06/07/2012 16:13
•
Posted by: MK News
Во Македонија ќе се спроведе обука за младите под мотото ,,Одбиј работа на црно“. Зошто некој би прифатил работа без договор за вработување? Зошто би работел на црно? Ова се прашања кои им беа поставени на средношколците во средните стручни училишта во анкета спроведена од март годинава.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 15:28
•
Posted by: MK News
Александар Ѓоргиев на последната седница на владата е назначен за портпарол. Досега ја извршуваше функцијата државен советник за односи со јавност во Канцеларијата на премиерот Никола Груевски.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 15:01
•
Posted by: MK News
Скопјани како на одмор во Грција? – со ваков наслов порталот Таратур објави фотографии од уништен македонски автомобил. Според порталот фотографиите се сликани деновиве во познатото одмаралиште Неи Пори во Грција.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 14:42
•
Posted by: MK News
Од Македонски железници велат дека поради големиот интерес ќе воведат Вонреден воз до Прилеп викендов.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 14:28
•
Posted by: MK News
Македонското движење за човекови права со седиште во Торонто, Канада бара од Владата итно да прекине со преговорите околу името на Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 14:15
•
Posted by: MK News
Професорот по историја од гимназијата „Браќа Миладиновци“ кој беше обвинет дека на ученици им покажувал порнографски материјал и се задоволувал пред нив вечера доби ослободителна пресуда – судот одлучи дека нема докази. Денеска професорот најавува дека ќе ги гони кривично сите кој се обиделе да го наместат.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 13:50
•
Posted by: MK News
Уредничката на фокус Јадранка Костова беше осудена за клевета и според пресудата, судот ја прогласи за виновна за келвета нанаесена на тогаш министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 13:24
•
Posted by: MK News
Македонски хакери на срушиле веб страницата на претседателот на Албанија Бамир Топи.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Грчката полиција ја пушти во јавност снимката од безбедносните камери на седиштето на Мајкрософт во кое беше фрлена бомба.
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2012 09:45
•
Posted by: MK News
135 луѓе заедно скокнаа од мост во Русија. Русите се обиделе да го срушат светскиот рекорд во банџи.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 23:53
•
Posted by: MK News
Речиси 4 од секои 10 новопелени родители признава дека по добивањето на детето партенерот го смета за помалку атрактивен, а дури 63 насто признале дека нивниот сексуален живот е речиси згаснат.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 23:37
•
Posted by: MK News
Корисниците на Фејсбук и на Гугл денеска добија предупредување итно да ги проверат компјутерите дали се заразени со вирусот кој за многу кратко време успеал да зарази повеќе од 277.000 компјутери во светот.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 23:02
•
Posted by: MK News
Вистинска драма се одвиваше денеска на автопатот близу Лондон. Полицијата по дојава на патници дека еден од патниците е сомнителен а од неговата торба излегува дим, го сопреа автобусот, го затворија автопатот и ги евакуираа патниците.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 22:46
•
Posted by: MK News
26 годишниот Сем Трикер, кој е британски покер шампион, бил нападнат во Лас Вегас веднаш откако освоил 10 милиони долари на еден од столовите за покер.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 22:29
•
Posted by: MK News
Откако синот му починал поради подметнато апче екстази, таткото го убил дилерот со нож во срцето, а потоа се самоубил.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 19:28
•
Posted by: MK News
United Nations Human Rights Council – УНХРЦ ја усвои резолуцијата за слободата на изразување на интернет.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 18:46
•
Posted by: MK News
Писмо напишано во Витшје-Шведска на 1 февруари 1990 година, ги побива тврдењата на Љубчо Георгиевски дека тој е основач на ВМРО – ДПМНЕ. Како што пишува Курир, дошле до документ, писмо од Мане Јаковлески, кој сведочи дека Демократската партија за македонско национално единство (ДПМНЕ) постоела уште во 1990 година.
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2012 18:31
•
Posted by: MK News
Поради инцидент во кој товарен воз кој се сообраќал на релација Скопје – Белград излетал од шините, во прекин е железничкиот сообраќај со Србија.