Archive by Author

20 годишно момче на мотор загина во сообраќајка кај Плетвар

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа што вчера се случила во близина на Плетвар. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила вчера во 17.10 часот на магистралниот пат Прилеп -Градско, кога се судриле автомобил „фиат“ и моторцикал „јамаха“. Момчето М.М. од селото Слатино го управувал моторот, а од здобиените повреди починал на самото место.

______________________________________________________________________________________________________

Жена загина, а четири се повредени во тешка сообраќајка кај Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени. Несреќата се случила во 19.35 часот меѓу патнички возила „мерцедес“ со винички таблички и „ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во спротивни правци. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Премиерот на Абхазија загина во сообраќајна несреќа

Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија. Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија. При анализата не било откриено присуство на […]

______________________________________________________________________________________________________

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма заминува во пензија

Основачот и извршен претседател на Алибаба групацијата, Џек Ма, еден од најбогатите во Кина, в понеделник заминува во пензија. Тој поранешен наставник по англиски јазик има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование, објави Њујорк тајмс. Ма во изјава за весникот појасни дека ќе остане во УО на Алибаба и ќе продолжи […]

______________________________________________________________________________________________________

Раперот Мек Милер пронајден мртов во неговиот дом

Познатиот рапер Мак Милер е пронајден мртов во својот стан во Лос Анџелес, пет месеци по раскинувањето на врската со пејачката Аријана Гранде. Се претпоставува дека причина за смртта е предозирање. -Малком Мекормит, познат и сакан како Мак Милер, трагично почина на 26 години. Беше ѕвезда водилка за своето семејство, пријателите и обожавателите. Ви благодариме […]

______________________________________________________________________________________________________

(Видео) Елон Маск пуши марихуана во емисија во живо – паднаа акциите на Тесла

Извршниот директор на компанијата “Tesla”, Илон Маск, уште еднаш го шокираше светот, а овој пат поради неговиот потег, вредноста на неговата компанија се намалила за дури 3,1 милијарди долари. Имено, тој во радио емисијата на Џо Роган која течела во живо, пушел марихуана и пиел виски. Во текот на емисијата, 47-годишниот милијардер признал дека пие […]

______________________________________________________________________________________________________

Прес-конференција на Ангела Меркел и Зоран Заев (Во живо)

Заедничка прес-конференција во Владата на Република Македонија на македонскиот премиер Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, која за прв пат престојува во посета на земјава. Прес-конференцијата следува веднаш по заедничката средба на премиерот и германската канцеларка. Video A1On.mk  

______________________________________________________________________________________________________

Детали за камионот натоварен со боци што се запали кај Македонска Каменица

Вчера во 14.35 часот во Полициско одделение Македонска Каменица е пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, пред влезот на Македонска Каменица се запалило товарно моторно возило„Волво“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(55) од Р. Бугарија. Од страна на возачот е пријавено дека додека го управувал возилото му пукнала предна гума и […]

______________________________________________________________________________________________________

Попладне слаби врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Од претпладне, особено на запад ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне повремен дожд ќе има и на североисток, а до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарие. Утринската температура ќе се движи од девет […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија слави 27 години самостојност – Вечер забава на отворено во дворот на Владата

Македонија денеска одбележува 27 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, празникот се слави во нови услови со јунскиот Договор од Преспа за конечно надминување на повеќедеценискиот спор за името со Република Грција и во пресрет на новиот референдум за прифаќање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Српскиот претседател во посета на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе почне денеска дводневен престој на Косово со посета на браната Газивода и Зубин Поток, јави Танјуг. Во Зубин Поток тој ќе го посети Центарот за екологија и развој на спортот и Центарот на Црвениот крст. Во Лепосавиќ српскиот претседател ќе се обрати на затворање на Бизнис форум. Доцна попладнето е […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет лица повредени во сообраќајка кај село Прилепец

Вчера во 18.00 часот на локалниот пат Прилеп – село Прилепец, Г.С.(60) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.В.(52) од Прилеп, кој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е препратен на лекување во Комплекс клиники […]

______________________________________________________________________________________________________

Честитка од претседателот Иванов по повод 8 Септември

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. Почитувани граѓани на Република Македонија, Честитајќи ви го 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија би сакал заедно да се потсетиме на суштината на овој голем празник. Делото […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ го честита Денот на независноста – 8-ми Септември

Пред 27 години се оствари вековниот стремеж за независна и суверена Република Македонија. Овие 27 години, генерации дејци, уметници, интелектуалци, буквално секој вградуваше по некое камче во мозаикот промовирајќи ја Македонија низ светот. Стекнавме стотици пријатели кои и покрај сите блокади го почитуваа нашиот идентитет и правото на самоопределување и не признаа под уставното име. […]

______________________________________________________________________________________________________

Владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на Трајковски и Глигоров

Владина делегација преводена од премиерот Зоран Заев денеска по повод Денот на независноста положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски и на споменикот „Ослободители на Скопје“. Во составот на владината делегација беа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска […]

______________________________________________________________________________________________________

Пречек на канцеларката Ангела Меркел на платото пред Владата (Видео)

Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречекува германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија. Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија. Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за […]

______________________________________________________________________________________________________

10 работни места отпорни на економската криза

Со тоа што економска криза трае повеќе отколку што многумина можеа да претпостават, а работници се бркаат на секој чекор, еве дел од работните места на кои економската криза нема влијание. Ако сте без работа, а имате енергија и малку пари за преквалификација, одлучете се за овие професии. Мајстор за поправки во домаќинствата Ако ве […]

______________________________________________________________________________________________________

Се урива доградбата на „Мекиците од стража“ на улица Македонија

Овластениот градежен инспектор на општина Центар, постапувајќи по службена должност излезе на лице место и со записник констатираше дека инвеститорот на угостителски објект на улица Македонија, „Бистро Мекиците од стража“ , без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14,00 x 6,00 м . Овластениот градежен инспектор донесе решение дел од објектот кој […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1