05/01/2019 14:10
•
Posted by: MK News
Студеното време со максимални дневни температури под или околу нулата продолжува и во наредните денови. Утре и во понеделник претпладне ќе има локален слаб снег и ќе дува повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога температурата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 10:45
•
Posted by: MK News
Во Австрија веруваат во Крампус, лошиот божиќен дух, чија цел е да ги казнува децата што не биле послушни и ги тркала во буриња. На петти декември Австријците се маскираат како Крампус и така шетаат низ град, мавајќи се меѓу себе со прачки. Во Шведска е традиција на главниот градски плоштад да се постави џиновски […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 10:16
•
Posted by: MK News
Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 10:00
•
Posted by: MK News
На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:31
•
Posted by: MK News
Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца, соопшти Министерството за здравство. – Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда. Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:29
•
Posted by: MK News
Возило на итната медицинска помош од Прилеп вчера попладне околу 16 часот се преврти на превојот Плетвар во близина на каменоломот. Според првичните информации кои ги соопшти директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, најверојатно до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:25
•
Posted by: MK News
Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. – Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:22
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се појави снимка од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, со кој како што пренесуваат медиумите од регионот, силниот ветер буквално си поигрувал. „Го снимив ова кај местото Радановиќ, во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот беше пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:21
•
Posted by: MK News
Вчера во 17 часот и 30 минути во Полициската станица Карпош 52- годишната Е.Ј од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар “Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на 38- годишниот З.Д од Скопје во пределот на десната надлактица. Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истиот ден нешто подоцна во 18 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:20
•
Posted by: MK News
МПР вакцината е висококвалитетна и ефективна вакцина, тврдат од Министерството за здравство, по реакциите на дел од родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата по појавата на епидемија во Скопје. Надлежното министерство појаснува дека оваа вакцина ја произведува GlaxoSmithKline од Белгија. Официјалните бројки се дека до 19 часот синоќа 488 деца ја примиле таа вакцина, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:08
•
Posted by: MK News
Шеесет и пет годишниот Властимир Ѓорѓевиќ е седмата жртва на страшната несреќа која се случи на 21. декември кај Ниш откако автобус удри во воз. Неговиот кум Жарко Рајковиќ има само пофални збориви за Ѓорѓевиќ, кој имал скршеници на карлицата и ребрата. Вчера утрината починал поради срцев напад. -Тоа утро тргнал да плати струја како […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:02
•
Posted by: MK News
Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година и тоа нема да направи зафаќања во Буџетот.Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација. -Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:57
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 7,30 до 19 часот. Во понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 7,30 до 13 часот.
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:55
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев во изјава за белградски Танјуг тврди дека со вчерашната изјава дека не гледа ништо спорно во предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за отворање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција, всушност мислел на отворање на сите граници. Тоа впрочем Заев го кажа и на вчерашната прес-конферњнција во Министерството за финансии […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:50
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико. На фотографија, која Трамп ја сподели, се наоѓа тој заедно со натписот „Ѕидот доаѓа“, алудирајќи на популарниот слоган од таа серија – „Зимата доаѓа“. Ова не е првпат американскиот претседател да […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:48
•
Posted by: MK News
На автопатот Миравци – Демир Капија синоќа грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол. – На 03.01.2019 година во 20.00 часот на автопат Миравци – Д.Капија, после тунел Т2, на место викано „Јаворица“ случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Икс3“ со грчка национална ознака управуван од С.Г.(45) од Атина […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:45
•
Posted by: MK News
Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година, истакна портпаролот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:43
•
Posted by: MK News
Убиецот на сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево и уште едно лице се осомничени за обид за силување и разбојништво во Струга. СВР Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „силување во обид“ и „разбојништво во обид“, криминалистичката полиција при полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднела […]
______________________________________________________________________________________________________