водата во поплавените подрачја

Во тек на редовната анализа на водата за пиење во српското село Сивац, општина Кула пронајдена е опасна бактерија Pseudomonas aeruginosa која предизвикува воспаление на органите, најчесто белите дробови и мозокот. Според упатствата која ги издала покраинската санитарна инспекција, на локалното население строго им е забрането да конзумираат вода од чешма, која во моментот не […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1