03/07/2017 15:32
•
Posted by: MK News
Авиокомпанијата „Етихад Ервејз“ од Абу Даби најави промени во пружањето на некои услуги на своите патници. Најзначајната промена која се очекува е укинување на бесплатните услуги за личен возач на патници од прва и бизнис класа на сите аеродроми освен на својот матичен аеродром во Абу Даби. Оваа услуга ќе остане достапна, но со доплата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:28
•
Posted by: MK News
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. Денеска е Св. Наум Охридски. Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:26
•
Posted by: MK News
Германската полиција соопшти дека денеска 31 лице се повредени, а 17 се водат за изчезнати кога на автопатот се запали автобус по судар со камион. Во автобусот имало 46 патници и двајца возачи. На самото место набрзо дошло амбулантно возило и хеликоптери со кои се транспортирани повредените. Автопатот А9 е затворен поради несреќата. Сударот се […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:25
•
Posted by: MK News
Напукнати ѕидови и расфрлани предмети од балконите се јасно видливи на фотографиите кој светскиот сервис за известување за земјотреси ги објави во врска со попладневниот земјотрес во Охрид кој беше со јачина од 5 степени и се почувствува дури и во Скопје. Преку социјалните мрежи охриѓани јавуваат дека во домовите им паѓале предмети закачени на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:23
•
Posted by: MK News
Младо момче (22) со иницијали Ј.А. од гостиварското село Градец претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија за Алсат од МВР. Нуркачки тимови го пронашле на 300 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри. Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:22
•
Posted by: MK News
Младо момче од Тетово претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија од МВР. Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата. Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:21
•
Posted by: MK News
Бугарските граѓани ќе имаат нови лични карти и пасоши од почетокот на 2018 година откако во Парламентот ќе помине второто читање на измените на Законот за бугарски лични документи, соопштија бугарските медиуми. Во новите лични карти и пасоши ќе има вграден електронски носител на информации – чип кој ќе содржи биометриски податоци на сопственикот како […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:19
•
Posted by: MK News
Денеска во 14 часот и 8 минути уште еден земјотрес е регистриран во Македонија. Потресот е со јачина од 3 степени по Рихтер и е регистриран на длабочина од 2 километри. Епицентарот на земјотресот е на 97 километри јужно од Скопје, односно 11 километри северно од Ресен и 9 километри северно од преспанското село Јанковец.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:17
•
Posted by: MK News
Уште два земјотреси, најверојатно „афтер-шокови“ се регистрирани во регионот на епицентарот на најсилниот земјотрес во Охрид од 5 степени. Според информациите, последниот бил регистриран во 14:08 со интензитет од 3 степени според Рихтер. Претходно во 13:47 бил регистриран уште еден земјотрес од 2,4 степени.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:16
•
Posted by: MK News
Претпладне на места значително облачно со услови за локален дожд.Ќе дува засилен ветер од северен правец, долж Повардарието на моменти ќе достигнува брзина од 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ=7 Следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. Утре повторно ќе дува повремено засилен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:15
•
Posted by: MK News
Основачот и сопственик на грчката компанија Антена груп, Минос Кирјаку на која припаѓаат и српските ТВ Прва, ТВ Б92 и Плеј Радио ненадејно почина во 75. година. Семејството Кирјаку издаде и соопштение за јавност во кое се наведува дека со „голема тага се простуваат од саканиот Минос кој почина наеднаш како последица од срцев удар […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:14
•
Posted by: MK News
По трите денешни земјотреси во Охрид, Точно во 13. 18 часот земјотрес го стресе и Скопје. Според грчките сеизмолози пои први го регистрираа земјотесот бил со јачина од 5,1 степен по Рихтер и бил на македонска територија, некаде во охридскиот регион. Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје при ПМФ регистрираа земјотрес со јачина од 5 […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Вчера неколку земјотреси го потресоа Охрид. Најсилниот со јачина од 4 степени според Рихтер се случи во 11.39 часот. Граѓаните на Охрид во изминативе две недели се вознемирени бидејќи на охридското тло се регистрирани повеќе од 800-ни земјотреси. Видеото е снимено вчера во охридски маркет, пренесува охридњуз, погледнете.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:30
•
Posted by: MK News
Во наредните месеци не треба да се очекува драматичен напредок во однос на прашањето за името, туку придвижување на процесот преку засилени контакти меѓу Македонија и Грција, истакна посредникот на ОН во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој додаде дека не дошол со нов предлог, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:28
•
Posted by: MK News
Времето денес сончево со умерена облачност, посвежо и ветровито. Претпладне на места значително облачно со услови за локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, долж Повардарието на моменти ќе достигнува брзина од 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ=7 Следува период на претежно сончево време со […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:24
•
Posted by: MK News
Игор Живановиќ (40) од Шимановце им подлегна на повредите во болницата во Пула кои ги здоби додека го спасуваше 12-годишниот син кој падна во море во Гортановиот гребен во Пула. Драмата се одиграма во четвортокот во 12.20 часот. Детето го сликало морето од карпа кога наеднаш паднало во вода. Живановиќ скокнал по своето дете и […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:20
•
Posted by: MK News
Поголем дел од хотелот „Кула Дамјанова“ во Плав во Црна Гора изгоре во пожар кој изби денеска околу 14 часот. Како што соопшти началникот на Службата за заштита и спасување Абидин Мусиќ, од хотелот останала само камената конструкција. Пожарот избил во еден од горните катови кои се направени од дрвени материјали. Пожарот брзо се проширил […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:15
•
Posted by: MK News
Прилепчанец се удави во Градскиот базен вчера во 13.35 часот, соопшти полицијата. Смртта на Г.К. (72) од Прилеп била констатирана од страна на лекар и настапила најверојатно од срцев удар. По наредба на ЈО, на 02.07.2017 година ќе се врши обдукција.
______________________________________________________________________________________________________