Пајак живеел во увото на Кинескиња! Фото


Увото на една Кинескиња било дом на пајак цели 5 дена.



Сите сме чуле дека не е исклучена можноста дека додека спиеме понекогаш знаеме да  „замезиме“ со некој помал инсект, или пак бубачка да ни влезе во увото или во носот, и со сета сила се надеваме дека тоа е само урбана легенда, но се чини не е!

Увото на една Кинескиња било дом на пајак цели 5 дена. Додека жената спиела пајакот влегол во ушниот канал и удобно се „здомил“. И се било во ред се додека жената не се пожалила на напријатност во увото, поради што се обратила на лекар.

Сепак добро постапила вели докторот, доколку се обидела непријатното чувство да го реши сама со чешање на увото, ќе било полошо. Најпрво лекарите размислувале да го извадат пајакот механички (со медицински прибор), но се плашеле дека е можно да го вознемират и да ја касне пациентката. Но се сетиле на поумно решение, и ставиле солен раствор во увото за пајакот самиот да го напушти својот „дом“. Среќа што пајакот не решил да снесе јајца, дури тогаш Кинескињата ќе имала многу „станари“ за бркање од своето уво.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1