06/01/2019 11:00
•
Posted by: MK News
Претседателот на државата Ѓорге Иванов на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво и на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник, Рожденството Христово – Божиќ. – На првиот Божиќ, семоќниот Бог стана човек и се изедначи со беспомошните луѓе. Господ Исус Христос се роди на маргините на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2019 10:58
•
Posted by: MK News
Централните и северните делови на Грција ги погоди студен бран проследен со снежни врнежи, а полицијата соопшти дека една жена е пронајдена мртва, додека двајца мажи се водат како исчезнати. Температурите во тие делови на Грција речиси цела недела се под нулата, а снегот го поремети патниот и авионскиот сообраќај. Тело на 66-годишна жена било […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2019 09:40
•
Posted by: MK News
Коледе, леде! паднало греде, утепало деде… На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 15:44
•
Posted by: MK News
Постарите кој живее во Југославија во 1972 и те како се сеќаваат на паниката кога земјата ја зафати епидемија на Вариола Вера, помладите пак исто така се сеќаваат преку култниот филм за оваа епидемија. Според информациите во тоа време две клучни грешки се направени зошто вирусот е донесен од Мека во Косово, а за двата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:58
•
Posted by: MK News
Здружението „Здравје со игла не влегува“ жестоко реагираше на препораките од Министерството за здравство за вакцинација на децата по прогласената епидемија на морбили. Родителите чии деца не се вакцинирани повикуваат на граѓанска непослушност преку неплаќање даноци, со цел нивните пари да не се трошат на милионски тендери за купување на, како што велат, „најевтино ѓубре […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:52
•
Posted by: MK News
Министерката Радмила Шекеринска беше гостинка во дневникот на 1ТВ каде говореше за минатата власт и Груевски. – „Заедно со многу граѓани бевме на улица и успеавме со пенкало да победиме. Некои со крв, но повеќето со пенкало. Сметаме дека имаме морално право да кажеме да – за амнестија врзана за 27 април во која нема […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:50
•
Posted by: MK News
За Бадник е обичај да се стават бадникови гранчиња во домот и на вратата. Знаете ли што се прави со бадниковите гранки по третиот ден Божиќ? Треба да се запали и да се остави да изгори во шпоретот дома. Оганот претставува плодност и многу помага. Исто така, треба да сочувате и малку пепел од изгореното […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:49
•
Posted by: MK News
Кристијан Голубовиќ е пуштен од затворот да оди на погребот на мајка си. Со придружба од затворот, тој со свеќа во раката тргна да каже последно збогум на мајката Милјанка. Таа почина на 1. јануари.
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:45
•
Posted by: MK News
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски. На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок. -Делото на Св. Наум Охридски не […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:43
•
Posted by: MK News
Англиски репрезентативец влегува во тоалетот на ноќен клуб, внимателно прави бела линија од висококвалитетен кокаин, по што почнуа да шмрка. На шокантната глетка е сведок соиграч од „гордиот албион“, кој ја раскажува приказната за британскиот таблоид “Сонце”. foto – ilustracija Изданието ја задржува анонимноста на својот извор, но од редакцијата велат дека го знаат името […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:39
•
Posted by: MK News
Новинарка од босанскиот медиум „Журнал“ успеала да се стекне со диплома од средно медицинско училиште во Сански Мост за само две недели, а притоа не присуствувала на ниту еден час. Откако на 20 декември минатата година ги предала документите, новинарката Азра Омеровиќ „завршила“ училиште и добила диплома со свидетелство за сите четири години со многу […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:35
•
Posted by: MK News
„Балкан енерџи груп“ утрово испрати апел до корисниците да не го исклучуваат парното поради опасност од замрзнување. „Во врска со метеоролошките најави за следниот период кои предвидуваат екстремно ниски температури, апелираме до потрошувачите на системот за централно греење во индивидуални станбени објекти-куќи, деловни објекти и објекти за образование, целосно да не го исклучуваат греењето поради […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:34
•
Posted by: MK News
Посебен сообраќаен режим утре од 11 часот ќе има околу Соборниот храм во Скопје поради одржување на манифестацијата бадникови поворки. Манифестацијата е во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“, а ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:32
•
Posted by: MK News
Македонија утре (недела) од 11 часот ќе биде домаќин на најголемиот божиќен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја, најавуваат организаторите. Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема божиќна манифестација со Божиќен концерт и Божиќна претстава на кои што ќе им претходи […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:28
•
Posted by: MK News
Легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда и југословенскиот национален тим, Драгослав Шекуларац почина денеска на 81-годишна возраст. Веста за смртта на фудбалскиот виртуоз, еден од најдобрите фудбалери во овој регион, беше потврдена на сајтот на „црвено-белите“. Популарниот Шеки е роден е на 8 ноември 1937 година во Штип, а за Црвена Звезда дебитираше во 1955 година […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:24
•
Posted by: MK News
Едно лице е хоспитализирано и ставено во карантин во Универзитетската болница во шведскиот град Упсала, поради сомнеж дека е заразено со вирусот на ебола, соопштија денеска шведските власти. Лицето првично било примено во болницата во градот Енкепинг, а потоа било префрлено во Упсала. Ургентниот центар во Енкепинг е затворен, а состојбата на персоналот, кој бил […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:21
•
Posted by: MK News
Во Киев ноќта меѓу втори и трети јануари дошло до тепачка меѓу 26-годишниот припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко, Василиј Хмељук и минувач кој имал две кучиња. Телохранителот добил удар во глава по што паднал и наскоро починал. Како што пишуваат медиумите, осомничен за убиството е познатиот украински боксер Петро Очеретјани и сега […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:12
•
Posted by: MK News
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение упати апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух. Исто така, од Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за […]
______________________________________________________________________________________________________