19/07/2017 18:48
•
Posted by: MK News
Би-Би-Си објави денеска за првпат список за највисокоплатените „ѕвезди“ што покажа значителна разлика во примањата што ги добиваат мажи и жени. Британскиот медиумски сервис соопшти дека водителот Крис Еванс е најплатен со примања од 2,2 милиона фунти за година. Две третини од најплатените во Би-Би-Си се мажи, а жена со највисока плата е Клодија Винклман […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:46
•
Posted by: MK News
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот А.В. од село Стримница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 06 до 21 јуни 2017 година, пријавениот престојувал во хотел на Попова Шапка, каде направил сметка во износ од 65.190 денари. Кога на 21.06.2017 година, сакал да замине од хотелот, се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:44
•
Posted by: MK News
Познатиот новинар на РТЦГ Божо Брајковиќ и снимателот Игор Секулиќ загинаа вчера во жесток судар кој се случи на патот Подгорица – Колашин во местото Дромир. Како што се наведува, тие се наоѓале во возило „рено меган“, а до сударот дошло кога се судриле автомобил и камион, со регистерски ознаки БА АС 498. Возачот на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:44
•
Posted by: MK News
Одложено деактивирањето на бомбата тешка 130 килограми од втората световна војна која веќе 3 недели стои во индустриската зона во Штип. На меѓусебната координација помеѓу Центарот за Управување со кризи, АРМ и МВР беше договорено најдоцна до денес, среда, да биде детонирана на лице место, но, самите не си ја испочитуваа својата одлука. – Претставниците […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:41
•
Posted by: MK News
Собраниските служби добиле предлог за измена на Законот кој забранува пушење во локали. Предлогот е поднесен од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство. Во нивното образложение се вели дека овој предлог се поднесува по скратена постапка поради влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 17:02
•
Posted by: MK News
Голем пожар во селото Чашка, Општина Ѓорче Петров Голем пожар во атарот на с. Чашка, Општина Ѓорче Петров зафати борова и друга шума. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, П.С Ѓорче Петров ,вработени од ЈП „ Македонски шуми“ како и вработени од комуналните единици од општината. Во моментов, во гаснење […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:42
•
Posted by: MK News
Грчките спасувачи вчера попладне најпосле стигнаа до 30-годишниот романски алпинист, кој од саботата беше заглавен на карпа на 2.800 метри надморска височина, откако се изгубил при искачување на планината Олимп. Локаланите власти соопштија дека тој бил во добра здравствена состојба. Романецот во саботата вечер ги повикал спасувачките служби велејќи дека се заглавил на карпа и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:40
•
Posted by: MK News
Лошото време е единствената причина за падот на воениот транспортен авион кој минатиот месец се урна во Мјанмар, во Андамско Море, во Југоисточна Азија, заедно со 122 патници и членови на екипажот, соопшти денеска во Јангун, специјалната државна комисија која го испитуваше инцидентот. Авионот полетал од градот Мјелк, на крајниот југ на Мјанмар, кон главниот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:38
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство на јавна седница во Апелациониот суд побара притвор за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“, а одбраната на Трајковски бара да му се врати пасошот. Еден од аргументите на СЈО е тоа што градоначалникот добил три уредни покани за да даде исказ во СЈО, но тој не се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:14
•
Posted by: MK News
Американката Дорис Пејн, која има 86 години, е уапсена во еден хипермаркет на „Валмарт„ во американската сојузна држава Џорџија, за украден накит, чија вредност изнесува 86 долари. Пејн е позната како крадец на накит, бижутерија, храна, лекови и електронски предмети, од трговски центри и богато и разноврсно снабдени хипермаркети, на југот од САД. Нејзината криминална […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:05
•
Posted by: MK News
Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата „Игра на тронови”, којашто премиерно беше прикажана завчера, ги надмина сите рекорди на гледаност на ХБО мрежата. Преку многуте сервиси коишто ги пренесуваат ХБО каналите, првата епизода од седмата сезона ја гледале над 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премера на ХБО воопшто. За споредба, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:03
•
Posted by: MK News
Две деца на возраст од 17 и 15 години се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 23:10 часот се случила на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Од МВР информираат дека во несреќата учествувале моторцикл Трува и автомобил со скопски таблички кој по сообраќајката го напуштил местото. На двете деца им е укажана лекарска […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:55
•
Posted by: MK News
Жителка на Општина Ѓорче Петров во Скопје вчера пријавила дека во нејзината куќа настанал пожар во кој изгореле две соби. Во 16.21 часот во полициска станица Ѓорче Петров, И.С. пријавила дека на ул.„Мавровска“, настанал пожар во куќа, при што биле опожарени две соби. Од страна на бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:52
•
Posted by: MK News
Најголемата нискобуџетска авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа „Визер“ соопшти дека патниците од 29 октомври нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови. „За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:50
•
Posted by: MK News
Решавањето на спорот за името е високо на агендата на владата во Скопје и затоа има „нов импулс“ во напорите за решавање на проблемот, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), пренесе Алсат-М. – Владата во Скопје е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:46
•
Posted by: MK News
Активните пожари во Црна Гора се ставени под контрола. На аеродромот во Тиват синоќа пристигна украински противпожарен авион „АН 32Р“ со капацитет од 8.000 литри вода и утрово се вклучи во акцијата за гаснење пожари. Авионот со екипаж од девет лица и неопходниот персонал полета кон Црна Гора преку механизмот на НАТО за граѓанска помош. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:45
•
Posted by: MK News
Државната дума денеска изгласа Закон за задолжително положување заклетва при добивање на руско државјанство. Со Законот е предвидено и да им се одзема државјанството на лица осудени за тероризам и екстремизам, јави ТАСС. Согласно Законот, лицата лично ќе положуваат заклетва дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Руската Федерација. Со новиот Закон се надминуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:43
•
Posted by: MK News
Тропските горештини оваа година можат да бидат уште понеподносливи доколку не биде спречено глобалното затоплување, сметаат научници од американската независна организација „Climate Central“. Посебно загрижува списокот на десетте градови, во кои летните температури постојано се зголемуваат и се прогнозира таквите тенденции да продолжат до 2100 година. Првите три места на листата ги заземаат градови на […]
______________________________________________________________________________________________________