Archive by Author

Хорор во Перт: Пронајдени тела на пет лица, меѓу нив има и деца

Полицијата во Австралија пронашла безживотни тела на пет лица во предградие на Перт, изјавил помошник комесарот на западноавстралиската полиција Пол Стил. -Се уште не ја истраживме локацијата. Знаеме дека се работи за возрасни лица и деца. Можам само да кажам дека меѓу жртвите е најмлку една жена, но не повеќе од тоа. Местото се уште […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобус удри во надвозник, многу повредени

Во 12 часот на улица „100“ во село Волково, скопско, 43-годишниот Д.Б. од село Волково, скопско, управувајќи автобус удрил во бетонски столб од надвозник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје. Лицата се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” и Градска општа болница „8-ми Септември“ за […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата убедена дека ќерката го извршила тројното убиство – таа тврди нешто друго

Триесет дена е продолжен притворот на ќерката од тројното убиство во Дебар, која сеуште е главна тема и во Македонија и во медиумите од регионот, но и светот. Блерта Поцеста која е главна осомничена за убиството на мајката, таткото и помалата сестра, во нивниот дом во Дебар, тврди на полицијата дека таа не пукала.Таа призна […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 14-годишно девојче – македонската полиција го бара

Во 08,30 часот во Полициска станица Македонски Брод, 31-годишната Б.В. од село Долни Манастирец, пријавила дека истиот ден околу 12 часот од дома во непознат правец се одалечило 14 годишно девојче, штитеник на Центарот за социјални работи Македонски Брод, а дадена на пријавителката за згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Сенаторот Рон Џонсон во посета на Скопје

Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој е коспонзор на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа денеска престојува во посета на Скопје. Џонсон во претпладневните часови ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а највена е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Сенаторот Џонсон во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас: Договорот од Преспа ги отвора Грците кон светот

Прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е Договорот од Преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот, рече грчкиот премиер на свеченотот отворање на Меѓународниот саем во Солун. Алексис Ципрас изрази надеж дека Солун треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Тачи ги осуди блокадите на Вучиќ на Косово: Да покажеме минимум човечка култура

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека блокадата на патиштата против посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ не придонесува за односите меѓу двете земји и го повика месното население да покаже „минимум човечка култура“. – Како претседател на Косово, целосно ја разбирам реакцијата на граѓаните на Дреница, кои го изразија својот оправдан револт против една […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Ќе победиме без војна, но нема да се двоумам доколку е нападнат српскиот народ на Косово

Косовската полиција го сопре српскиот претседател Александар Вучиќ, кој утрово и покрај забраната од косовската влада тргна кон селото Бање. Полицијата го извести Вучиќ дека се постави барикади на патот . Српскиот претседател Александар Вучиќ откако му беше блокиран патот до селото Бање на Косово, се врати во Косовска Митровица од каде што порача дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Во гевгелиско пронајдени коски од човечко тело

Делови од човечко тело пронајдени во близина на гевгелиското село Давидово. Телото го пронашол жител на селото кој веднаш ја известил полиција по што нивна екипа излегла на терен. Остатоците од човечкото тело покрај кои имало и облека биле пронајдени кај местото викано Брдото во атарот на селото Давидово. Засега нема конкретни информации за идентитетот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски по средбата со Меркел: Следната недела ќе го донесеме конечниот став за референдумот

Во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесен конечниот став за референдумот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Амбасадата на Германија во Скопје. Тој рече дека средбата поминала во исклучителна пријателска амтосфера меѓу двете сестрински партии, што се дел […]

______________________________________________________________________________________________________

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ повикаа да се гласа „ЗА“ на референдумот

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Љубчо Георгиевски, Гојко Јаковлески, Димитар Димитров, Љубе Бошковски, Горан Рафајловскли, Ѓулистана Марковска, Љупчо Балковски… денеска преку писмо до јавноста ги повикаа граѓаните на Македонија да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „ЗА“ . – Договорите со Бугарија и со Грција за Македонија значат нејзина промоција во рамноправна […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Народот не се согласува овој септември да е последен да се слави независноста

Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој што ќе се слави независноста на Република Маледонија. Народот го прочита Заев во неговата намера да ја избрише историјата, традицијата и културата и затоа ја избегна прославата на која што треба да се промовира промената на Уставот и идентитетот. Иднината на Република Македонија не […]

______________________________________________________________________________________________________

Горат барикади во Косово, поставени пораки „Вучиќ нема да помине“ Видео

Косовските медиуми објавуваат фотографии и видео снимки од барикади поставени на патиштата на кои би требало да помине претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што јавуваат српските медиуми, стотина Албанци утринава ги блокирале патиштата со багери и камиони. РТС јавува и дека во едно место се слушале рафални истрели. Министерот за одбрана Александар Вулин истакнал […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ и покрај забраната заминува за село Бање: Тешко дека ќе стигнеме

Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност. Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, […]

______________________________________________________________________________________________________

Меркел се возеше во „мерцедесот“ на Груевски

Германската канцеларка, Ангела Меркел при денешната посета на Македонија се возеше со „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра набавен од страна на претходната влада за кој експремиерот Никола Груевски беше осуден на 2 годишна затворска казна. На владиниот „мерцедес ЕС 600 Гард“, можеше да се забележат мониторите на задните седишта и останатата опрема за која јавноста […]

______________________________________________________________________________________________________

Шок бомби на протестот во Солун против Договорот од Преспа

Најмалку едно лице е приведено, а неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите на протестот во Солун против Договорот од Преспа, пренесуваат локалните медиуми. Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини трае околу час и половина. Според локалните медиуми, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев до младите: Бидете будни и гласни, преземете конретен чекор на 30 септември

Ова е историски момент кој е поголем од секој од нас, од нашите партии или кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува, порача  премиерот Зоран Заев на централната прослава по повод Денот на независноста и повика секој […]

______________________________________________________________________________________________________

Протести против Вучиќ на Косово, се слушаат истрели

Неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бањица во општина Србица, а во Трнава се слушнале истрели, објави српската државна телевизија РТС. Станува збор за рутата по која српскиот претседател Александар Вучиќ требаше денеска да помине. Патот бил блокиран и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1