08/06/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои имаат неплатени долгови ќе можат да побараат отпис на каматата на долгот. Ова го предвидува предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште. Право на отпис на камата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 14:14
•
Posted by: MK News
На Водно викендов ќе се одржи ридско-брзински натпревар, на кој се најавени 30-тина домашни натпреварувачи. Организаторите најавуваат враќање на Водно на автомобилистичкиот календар и бодување на трката за македонскиот државен шампионат. Двете тренинг сесии се предвидени за сабота со почеток во 10 часот, а в недела по 11 часот ќе се возат првата и втората […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Славниот кувар, телевизиски раскажувач, шармантниот презентер на кујните од целиот свет Ентони Бордејн се самоуби на 61 година, јавуваат медиумите. Си-Ен-Ен денеска ја потврди смртта на Бордеjн кој водеше емисија на таа телевизија и рече дека причината за смртта е самоубиство. – Со неизмерна тага може да ја потврдиме смртта на нашиот пријател и колега, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 14:07
•
Posted by: MK News
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави дека во рамки на капањата за борба против „политичкиот Ислам“, Австрија ќе затвори седум џамии и ќе протера неколумина имам, кои биле „финансирани од странство“. Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австија, на која се прикажани момчиња облечени […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Властите во Германија денеска соопштија дека уапсиле државјанин на Турција поради силување и убиство на 14 годишно девојче кое исчезнало пред повеќе од две недели. Осомничен е и барател на азил од Ирак кој е во бегство. Телото на девојчето кое исчезнало на 22 мај вчера е пронајдено на периферијата на градот Висбаден, пренесува АП. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегиете е пронајдена мртва во нејзиниот стан во аргентискиот главен град Буенос Аирес. Како што информира претставник на аргентинското Јавно обвинителство, кој побарал анономност, причините за смртта на 33-годишната Зорегиете засега не се познати. Пронајдена е обесена во станот, а се верува дека боледувала од депресија. Зорегиете, по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:24
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета и средба со граѓани во Куманово. Тој посочи дека во моментов владее политичка влада која секој втор збор што го кажува лаже, и единствено што добија граѓаните се разочарувања и неисполнети ветувања. – Го слушам Зоран Заев како гордо им кажува на граѓаните да не се плашат ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:22
•
Posted by: MK News
Вчера во 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп. Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:18
•
Posted by: MK News
Австралиската полиција соопшти дека денеска помал авион се урнал и се запалил во предградие на Мелбурн, при што пилотот настрадал, а леталото паднало поради струјните кабли. Авионот паднал во тесна уличка во која има едноспратни куќи, на околу 25 километри од центарот на вториот поголемина австралиски град. Полицијата наведе дека леталото паднало на имот на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 13:07
•
Posted by: MK News
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локален пороен дожд и грмежи кон крајот на денов, особено во северозападното подрачје. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. – Утре ќе преовладува […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2018 15:18
•
Posted by: MK News
Ноќеска во Скопје по кратко боледување почина академикот и поет Матеја Матевски, на 89- годишна возраст. Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2018 14:40
•
Posted by: MK News
Во тек е подготовка на нов закон за прекин на бременоста со кој на жената и се дава можност за слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог. Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2018 14:39
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Доналд Трамп организираше во Белата куќа вечера по повод исламскиот свет месец Рамазан и ја изненади муслиманската заедница бидејчи минатата година избегна да биде домаќин на таа вечера. Трамп на муслиманите ширум светот им посака среќен празник и испрати порака во која на муслиманската заедница во САД и во странство им понуди обединување. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/06/2018 14:37
•
Posted by: MK News
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 мај. Денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител. Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цари¬град и […]
______________________________________________________________________________________________________
06/06/2018 13:01
•
Posted by: MK News
Вип Аква паркот кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата, шеста сезона, в сабота на 9 јуни. Од СЦ „Борис Трајковски“ најавуваат дека летната авантура продолжува и оваа година на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите. Годинава во Аква паркот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/06/2018 12:55
•
Posted by: MK News
Утрешниот ден е најкритичен во процесот на преговори за изнаоѓање решение за името, со оглед дека Владата и премиерот Зоран Заев се обврзале да одговорат дали се прифаќа финалниот компромис кој што се наоѓа на масата, пишува „Хелас џурнал“, повикувајќи се на извори во Њујорк. извори на МкД.МК. потврдуваат дека утре ќе биде телефонскиот разговор […]
______________________________________________________________________________________________________
06/06/2018 12:41
•
Posted by: MK News
Десетици илјади Грци во 25 градови се очекува денес да излезат на протест и да го “бранат” името Македонија, пишуваат грчките медиуми. Протестот во Пела, родното место на Александар Македонски, но и во другите градови низ државата ќе биде со цел да се алармира и предупреди грчката влада да не попушта во преговорите, пренесува “GreekReporter”. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/06/2018 12:38
•
Posted by: MK News
Денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 е прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите Александар Јаневски – Тошта, кој падна во судницата. Обвинителот Дарко Јакимовски, на почетокот на расправата рече дека се утврдени нови елементи со изнесувањето на новите докази на претходното рочиште, […]
______________________________________________________________________________________________________